Свет
Нова снежна бура на североистокот на САД
Нова зимска бура со обилен снег и оркански ветер вчера вечерта го зафатија североисточниот дел на Соединетите Американски држави, предизвикувајќи големи пореметувања во воздушниот и патниот сообраќај и оставајќи без струја десет илјади семејства и деловни објекти.
Нова зимска бура со обилен снег и оркански ветер вчера вечерта го зафатија североисточниот дел на Соединетите Американски држави, предизвикувајќи големи пореметувања во воздушниот и патниот сообраќај и оставајќи без струја десет илјади семејства и деловни објекти.
Компаниите очекуваат масовни прекини во снабдувањето со електрична енергија поради силниот ветер кој ги руши дрвјата.Најсилен ветер и најобилен снег се прогнозира за денеска.
Повеќе од 30 сантиметри снег се очекува во делови од сојузните држави Пенсилванија, Њу Џерси и Њујорк., како и во деловите од регијата Нова Англија и Масачусетс, Мејн и Вермонт.
На западот на Мејн паднаа околу 30 сантиметри снег, а во Њујорк каде паднаа 20 сантиметри гранка од дрво во Централ Парк усмрти еден човек, една од трите жртви од невремето.Останатите две настрадаа во сообраќајни несреќи.Стотици летови се откажани во големите аеродроми на истокот на САД.
Националната метеоролошка служба објавила предупредување за силен ветер во поголемиот дел од источниот дел на САД, најавувајќи ветер со брзина од околу 50 километри на час, на моменти и до 90 километри на час.
На северниот дел од Њујорк, бурата која тоа подрачје ја зафати веќе во средата донесе до 60 сантиметри снег и остави без струја 150.000 семејства и деловни објекти.
Во Вермонт без струја останаа повеќе од 10.000 домаќинства, а околу 5.000 во Њу Џерси. Во Пенсилванија припадниците на Националната гарда спасиле 70 ученици од средно училиште на скијачкиот излет, кога автобус заглави во снег на патот Униондале. /крај/хи/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за Бед Бани: Најлош настап досега и навреда за американската величина
Претседателот на САД, Доналд Трамп, остро го критикуваше настапот на порториканскиот пејач Бед Бани на полувремето на Супербоул, нарекувајќи го „еден од најлошите во историјата“. Трамп, судејќи според објавата на неговата социјална мрежа Truth Social, беше особено вознемирен од настапот на шпански јазик.
Во долга објава, Трамп упати низа обвинувања за настапот.
„Шоуто на полувремето на Супербоул е апсолутно ужасно, едно од најлошите ДОСЕГА! Бесмислено е, навреда за американската величина и не ги претставува нашите стандарди за успех, креативност или извонредност. Никој не разбира ниту збор што го кажува овој човек, а танцувањето е одвратно, особено за малите деца што го гледаат низ САД и светот“, напиша Трамп.
„Ова ‘шоу’ е шлаканица за нашата земја, која секој ден поставува нови стандарди и рекорди! Нема ништо инспиративно во ова хаосно шоу, и ќе видите, ќе добие одлични критики од лажните медиуми затоа што немаат поим што се случува во РЕАЛНИОТ СВЕТ. И, патем, НФЛ треба веднаш да го промени своето смешно ново правило за почеток на натпреварот. ДА ЈА НАПРАВИМЕ АМЕРИКА ПОВТОРНО ГОЛЕМА! Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, заклучи тој.
Бед Бани, чие вистинско име е Бенито Антонио Мартинез Окасио, настапи на Супербоул само една недела откако ја освои наградата Греми за албум на годината за неговиот албум „DeBÍ TiRAR MáS FOToS“. Тој беше најслушаниот изведувач на Spotify во 2025 година, а според податоците на стриминг услугата, тој е на врвот на годишните плејлисти „Wrapped“ на корисниците четири години по ред.
Конзервативната организација Turning Point USA објави и организираше алтернативно шоу на полувремето за секој што не сакаше да го гледа Бед Бани. На тој настан, Кид Рок, познат како поддржувач на Трамп, настапи како главна ѕвезда. Организацијата, основана од покојниот активист Чарли Кирк, рече дека целта на „целоамериканскиот настап“ била да се прослави „американската вера, семејство и слобода“.
Европа
Москва: Полска е вмешана во обидот за атентат врз генералот
Руската разузнавачка служба ФСБ тврди дека обидот за атентат врз генералот Владимир Алексеев во петокот бил нарачан од Украинската безбедносна служба. ФСБ, исто така, вели дека полското разузнавање било вклучено во регрутирањето на напаѓачот, објави новинската агенција Интерфакс.
Не се понудени докази за тврдењата. Украина негира каква било вмешаност, додека Полска сè уште не ги коментирала обвинувањата. Во меѓувреме, руските безбедносни претставници објавија дека руски државјанин роден во Украина бил екстрадиран од Дубаи во Москва вчера. Тој е осомничен дека сериозно го повредил генералот Алексеев.
Алексеев, заменик-шеф на ГРУ, руската воена разузнавачка служба, бил застрелан во неговата станбена зграда во Москва во петокот и итно префрлен во болница. Руските истражители објавија во петокот дека непознат напаѓач испукал неколку куршуми кон генералот и избегал. Според Комерсант, Алексеев бил успешно опериран во саботата и се освестил, но сè уште е под медицински надзор.
Европа
Татко ја убил ќерката во Австрија, а потоа се самоубил: телата лежеле неоткриени со недели
Во Австрија, 51-годишен маж ја убил својата 19-годишна ќерка, а потоа извршил самоубиство, а злосторството останало неоткриено со недели.
Семејната трагедија излегла на виделина дури откако нивните тела биле пронајдени во одделни станови, пишува австрискиот „Хојте“.
Таткото и ќерката, двајцата од унгарско потекло, се сметале за исчезнати и биле пронајдени три дена откако нивното исчезнување било пријавено во полицијата.
Полицијата прво го пронашла голото тело на 19-годишната девојка, кое веќе било во напредна фаза на распаѓање, во станот во градскиот кварт Вимпасинг. На него немало надворешни повреди. Кратко потоа, таткото исто така бил пронајден мртов во својот стан, на десет минути пешачење, а состојбата на телото била слична.
Криминалистичката полиција претпоставува дека таткото ја убил својата ќерка пред неколку недели, најверојатно со задушување. Се верува дека веднаш потоа си го одзел животот. Не е пронајдена самоубиствена порака, па затоа нема веродостојни информации за мотивот. Сепак, истражителите се сомневаат дека болеста или инвалидитетот на ќерката можеби одиграле улога.
Злосторството е откриено на 26 јануари, а полицијата сега смета дека е решено. Доказите собрани на местото на настанот, како и обдукцијата, ја исклучија вмешаноста на трети лица.

