Свет
Јанукович: Европската интеграција е приоритет за Украина
Новиот украински претседател Виктор Јанукович, денеска во Брисел изјави дека европската интеграција е приоритет за неговата земја“.
Новиот украински претседател Виктор Јанукович, денеска во Брисел изјави дека европската интеграција е приоритет за неговата земја“. „За Украина европската интеграција е клучен приоритет во надворешната политика“, изјави Јанукович по средбата со претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо. Тој вети дека во иднина ќе ја гарантира доставата на руски гас до европските земји, што, поради несогласувањата меѓу Киев и Москва, повремено беше во прекин минатите години. „Подготвени сме да ги исполниме обврските во врска со непрекината достава на гас кон Европа“, изјави Јанукович. Посетата на Брисел е прва дипломатска активност на Јанукович надвор од границите на Украина, откако минатата недела официјално ја презеде функцијата. /крај/бгнес/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

