Свет
Џонсон: Путин мора да пропадне
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека рускиот претседател Владимир Путин мора да пропадне. Џонсон вети дека Велика Британија ќе продолжи да врши максимален притисок врз Русија.
Активностите на Велика Британија и нејзините западни сојузници ќе се погрижат Владимир Путин да ги почувствува последиците од неговите постапки. Зборуваме со еден глас кога велиме – Путин мора да пропадне, рече Џонсон.
Тоа го кажа пред официјалната посета на Полска и Естонија, каде што ќе се сретне со лидерите на НАТО.
Џонсон рече дека двете земји се акутно погодени од руската инвазија и дека има заеднички вредности што се поважни од кога било да се заштитат бидејќи хуманитарната ситуација се влошува, пренесува Би-би-си.
Vladimir Putin needs to ‘withdraw his war machine’ from Ukraine, Boris Johnson says https://t.co/k1hvJI2A4z
— The Independent (@Independent) February 28, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Вакцината против рак на кожата го намали ризикот од смртност – лекарите задоволни од резултатите
Првата персонализирана мРНК-вакцина против рак на кожата во светот го преполови ризикот од смрт на пациенти или враќање на болеста.
Резултатите на Светскиот фонд за истражување на ракот за 2020 година покажуваат дека меланомот погодува повеќе од 150.000 луѓе годишно во светот. Сепак, првата персонализирана мРНК-вакцина против рак на кожата во светот го намали за половина ризикот од смрт на пациенти или болеста да се врати.
Пациентите што ја примиле вакцината, по отстранувањето на меланомот во стадиум 3 или 4, имале 49 отсто помал ризик од смрт или враќање на болеста по три години, покажуваат податоците презентирани на најголемата светска конференција за рак.
Примарниот истражувач на студијата, онкологот Џорџина Лонг, рече дека просечниот ризик од повторување по операцијата за групата пациенти со напреднат карцином е 50 проценти.
„Охрабрени сме од последните резултати. Овие наоди ја зајакнуваат нашата посветеност за унапредување на овој иновативен третман“, рече Кајл Холен, шеф на развој, терапија и онкологија во „Модерна“.
Позната како mRNA-4157 (V940), вакцината е специјално направена за секој пациент и му кажува на телото да ги убие сите преостанати клетки на ракот и да го спречи враќањето на болеста.
За време на операцијата на пациентот се отстранува примерок од тумор, по што следува секвенционирање на ДНК и употреба на вештачка интелигенција.
Професорот Чарлс Свантон, главен за истражување на ракот во Велика Британија, рече дека резултатите од испитувањето за меланом биле исклучително импресивни.
Илјадници пациенти во Англија бргу се вклучени во испитувањата на персонализирана вакцина против ракот во револуционерна, прва во светот, шема за „договори“ за спасување животи на NHS, пренесува „Кликс.ба“.
Европа
Холандија: Украина може да нападне цели во Русија со нашите борбени авиони
Министерката за одбрана на Холандија, Кајса Олонгрен, му порача на Киев слободно да ги користи борбените авиони „Ф-16“ што земјата има намера да ѝ ги донира на Украина за напади врз цели во Русија.
Имено, Холандија планира да испрати 24 борбени авиони „Ф-16“ во Киев.
Олонгрен во интервју за „Политико“ рече дека Холандија нема да воведе ограничувања за користење на авионите, како што е случајот со Белгија, каде што премиерот Александар де Кро го предупреди Киев да не ги користи нивните „Ф-16“ во рускиот воздушен простор.
„Нема ограничувања во белгиски стил. Кога ќе ги предадеме авионите на Украина, тие може да ги користат. Само бараме од нив да го почитуваат меѓународното право и правото на самоодбрана како што е наведено во Повелбата на ОН, што значи нивно користење за таргетирате воени цели за самоодбрана“, рече Олонгрен.
Олонгрен и американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, беа меѓу високите претставници што се сретнаа со украинскиот претседател Володимир Зеленски на конференцијата во Сингапур во неделата. Олонгрен ќе се повлече од функцијата министер за одбрана откако новата екстремно десничарска влада ќе положи заклетва. Таа рече дека се надева оти новата влада ќе продолжи да ги поддржува НАТО и Украина.
