Свет
Џонсон го загуби клучното упориште во Лондон на локалните избори
Конзервативната партија на британскиот премиер Борис Џонсон го загуби своето традиционално упориште Вандсворт во Лондон на локалните избори во Англија, првпат по 44 години.
Конзервативците го контролираат советот во Вандсворт од 1978 година, а таа општина беше една од главните цели на опозициската Лабуристичка партија. Лидерот на локалната конзервативна партија Рави Говиндиа истакна дека гласачите ја казниле партијата поради кризата предизвикана од зголемените животни трошоци.
Изборите се прв тест за Џонсон откако тој стана првиот британски лидер кој го прекршил законот додека бил на функција. Тој плати парична казна минатиот месец за присуство на роденденска забава во неговата канцеларија во 2020 година, не придржувајќи се кон мерките за одржување физичка дистанца, воведени за да се спречи ширењето на Ковид-19.
„Овие резултати потврдуваат дека гласачите ги казнија конзервативците“, изјави Џон Куртис, професор по политички науки на Универзитетот Стратклајд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жена без искуство во летање приземјила авион откако нејзиниот сопруг – пилот доживеал срцев удар
Ивон Кинан-Велс, која немала искуство со летање, го приземјила авионот откако нејзиниот сопруг, пилотот Елиот Алпер доживеал срцев удар додека управувал со авионот од Лас Вегас до Монтереј, Калифорнија, соопшти Федералната управа за авијација.
Кога се случил инцидентот, во двомоторниот авион биле само двајцата, а Националниот одбор за безбедност на транспортот објавил дека покренал истрага за случајот, објави „УСА Тудеј“.
Кинан-Велс добила помош од контролорите на летање и принудно слетала на аеродромот Медоус Филд во Калифорнија, на повеќе од 320 километри оддалеченост од нејзината првобитна дестинација.
Алпер, кој доживеал срцев удар, бил итно пренесен во болница, а подоцна починал.
Свет
Цело семејство загина во пожар поради мобилен телефон во Шпанија, немале време да побегнат
Семејство трагично загина во пожар во Шпанија кој настанал од експлозија и горење на батерија на мобилен телефон кој се полнел на каучот.
Семејството трагично загинало откако останало заробено во пожарот во куќата. Станува збор за Хозе Антонио Рендон (47), неговата сопруга Антонио Идалго (56) и нивните двајца синови, Хозе Антонио (20) и Адријан (16).
Нивните соседи очајно се обидувале да ги спасат, но прозорците и вратите од куќата биле опремени со решетки за дополнителна безбедност. Локалните жители изјавија дека ги слушнале нивните повици за помош додека чадот ја зафатил терасата во Севиља.
Полицијата подоцна потврди дека причината за пожарот е поврзана со телефонот кој се полнел на каучот.
Како одговор на трагедијата, градското собрание прогласи тридневна жалост.
Според извештаите, соседите забележале дека нешто не е во ред веднаш по 8 часот утрото во неделата. Се претпоставува дека жртвите сè уште спиеле и немале време да избегаат поради дополнителните безбедносни мерки кои биле воведени во куќата. Телото на продавачот на овошје, Хозе Антонио, било пронајдено на катот, заедно со телото на неговата сопруга, додека нивните деца биле долу кога пожарникарите конечно успеале да влезат во куќата.
Портпаролот на Цивилната гарда во Севиља изјави: „Заклучивме дека пожарот бил предизвикан од експлозија на батеријата на мобилниот телефон што се полнел на приземјето, на каучот“.
„Секоја неочекувана смрт е драматична, но во овој случај многу повеќе поради околностите и фактот што четири члена од исто семејство ги загубија животите, двајца родители и нивните деца на возраст од 16 и 20 години“, изјави градоначалникот, Лоренцо Медина, за време на посетата на местото на трагедијата.
Еден пријател оддаде емотивна почит на Фејсбук.
„Хозе Антонио Рендон, Тони Идалго и нивните деца Хозе и Адријан. Колку е тажно што гледам како заминавте на таков трагичен начин! Нашите срца се скршени и нема зборови со кои може да се опише болката. Сигурен сум дека вашите души ќе бидат посреќни во прекрасното место каде што сите одиме на крајот од нашето прво патување, ова не е збогум, туку „се гледаме подоцна“, иако е тажно збогување“.
Неделниот пожар е втор најсмртоносен пожар во станбени простории во Шпанија оваа година. Во февруари, катастрофален пожар во два станбени блока во Валенсија уби 10 луѓе, а однесе животи на речиси 100 домашни миленици.
Во септември 2019 година, 14-годишната Алуа Асеткизи Абзалбек починала во сон, откако нејзиниот мобилен телефон, кој се полнел, и експлодирал на перницата додека спиела дома во Бастобе, Казахстан.
Свет
Бурата „Кирк“ предизвика хаос во Франција: 12 повредени, десетици евакуирани, бес струја 67.000 домови
Вкупно 12 лица се повредени како последица од ударот на бурата „Кирк“ во Франција, којашто оваа недела ја зафати целата земја, пренесоа француските медиуми,
Едно лице е тешко повредено кога неговиот автомобил бил однесен од пороен дожд во департманот Лоара-Атлантик, објави „БФМТВ“.
Црвеното предупредување или метеоаларм останува на сила во северните француски департмани Сен-Е-Марн и Ер-и-Лоар, соопшти националната метеоролошка служба Метео Франс.
Десетици луѓе се евакуирани од департманите Сена и Марна и Ер-и-Лоар, според „БФМТВ“, додавајќи дека оние кои немаат пристап до своите домови се привремено сместени во гимназии.
Според метеоролошката служба, овогодинешните врнежи во Франција веќе ја надминале нормата за 30 отсто.
Периодот од 1 јануари до 9 октомври бил највлажен од 1959 година, додека средата бил највлажниот ден во годината. Според податоците на електро операторот, поради невремето без струја останале околу 67.000 домови.
Жолтата метеоролошка тревога останува на сила во Париз, каде што е забележан најсилниот дожд од 1920 година. Кабинетот на градоначалникот на Париз соопшти дека нивото на водата во реката Сена се искачи на околу 2,7 метри и дека се очекува дополнително да се зголеми.
Бурата „Кирк“ се формираше на крајот на септември во централниот дел на Атлантскиот Океан југозападно од Кејп Верде.