Контакт

Свет

Тензии на релација Турција – САД поради геноцидот врз Ерменците

Објавено пред

Турција го повлече својот амбасадор од Вашингтон, откако Комитетот за надворешна политика на американскиот Конгрес, го оцени како геноцид, масакрот врз Ерменците за време на Првата светска војна во тогашното Османлиско царство.

Турција го повлече својот амбасадор од Вашингтон, откако Комитетот за надворешна политика на американскиот Конгрес, го оцени како геноцид, масакрот врз Ерменците за време на Првата светска војна во тогашното Османлиско царство.

Одлуката на Комитетот е донесена наспроти барањето на администрацијата на Обама тоа прашање да не се разгледува.

За необврзувачката резолуција гласаа 23 членови на Комитетот, додека 22-ца беа против.

Резолуцијата е во врска со мрачниот период на турската историја во која кога пред распаѓањето на Отоманското царство биле убиени над 1,5 милиони Ерменци, за да се спречи создавање на независна ерменска држава.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе има сериозни последици по турско-американските односи и процесот на приближување со Ерменија.

„Ја осудувам таа законска мерка која го осудува турскиот народ за злосторство кое не е направено“ се истакнува во соопштението.

Ерменија, пак, ја поздрави резолуцијата.

Турција, како правна наследничка на Османлиското царство, признава дека за време на Првата светска војна силите на Отоманската империја убиле голем број Ерменци, но не прифаќа, како што тврди Ереван, дека станува збор за 1,5 милиони лица и не се согласува убиствата да се категоризираат како геноцид. /крај/дв/фф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Бајден: Присуството на Трамп на инаугурацијата е важно за САД

Објавено пред

Новоизбраниот американски претседател, Џо Бајден изјави дека е важно претседателот Доналд Трамп да присуствува на инаугурацијата за да ја покаже посветеноста на нацијата за мирен трансфер на власта меѓу политичките ривали.

„Тоа е целосно негова одлука“, изјави Бајден синоќа за Си-Ен-Ен.

Бајден наведе дека одлуката на Трамп нема да има последици врз него, но важно е да присуствува поради САД.

Бајден изрази надеж дека Трамп ќе дојде на инаугурацијата и со тоа ќе им даде пример на демократските процеси на другите земји.

Опкружувањето на Трамп, кој тврди дека победил на изборите, изрази скептицизам дека претседателот ќе присуствува на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари.

Прикажи повеќе...

Свет

„Модерна“: Околу 100 милиони вакцини против корона ќе бидат достапни на почетокот на годината

Објавено пред

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека очекува да може да испорача меѓу 100 и 125 милиони дози на експерименталната вакцина против коронавирусот во првиот квартал на 2021 година.

Компанијата во четвртокот рече дека 85 до 100 милиони од овие дози ќе бидат достапни во САД, а од 15 до 25 милиони во странство, пренесува Ројтерс.

Модерна планира да произведе до милијарда дози вакцини за светот во 2021 година.

Прикажи повеќе...

Регион

Србија воведе нови строги мерки

Објавено пред

Српската влада објави нови епидемиолошки мерки и ограничувања на денот кога бројот на новозаболени од коронавирус и бројот на хоспитализирани пациенти речиси се изедначени.

Денес, српските здравствени власти пријавија 7.802 новозаразени и 7.726 пациенти во болница, од кои 288 на апарати за дишење. Како резултат на инфекцијата, во последните 24 часа починале 61 лице.

Владата на Србија на денешната седница ги усвои последните препораки на Кризниот штаб, кои ќе стапат во сила в петок и подразбираат ново намалување на работното време на угостителските објекти.

Кафулињата, рестораните, баровите, ноќните клубови и сплавовите ќе бидат затворени од петок во 17 часот до понеделник во 5 часот наутро, без исклучок, а работното време од понеделник до петок ќе биде од 5 до 17 часот.

Испораката на храна ќе биде можна 24 часа на ден, а трговските центри, продавниците за облека, обложувачнците, казината, игротеките, исто така ќе бидат затворени од петок во 17 часот до понеделник во 5 часот наутро.

Фризерските и салоните за убавина, салоните за нега, спортските сали, фитнес-центрите, базените, бањите, балоните за фудбал, кошарка и тенис, како и просториите за кој било друг рекреативен спорт, нема да работат за време на викендот.

Продавниците за храна, малопродажните објекти и трафиките во кои не се влегува при купување, односно работат со шалтерски принцип, може да бидат отворени за време на викендите, но само до 21 часот.

Покрај аптеките, исклучок за работење се и бензинските пумпи, кои ќе работат нонстоп, секој ден, без ограничувања.