Свет
(Видео) Докторот плачел: на девојка од Газа и ја ампутирале ногата на трпезариска маса со обичен нож и без анестезија
Кон крајот на минатата година, лекар во Газа снимил страшна сцена – итна ампутација на нога која била извршена на трпезариска маса.
За да и го спаси животот на младата девојка морал со кујнски нож и без анестезија да и го отсече екстремитетот. Со себе имал само кофа и малку сапун.
На 19 декември 2023 година, 17-годишната Ахед Бсеисо се искачи на последниот кат од зградата во близина на болницата Ал Шифа во градот Газа за да се обиде да го повика нејзиниот татко, кој живее во Белгија, бидејќи таму сигналот е најдобар. Додека се обидувала да стигне до нејзиниот татко тоа утро, таа забележала големи израелски тенкови на улицата и одеднаш одекнала силна експлозија.
„Слушнав тресок и ѕидот се урна врз мене. Насекаде имаше прашина и на почетокот не можев да сфатам каде сум“, изјавила Ахед за „Скај њуз“. Нејзината мајка и роднините притрчале да помогнат. Успеале да ја извлечат од урнатините, но виделе дека едната нога и е скршена, а другиот во полоша состојба.
'He cut my leg off with a kitchen knife.'@Stone_SkyNews speaks to Ahed Bseiso from Gaza. A video of her amputation on a dining table went viral. No anaesthetic. No bandages. Just a bucket, some soap and a kitchen knife. https://t.co/5sX9t7bhob pic.twitter.com/0nBZiBffMb
— Sky News (@SkyNews) June 4, 2024
„Вујко зеде сапун од кујната и почна да ја чисти ногата. Потоа почна да плаче. Го прашав братучед ми дали ногата ми е добро, а тој само ми рече дека е подобро да не гледам надолу“, раскажува таа. Семејството ја однело Ахед по скалите до станот. Надвор се слушало пукање. „Немаше хируршка опрема. Вујко зеде сапун од кујната и почна да ја чисти ногата. Потоа почна да плаче“, се сеќава Ахед.
Вујкото, лекар, го легнал девојчето на масата во кујната и решил да изврши итна операција. Левата нога била тешко повредена, а десната потколеница на парчиња. Девојката очајно го молела својот вујко да не и ја ампутира ногата, но тој знаел што ја чека.
„Тој мораше да избере помеѓу спасување на ногата и мојот живот. Немаше анестезија, цело време бев свесна“, рече Ахед.
Вујкото ја снимил операцијата за да му покаже на светот какви ужаси се случуваат во Газа. Таа одлука на крајот го променила животот на младата девојка. Видеото го видела и Вафа Абед, која живее во мало американско гратче во Јужна Каролина.
Како и многумина прогонети Палестинци, Абед внимателно ја следеше ситуацијата во Газа. Кога наишла на видеото од ампутацијата, таа му рекла на својот син Тарек: „Мораш да ја извадиш оваа девојка. Само мораш“.
Тарек Хаилат, 27-годишен студент по медицина, неодамна почна да волонтира за Палестинскиот детски фонд за помош (ПЦРФ). Тој одлучи да ја извади Ахед од Газа. Но, успеа само по повеќе од еден месец и 17 неуспешни обиди.
Израел во неколку наврати ја одбиваше дозвола да ја напушти Газа, а медицинскиот конвој исто така беше нападнат. Кога Ахед пристигнала во САД, се нашла во малку непријатна ситуација – во земја која ја прифатила и ја спасила од ужасите на војната, но која во исто време и дава најголема поддршка на нацијата која и ги нанела повредите.
„Никогаш нема да ги заборавам луѓето кои дадоа се од себе за да ми помогнат. Но, не ми беше лесно да ја напуштам Газа и да заминам на лекување во земја која е можеби дури и поодговорна за мојата состојба од Израел“, рече таа.
Ахед има намера да замине во Јужна Каролина за целосно да се опорави, но сака да се врати дома што е можно поскоро. „Среќна сум и благодарена за оваа можност, но моето срце се уште е со семејството во северниот дел на Газа, што е најстрашното место на светот во моментов“, рече Ахед.