Свет
Десетици летови во САД откажани поради најавите за снежна бура

Неколку десетици летови на американските авионски компании утринава беа откажани или одложени поради најавите за снежно невреме во државите Алабама, Џорџија, Тенеси, Јужна и
Неколку десетици летови на американските авионски компании утринава беа откажани или одложени поради најавите за снежно невреме во државите Алабама, Џорџија, Тенеси, Јужна и Северна Каролина.
Националниот центар за метеорологија предупреди дека е можно формирање на снежна покривка во североисточна Џорџија, Атланта, северен Тенеси и Каролина.
Најмногу летови, дури 58 откажа компанијата Ер Тран Ервејс со крајна и почетна дестинација од Атланта, соопшти првиот човек на компанијата Кристофер Вајт.
Компанијата Делта Ерлајнс пак до последен момент калкулираше со своите летови во очекување да се подобрат временските прилики, соопштувајќи на својата веб – страница дека снежно невреме може да ги одложи летовите од и кон Атланта.
Оваа компанија за некои патници ја понудила и можноста за одложување на летот без дополнителни давачки, но со можност цената на картата да порасне./крај/цнн/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ердоган: Турција е еден од епицентрите на „мировната дипломатија“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека Турција не е само извор на стабилност во нејзиниот регион, туку и еден од епицентрите на „мирната дипломатија“.
На состанокот на парламентарната група на неговата Партија, Ергодан рече дека регионот на Блискиот Исток минува низ тежок процес на тензии и војни, како и други различни делови од светот, нагласувајќи дека Турција се обидува да придонесе за мирот и правдата надвор од нејзините граници, јави Анадолија.
„Како Турција, работиме на воспоставување клима на мир која обезбедува доверба и мир на сите страни на светот, особено на угнетените земји“, рече Ердоган, пренесува Танјуг.
Свет
Зеленски: Сѐ зависи од Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина покажала подготвеност за прекин на огнот и дека сега очекува одговор од Русија.
„Сè зависи од тоа дали Русија сака примирје и мир или сака да продолжи да убива луѓе“, рече Зеленски во говорот од Киев.
Неговите изјави доаѓаат откако Киев, по преговорите со САД, се согласи на 30-дневно примирје.
„Украина јасно ја кажа својата позиција. Денес Русија мора да одговори на тоа“, додаде тој.
Претходно ,Зеленски му испрати порака на Трамп.
„Сакаме да ставиме крај на оваа војна“, рече Зеленски. „И ние сакаме американскиот претседател да го види тоа. Сакам американскиот народ да го види и почувствува тоа“.
Зеленски нагласи дека сака да го искористи евентуалното 30-дневно примирје со Русија како можност за создавање постојан мировен план.
„Многу е важно да бидеме слушнати за секој да има право да ги изразува и споделува клучните приоритетни прашања“, рече тој.
Тој додаде дека не слушнал ништо за наводната втора покана во Белата куќа за уште една средба со Доналд Трамп.
Претходно денеска, Москва соопшти дека ќе го почека извештајот од американски официјални претставници пред да го коментира предлогот за прекин на огнот. Во меѓувреме, Вашингтон потврди дека денеска ќе разговара со Москва, според медиумите во светот.
Свет
Пукање на аеродромот во Чикаго: маж добил прострелни рани

25-годишен маж е застрелан утрово пред терминалот на меѓународниот аеродром во американскиот град Чикаго по расправија меѓу неколку лица, соопшти полицијата.
Тој добил две прострелни рани во долниот дел од телото, се наведува во соопштението на полицијата во Чикаго.
Chicago, IL: One person has been wounded after a shooting at @fly2ohare outside of Terminal 2 -Lower Level. Access to the area is closed to all traffic at this time. #BreakingNews #ORD #Chicago pic.twitter.com/0rmHWu59Lf
— Captured News (@CapturedNews) March 12, 2025
Како што е наведено, тој е префрлен во болница и е во стабилна состојба, пренесува АП.
Пукањето се случило на улицата надвор од терминалот 2, а извештајот на локалната телевизија покажал скршен прозорец во близина на просторот за земање багаж.
Според агенцијата, авиокомпаниите што го користат терминалот 2 ги вклучуваат JetBlue, Air Canada и Alaska Airlines.