Свет
Фатен брод на сомалиски пирати
НАТО денеска соопшти дека морнарицата на Алијансата фатила голем брод на сомалиските пирати во Индискиот океан, долж брегот на Сомалија
НАТО денеска соопшти дека морнарицата на Алијансата фатила голем брод на сомалиските пирати во Индискиот океан, долж брегот на Сомалија.
Дански воен брод успеал да го фати еден од најголемите пиратски бродови, кој бил користен за превоз на пирати во областите, каде грабнуваат бродови.
Портпаролот на НАТО Шона Лоу, како што јавија агенциите, прецизираше дека акцијата била изведена во неделата во водите на Индискиот океан./крај/бт/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