Рестораните и баровите во рамките на хотелите и приватното сместување може да даваат услуги само и исклучиво на регистрирани и пријавени гости до 21 часот секој ден.

Ординациите и лабораториите што обезбедуваат медицински услуги ќе бидат отворени цел ден, вклучително и за време на викендите.

Српската влада наведе дека мерките се донесени со цел да се сведат социјалните контакти на апсолутен минимум, а спроведувањето на мерките ќе биде контролирано од инспекциите и полицијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 минути

„Модерна“: Околу 100 милиони вакцини против корона ќе бидат достапни на почетокот на годината

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека очекува да може да испорача меѓу 100 и 125 милиони дози на експерименталната вакцина...

Европа13 часа

Шведска ги отфрла препораките на СЗО, тамошните експерти велат дека маски не се потребни

Сè уште нема потреба да се носат маски во Шведска, изјави денес водечкиот здравствен службеник во оваа скандинавска земја со...

Македонија15 часа

Заев: Да профитираме од извоз на сушен цвет од канабис, а дома да ја легализираме марихуаната

Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојнит дроги...

Македонија15 часа

1.342 новозаразени од Ковид-19, починаа 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.399 тестирања, а регистрирани се 1.342 нови случаја на...

Македонија16 часа

МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА бараат во преговорите со Бугарија да не се погази достоинството на народот

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) истапија со...

Македонија19 часа

Се спушта возрасната граница за лична асистенција од 18 на шест години за деца со попреченост

На барање на семејствата на децата со попреченост ја намалуваме возраста кога личната асистенција станува законско право – од сегашните...

Домашен19 часа

Град Скопје го награди младиот боксер Ардијан Аземи со 100.000 денари

Град Скопје го награди со 100.000 денари младиот Ардијан Аземи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во бокс за...

Топ19 часа

Сандаци со куршуми од Втората светска војна пронајдени кај Машката плажа во Струга

Четири лимени сандаци со куршуми биле пронајдени при ископ во близина на Машката плажа во Струга. СВР Охрид соопшти дека...

Свет20 часа

Обама, Буш и Клинтон пред камера ќе се вакцинираат против коронавирус

Поранешните претседатели на САД, Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон, ќе примат вакцина против коронавирус пред камера за...

Свет21 час

Чешка го укина полицискиот час, се отвораат сите продавници и ресторани

По повеќе од еден месец строги мерки поради пандемијата на коронавирус, Чешка го укина полицискиот час. Од денеска се отворени...

Македонија21 час

„Политико“: Вархеји и ЕПП не се доволно остри кон Борисов и Софија за блокадата за Македонија

Еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји беше премногу мек кон Софија, а Европската народна партија (ЕПП) не беше доволно...

Свет21 час

Генералниот директор на „Бајонтек“: Веруваме дека ова е почеток на крајот на пандемијата

Угур Сахин, генералниот директор на компанијата „Бајонтек“, која заедно со „Фајзер“ ја разви единствената вакцина што е пуштена на пазарот,...

Регион22 часа

Руската вакцина „Спутник 5“ на проверка во Србија

Русија денеска ќе достави 20 дози од својата вакцина против коронавирус „Спутник 5“ до Српската агенција за лекови и медицински...

Топ22 часа

Притвор за скопјанец кој крадел oд викендички во Гази Баба

Триесет и седумгодишен скопјанец со иницијали А.Ф., за кого е распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Гази Баба, е...

Европа23 часа

Германски експерти: Вакцинацијата може да потрае некое време

Експертите од германскиот државен епидемиолошки институт „Роберт Кох“ предупредија на прекумерна еуфорија поради вакцината за коронавирус, наведувајќи дека поради различни...

Свет23 часа

Пандемијата ќе има негативно влијание на фертилитетот во Европа, предупредуваат експертите

„Време е да станете мајка“, гласи пораката што стотици Португалки ја добија на своите мобилни телефони минатиот месец. Пораката испратена...

Свет24 часа

Франција ќе проверува џамии поради екстремизам

Француската влада во борбата против верскиот екстремизам ќе преземе низа акции, масовни и без преседан, меѓу кои и проверка на...

Регион1 ден

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер утрово го погоди југоистокот на Турција. Управата за катастрофи и вонредни...

Европа1 ден

Белгија планира да почне со вакцинација од 5 јануари

Белгија планира да почне со вакцинација на 5 јануари доколку се одобри вакцина развиена против коронавирусот. Премиерот Александер де Кро...

Свет1 ден

Убиецот на словачкиот новинар осуден на 25 години затвор

Словачкиот Врховен суд го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Куцијак на 25 години затвор. Оваа пресуда на апелацискиот суд...

Досие