Свет
Нов земјотрес во индонезиската провинција Ачех
Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска повторно ја погоди индонезиската провинција Ачех.
Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска повторно ја погоди индонезиската провинција Ачех. “Епицентарот на новиот земјотрес е во Индискиот океан“, изјави шефот на локалната канцеларија за Метеорологија и геофизика Шуахнан. Според него, земјотресот не направил никакви штети и најави дека послаби потреси би можело да има и во следниот период. Шуахнан го повика населението да не се паничи, уверувајќи ги дека земјотресот нема да предизвика нови бранови цунами. Последните три дена Банда Ачех го погодија повеќе земјотреси со јачина од 5 до 5.7 степени, сите со епицентар во Индискиот океан, на подрачјето на западниот брег на Индонезија. Провинцијата Ачех, што се наоѓа на околу 1.750 километри северозападно од Џакарта, беше најтешко погодена од земјотресот со јачина од 9 степени според Рихтер што се случи на 26 декември минатата година, кога огромните бранови цунами, предизвикани од земјотресот, усмртија повеќе од 250.000 луѓе. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Мажи го нападнаа убиецот на нивни роднина на судење во Америка
Сослушувањето за убиство во судница во Албакерки се претвори во хаотична сцена кога двајца роднини на жртвата физички го нападнаа обвинетиот.
Инцидентот се случил кога двајца мажи, Карлос Лусеро и Пит Исаси, ја прескокнале бариерата и го нападнале мажот обвинет за убиство. Ситуацијата ескалирала кога во конфликтот се вклучиле уште еден затвореник и таткото на обвинетиот.
Се обидел да интервенира и затворски чувар, но и тој бил нападнат за време на пресметката, јавува Би-Би-Си.
🚨 Family Attacks Murder Suspect in New Mexico Courtroom
During a court hearing in New Mexico, chaos ensued when Carlos Lucero, the 40-year-old uncle of the victim, charged at Alexander Segura Ortiz, the 21-year-old accused of the murder, shouting, “He killed my niece like a… pic.twitter.com/afIBfXq2h1
— Tony Lane 🇺🇸 (@TonyLaneNV) February 4, 2025
Полицијата веднаш реагирала, ги уапсила Лусеро и Исаси и ги пријавила за напад на службено лице.
Една осомничена жена вмешана во инцидентот се уште е во бегство, а властите издадоа налог за апсење.
Свет
Бербок: Газа им припаѓа на Палестинците
Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска по повод предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преселување на Палестинците од Газа изјави дека оваа енклава заедно со окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим му припаѓа на палестинскиот народ.
Таа посочи дека раселувањето на Палестинците од Појасот Газа би било „неприфатливо“ и против меѓународното право, пренесува Ројтерс.
Бербок рече дека Палестинците мора да бидат вклучени во решението на блискоисточното прашање и дека нивното протерување од енклавата ќе предизвика дополнително страдање и омраза.
Трамп предложи Палестинците да се преселат од Појасот Газа во Египет и Јордан, што тие земји го одбија.
Тој додаде дека САД ќе го преземат Појасот Газа, опишувајќи ја неговата визија за областа како нова „ривиера на Блискиот Исток“.
Свет
Пожар на аеродром во Рим: маж стигнал до контролната кула и подметнал пожар, персоналот и патниците евакуирани
Авиосообраќајот на аеродромот Чампино во Рим беше привремено прекинат поради подметнување пожар во техничката просторија во подножјето на контролната кула. Вработените во оперативната сала биле принудени да ја напуштат просторијата поради чад, пренесуваат италијанските медиуми.
Поради оваа причина, појдовните и дојдовните летови се суспендирани. Според информациите, грузиски државјанин бил уапсен поради подметнување пожар. Тој пред неколку дена пристигнал во Италија и немал криминално досие. Понатамошни истраги за неговиот статус се во тек.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, во овој инцидент нема повредени.
Сите дојдовни летови се префрлаат на аеродромот Леонардо да Винчи, а патниците ќе се превезуваат со автобус бесплатно.
Пожарникарите пријавиле дека интервенирале околу 7 часот и 20 минути, веднаш по пријавувањето на инцидентот. Тие изгаснале мал пожар „ кој избувнал внатре во канцелариите лоцирани под контролната кула“.
Спасувачите превентивно ја евакуирале целата зграда поради густиот чад.