Контакт

Свет

Русија претстави план за спасување на автомобилската индустрија

Објавено пред

Руската влада претстави план за спасување на автомобилската индустрија, кој предвидува вложување од 20 милијарди долари во наредните десет години.

Руската влада претстави план за спасување на автомобилската индустрија, кој предвидува вложување од 20 милијарди долари во наредните десет години.

„Наша цел е државата да има модерна автомобилска индустрија, која ќе содржи синџир на производство од делови па се до конечни производи“, изјави премиерот Владимир Путин по средбата со министерот за индустрија Виктор Кристенко.

Путин нагласи дека е потребен голем напор со цел  руската автомобилска индустрија да стане конкурентна на светскиот пазар.

Рускиот автомобилски пазар, кој пред кризата имаше огромни потенцијали, доживеа пад во минатата година од 49 отсто.

Кризата најтешко го погоди гигантот Автоваз, кој ја произведува познатата Лада. Оваа фабрика која има над 100.000 вработени се најде на раб на банкрот. /крај/х/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Хрватска 4.080 новозаразени со коронавирус, 48 починати

Објавено пред

Во изминатите 24 часа беа евидентирани 4.080 нови случаи, така што бројот на моментално болни (активни случаи) во Хрватска денес е 22.408. Меѓу нив, 2.240 пациенти се во болница, од кои 266 се на апарати за дишење. Во изминатите 24 часа оздравеле 3.349 лица, а тестирани се 11.091.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 119.706 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 4.080 во изминатите 24 часа.

Закрепнале 95.698, од кои 3.349 во изминатите 24 часа. Во изминатите 24 часа починале 48 лица, досега вкупно 1.600 лица. До денес се тестирани вкупно 724.820 лица, од кои 11.091 во последните 24 часа.

Во моментов има 51.514 лица во самоизолација.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Словенија 1.609 новозаразени, 48 починати и рекорден број хоспитализирани

Објавено пред

Во Словенија, во последните 24 часа се регистрирани 1.609 нови случаи на коронавирус, а 48 лица починаа. Исто така, евидентиран е рекорден број хоспитализирани пациенти.

Тестирани се 6.587 лица, што значи дека стапката на позитивност е 24,4 проценти, пренесува СТА.

Хоспитализирани се 1.324 пациенти, а бројот на оние кои се на интензивна нега е 206. Во исто време, 98 лица се отпуштени од болници.

Од почетокот на пандемијата, 72.662 лица биле заразени, а 1.293 пациенти починале.

Прикажи повеќе...

Европа

Шкотската премиерка: Сакаме нов референдум за независност следната година

Објавено пред

Шкотската премиерка Никола Старџен се залага за одржување нов референдум за независност следната година, објави „Тајмс“.

Лидерката на Шкотската национална партија (СНП), која се залага за независност на Шкотска, рече дека претпоставува дека гласањето ќе се одржи во најраниот период од мандатот на новиот шкотски парламент, кој започнува следната година, пренесува „Ројтерс“.

„Шкотска треба да има шанса да избере дали ќе стане независна порано отколку подоцна“, рече таа за ИТВ бордер.

На референдумот во 2014 година 55% од Шкотланѓаните гласаа против независноста, но Брегзит и начинот на кој британската влада управува со кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19 доведоа до посилна поддршка на независноста во Шкотска, покажуваат најновите анкети.

Изборите за шкотскиот парламент се одржуваат во мај, и се очекува дека СНП ќе забележи добар резултат.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

„Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство,...

Свет56 минути

Трамп: Испораката на вакцина против коронавирус започнува следната недела

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека испораката на вакцина против коронавирус ќе започне следната недела, пренесува „Ројтерс“. Во разговор со...

Свет2 часа

Истражување: Тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба,...

Свет2 часа

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот...

Свет3 часа

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, изјави дека нема да прими вакцина против коронавирусот. Тој во видеообјава преку социјалните мрежи вели дека...

Спорт3 часа

Погребан Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата е погребан во Буенос Аирес. Илјадници навивачи низ улиците на...

Свет3 часа

За еден ден потврдени повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид-19 се потврдени за еден ден во светот, објави Светската здравствена организација (СЗО), со...

Свет3 часа

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Свет3 часа

Милиони Американци отпатувале на семејни средби за Денот на благодарноста и покрај предупредувањето да не се групираат

Mилиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа...

Македонија15 часа

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија16 часа

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија17 часа

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа17 часа

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Регион19 часа

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21...

Македонија19 часа

На вработените во МВР ќе им бидат исплатени заостанатите бонус плати за 2017 и 2018 година

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше он лајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот...

Македонија21 час

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основач и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски, во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ...

Македонија22 часа

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани...

Македонија22 часа

На Клиниката за уво, нос и грло од денеска ќе се примаат пациенти заразени од коронавирус

Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде што ќе...

Македонија1 ден

Ѓоргиев за „Дојче веле“: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ1 ден

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Досие