Свет
Десетици бродови заробени во мраз во Балтичкото море
Околу 30 до 40 бродови од кои дел товарни а дел патнички во четврток беа заробени во мраз недалеку од крајбрежјето во Шведска, соопшти локалната спасувачка служба во Гетеборг.
Околу 30 до 40 бродови од кои дел товарни а дел патнички во четврток беа заробени во мраз недалеку од крајбрежјето во Шведска, соопшти локалната спасувачка служба во Гетеборг.
Подрачјето на Балтичкото море, остана оковано во мраз по поларната зима што ги зафати скандинавските земји во последните две недели. Најмногу мраз е регистриран во централниот дел од Шведска, архипелагот околу Стокхолм, како и островот Ааланд, соопшти Томи Гардебринг, портпарол на шведската поморска служба.
“Температурите во северниот дел од Балтичкото море се далеку пониски од нормално, но сепак нивото на мраз е очекувано за ова време од годината. Во најзагрозените подрачја, мразо-кршачите кои нормално работат не можеа да се справат со мразот, па затоа ќе испратиме дополнителни бродови“-додаде Гарденбринг.
Не постои опасност по безбедноста на бродовите, но сепак ја зголемивме готовноста, бидејќи мразот ги притиска страничните делови на бродовите-истакнал Гарденбринг.
Неколку патнички бродови од компанијата Викинг Лајн беа заглавени, а еден е веќе ослободен, соопштија извори од компанијата.
Се очекува голем дел од бродовите да бидат ослободени денеска./крај/цнн/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Романија од Нова година затвора 30 контролни пунктови поради пристапувањето во Шенген
Романското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека во врска со целосното влегување на земјата во Шенген зоната, од почетокот на следната година ќе престанат да работат 30 гранични премини со другите земји-членки на ЕУ.
Како што објави романскиот портал Диги24, Министерството објави дека од 1 јануари 2025 година земјата ќе ги затвори копнените премини на границата со Унгарија и Бугарија.
Како што е најавено, проверките по случаен избор на документи на границите ќе продолжат да бидат можни.
Свет
(Видео) Објавена снимка од авионот непосредно пред падот, се слушаат молитвите на патниците
Триесет и осум лица загинаа денеска кога азербејџански патнички авион се урна во близина на Актау, Казахстан, изјави казахстанскиот вицепремиер Канат Алдабергенули Бозимбаев.
Бозимбаев зборуваше во интервју за казахстанската новинска агенција Тенгрињуз за време на состанокот со истражителите на местото на несреќата.
Тој рече дека преживеале 29 патници од авионот на Азербејџан ерлајнс, од кои некои се тешко повредени.
Видеата покажаа како авионот од Азербејџан се урнал од мала височина покрај брегот на Каспиското Езеро, не успевајќи да стигне до блискиот аеродром Актау.
One of the passengers on Azerbaijan Airlines Flight 8243 sent a video to his wife just minutes before the crash.
In the video, passengers are heard praying and some oxygen masks are already down. pic.twitter.com/dGqnyXSPGU
— BNO News Live (@BNODesk) December 25, 2024
Tengrinews објави видео од кабината каде што се гледа како горат маските за кислород, се слуша викање на патници и човек кој неколку пати извикувал „Алаху Акбар“ (Господ е најголем).
Свет
Захарова: НАТО се обидува да ја претвори Молдавија во центар за снабдување на Украина со оружје
Руското Министерство за надворешни работи денеска го обвини НАТО дека се обидува да ја претвори Молдавија во логистички центар за снабдување на украинската армија и дека се обидува да ја приближи својата воена инфраструктура до Русија.
Портпаролката на Министерството, Марија Захарова, на брифинг со новинарите изјави дека мнозинството од населението на Молдавија не сака таа земја да влезе во Алијансата, пренесува РИА.
Зборувајќи за ситуацијата во Придњестровје, Захарова укажа на тврдењата на руските разузнавачки служби, според кои претседателката на Молдавија, Маја Санду, се подготвува за војна.