Свет
Умре напаѓачот на Пентагон
Вооружениот напаѓач на американското министерство за одбрана почина од здобиените повреди при престрелката со обезбедувањето на влезот на Пентагон
Како што јавуваат американските медиуми напаѓачот е идентификуван како 36-годишниот Џон Патрик Бедел од Холистер во Калифорнија. Тој на според началникот на безбедност на Пентагон, Ричард Кивил на безбедносниот контролен пункт на излез од станицата на подземната железница во Вашингтон од капутот извадил пиштол и пукал во полицајците, при што полесно ранил двајца од нив. Кај него биле пронајдени 25 магацини со муниција, што насочува дека најверојатно бил подготвен за подолга престрелка. Мотивите за нападот се’ уште не се познати..Associated Press пренесува дека има индиции дека напаѓачот Бедел имал некои нерасчистени сметки и недоразбирања со американската армија. Наводно, тој се сомневал во фактите врзани со терористичките напади врз САД од 11-ти септември 2001 г. На интернетската страница на корисникот под име JPatrickBedell напишал дека „решил да види да се спроведува правдата“ во случајот на смртта на полковникот од маринците, полковникот Џејмс Сејбоу, кој е пронајден мртов во дворот на неговата куќа во Калифорнија во 1991 г. Оваа смрт била, прогласена за самоубиство но долго време била извор на теории на заговор. Овој корисник напишал дека полковникот бил „чекор поблиску до востановување на вистината за случувањата како што се разурнувањата од 11-ти септември“.Истиот корисник напишал дека е против владините закони за марихуана, вклучувајќи го и неговиот случај од 2006 г. пред судот во округот Оринџ во Калифорнија, заради одгледување марихуана и давање отпор на полициски офицер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.