Свет
Без изненадувања на изборите во Таџекистан

На денешните парламентарни избори во Таџекистан се очекува дополнително зацврстување на власта на претседателот Рамон Емомалиј.
На денешните парламентарни избори во Таџекистан се очекува дополнително зацврстување на власта на претседателот Рамон Емомалиј.
Тој е на власт во државата веќе 18 години, а во политиката го внесе и неговиот син, кому му се отвара патот да го наследи својот татко.
И покрај тоа што не се очекуваат големи промени во изборните резултати, вниманието е насочено кој 23 годишниот претседателски син Рустам Емомалиј.
Тој се кандидираше за место во градското собрание на престолнината Душанбе, што претставува прв чекор за евентуалното наследување на претседателското место на својот татко/крај/хи/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кина воведува безвизен режим за Русите до 30 дена

Кинеските власти ќе воведат безвизен режим за руските граѓани до 30 дена од 15 септември, објави денес портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џијакун.
Како што изјави, од 15 септември 2025 година до 14 септември 2026 година ќе важи пробна политика за безвизен режим за руските граѓани што имаат обични пасоши, пренесува „Танјуг“.
Според него, Русите може да ја посетуваат Кина без виза за бизнис, туризам, посета на роднини или пријатели или размена на посети до 30 дена.
„Под стратешко водство на двајцата шефови на држави кинеско-руските односи одржуваат високо ниво на развој. Кина придава големо значење на интензивирањето на размената меѓу народите на двете земји, го поддржува зајакнувањето на соработката меѓу нив и дава позитивен придонес во развојот на сеопфатно стратешко партнерство и координација меѓу Кина и Русија во новата ера“, рече Гуо, пренесува ТАС.
Во оваа пригода тој исто така рече дека руските пријатели се добредојдени да ја посетуваат Кина што е можно почесто.
Фото: принтскрин
Свет
Трамп вечерва ќе се обрати до јавноста

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва ќе се обрати до јавноста од Овалната соба на Белата куќа. Обраќањето е закажано за вечерва во 20 часот по македонско време. Сè уште не е познато за што ќе зборува претседателот на САД.
❗️🇺🇸Trump will make an announcement today at 2:00 p.m. — White House press service pic.twitter.com/76a7jDK0fa
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) September 2, 2025
Да потсетиме, украинскиот претседател Володимир Зеленски пред три дена потсети дека американскиот претседател ѝ дал на Москва неколку недели да преземе чекори во преговорите, вклучително и да се согласи на билатерален состанок со Украина, пред да се врати на идејата за санкции. Тој рок од две недели истече вчера.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави на 22 август дека Владимир Путин ќе се сретне со Володимир Зеленски дури кога ќе биде подготвена програмата на самитот и дека засега нема такви планови.
фото: принтскрин
Свет
Очајна потрага по преживеани во Авганистан: хеликоптери летаат над урнатините, селата целосно затрупани по земјотресот

Спасувачките екипи користат хеликоптери за да бараат преживеани во источен Авганистан, каде што силен земјотрес со магнитуда од 6,0 степени во неделата одзеде најмалку 800 животи и повреди речиси 1.800 луѓе. Многумина сè уште се затрупани под урнатините на куќите во планинските села во близина на границата со Пакистан.
Тешкиот терен и затрупаните патишта ги отежнуваат спасувачките операции, па само во понеделникот беа извршени 90 хеликоптерски летови во покраината Кунар. Некои хеликоптери не можеа да слетаат поради недостапните долини.
Повредените беа префрлени во болницата во Џалалабад, која веќе е преоптоварена со пациенти.
Преживеаните се сведоци на трагедијата – родители што ги извлекоа своите деца од урнатините сами и семејства што изгубија неколку члена. „Цели села се срамнети со земја, многумина сè уште се затрупани“, изјави еден локален жител за Би-би-си.
Талибанската влада апелира за меѓународна помош. ОН одобри средства за итни случаи, а Велика Британија најави помош од милион фунти преку Црвениот крст и УНФПА. Индија испрати шатори и храна, а дополнителна поддршка ветија Кина и Швајцарија.
Катастрофата го погоди Авганистан во време кога земјата се соочува со суша, глад и намалена меѓународна помош. „На преживеаните итно ќе им треба сместување, засолниште и ќебиња“, соопшти Канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања (OCHA).
Фото: принтскрин