Свет
Ирак со најголем извоз на нафта од 1990 година
Ирачкиот извоз на нафта во февруари достигна највисокo ниво од 1990 година кога Садам Хусеин го нападна Кувајт, соопшти портпаролот за нафтени работи во земјата Асем Џихад.
Ирачкиот извоз на нафта во февруари достигна највисокo ниво од 1990 година кога Садам Хусеин го нападна Кувајт, соопшти портпаролот за нафтени работи во земјата Асем Џихад.
„Извозот на нафта во февруари достигна до 2 милиони барели дневно и ова е најголемото ниво на извоз од 1990 година“, истакна Џихад и додаде дека „ова е чекор кон целите за оваа година за извоз од 2,15 милиони барели дневно“.
Ирак произведува речиси 2,4 милиони барели нафта дневно, вклучувајќи и за внатрешна употреба. Ирак е на трето место за производство на нафта, зад Саудиска Арабија и Иран.
Ирак во ноември потпиша договор со странски фирми за развој во нафтената трговија, а целта е зголемување на производството на 10 до 12 милиони барели нафта дневно. /крај/бг/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

