Свет
Важен баскиски сепаратист уапсен во Франција
Водач на баскиската сепаратистичка организација ЕТА е уапсен во Франција, во нормандиското село Кахан, соопшти шпанскиот министер за внатрешни работи.
Водач на баскиската сепаратистичка организација ЕТА е уапсен во Франција, во нормандиското село Кахан, соопшти шпанскиот министер за внатрешни работи. Ибон Гогеаскотеа е уапсен заедно со двајца припадници на сепаратистичката група во заедничка акција на француските и шпанските власти. Тројцата уапсени предизвикале сомнеж откако изнајмиле куќа со лажни документи и користеле возила со лажни регистарски таблички. Гогеаскотеа се смета за еден од најважните членови на сепаратистичката ЕТА, одговорна за над 900 убиства од нејзиното формирање. /крај/афп/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина доби 1,1 милијарда долари од Меѓународниот монетарен фонд
Украина доби 1,1 милијарда долари од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), пари што ќе бидат насочени кон клучните буџетски трошоци, објави украинскиот премиер Денис Шмихал.
Ова е шеста исплата на пари за Украина во рамките на програмата за продолжени кредити на ММФ, со што вкупната помош од ММФ за Украина достигна 9,8 милијарди долари.
Надворешното финансирање, како што се 15,6 милијарди долари што ММФ ѝ ги додели на Украина во период од четири години, е од клучно значење за Киев бидејќи буџетот на земјата е под зголемен притисок поради војната со Русија, пишува „Киев индипендент“.
Свет
Кинескиот суд го осуди на условна смртна казна мажот што влета со автомобил во пешаци
Кинескиот суд му изрече условна смртна казна на маж кој минатиот месец влета со својот автомобил во група пешаци, деца и родители во јужната провинција Хунан.
Хуанг Вен беше уапсен откога повреди 30-ина лица, меѓу кои и деца, се вели во соопштението на Средниот народен суд во Чангде.
Цензорите ги отстранија видеата од нападот од социјалните мрежи, а само кратки изјави од државните медиуми беа искористени за известување за случајот.
Нему му е изречена смртна казна со одлагање од две години, која вообичаено се заменува со доживотен затвор доколку осудениот не стори повеќе кривични дела во периодот.
Судот наведе дека обвинетиот на 19 ноември со својот автомобил влетал во толпа пешаци бидејќи претходно изгубил пари, па ја извадил својата фрустрација на минувачите.
Тој е уапсен на самото место кога се обидел и со оружје да нападне пешаци.
Свет
Дмитриј Песков: Сè уште нема вистински обиди да се организира средба меѓу Путин и Трамп
Нема предуслови за организирање средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Сè уште немаше вистински обиди да се организира средба меѓу Путин и Трамп“, рече Песков на прашањето дали постои можност за средба уште пред инаугурацијата на Трамп, пренесува ТАСС.
На неодамнешната телефонска прес-конференција претседателот на Руската Федерација изрази подготвеност да разговара со новоизбраниот американски претседател.