Контакт

Свет

Напад на исламистичка терористичка група во Алжир, двајца мртви

Објавено пред

Две лица се убиени, а неколкумина се земени како заложници при денешниот напад на исламска вооружена група во источниот дел на Алжир.

Две лица се убиени, а неколкумина се земени како заложници при денешниот напад на исламска вооружена група во источниот дел на Алжир. Инцидентот се случил во провинцијата Скикда кога вооружена група од 30 исламисти, кои себе си се нарекуваат војници од групата “Бригади на смртта“, го блокирала патот што води кон источниот дел на земјата, сопреле неколку автомобили, и им наредиле на патниците да излезат од возилата. Неколкумина, вклучувајќи и деца, биле земени за заложници. Тие биле однесени во непозната насока, а потоа биле ослободени. Полицијата веднаш започнала акција за откривање на вооружената група, но засега терористите не се откриени. /крај/бг/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Денес низ светот се одржуваат големи климатски протести, ќе се протесира и кај нас

Објавено пред

Глобален протест против климатските промени за денеска е најавен во 139 земји и се очекува ова да биде најмасовниот во историјата на климатските протести.

Станува звор за третиот во низата собири кои ги започнаа учениците, а ги предводени од 16-годишната Швеѓанка, Грета Тунберг.

На протестот, кој треба да се одржи од Лондон и Њујорк до Перт, Австралија, ќе учествуваат различни организации, како и вработени во некои од најголемите светски компании, како „Амазон“ и „Мајкрософт“, пренесува Си-ен-ен.

Грета Тунберг најави дека ќе се организираат околу 4.638 собири низ целиот свет. Во австралиската сојузна држава Викторија, студенти, ученици и јавни работници ќе излезат од работа и предавање со цел да протестираат за заштита на животната средина и спас на планетата.

Протестите се веќе започнати во Бангкок, а подоцна во текот на денот ќе се организираат и во Јапонија, Индонезија, Филипини и Мјанмар, пренесе британскиот јавен сервис Би-би-си. Во некои земји, како Сингапур и Јужна Кореја, протести се закажани само во текот на викендот.

Во Њујорк, на 1,1 милион ученици им беше дозволено денеска да ја напуштат наставата, бидејќи градските власти најавија дека нема да ги казнат учениците кои се приклучуваат на протестот, но мора да имаат родителска дозвола за тоа.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, твитна: „Њујорк стои со нашите млади. Тие се нашата совест“.

Во Менхетен, демонстрантите ќе се соберат напладне, а пред нив ќе се обратат на млади климатски активисти, меѓу кои и Грета Тунберг, која до Њујорк доплови за самитот на ОН за климата кој ќе се одржи на 23. септември.

Кај нас, движењето „Петоци за иднината“ (Fridays for Future) за денеска најави протес пред Владата со почеток од 13 часот.

Од „Петоци за иднината Скопје“ побараа од наставниот кадар на средните училишта во главниот град да се солидаризира со глобалниот настан и да им дозволи на средношколците денека да ги напуштат првите два часа од втората смена.

Движењето порачува дека во овој случај не станува збор за обично отсуство или бегање од часови, туку нешто многу поголемо и поважно.

„Не ставајте им неоправдани изостаноци на вашите ученици, туку, напротив, охрабрете ги да дојдат на настанот и заедно со своите врсници од целиот свет да се изборат за здрава и безбедна иднина! На крајот на краиштата, придружете им се и вие! Тие не смеат да се плашат од вас и од вашиот образовен систем, туку треба да ја развиваат свеста за тоа што нѐ опкружува и тоа што претставува вистинска закана за нивните млади животи“, порачаа од „Петоци за иднината Скопје“, додавајќи дека опстанокот на човековата цивилизација зависи од постапките кои ќе ги преземеме во наредните години.

 

 

Прикажи повеќе...

Свет

Лек за желудочни тегоби повлечен од пазарот заради неговите канцерогени својства

Објавено пред

Швајцарска фармацевтска компанија го повлече лекот „зантак“ од пазарот поради сомневање дека некои од неговите состојки имаат канцерогени својства.

Компанијата „Новартис“ која го произведува овој лек превентивно ги повлече од продажба сите лекови кои содржат ранитидин, антицид и антихистамин, што ги ублажува проблемите со желудочната киселина.

Таа се одлучи на овој чекор откако минатата недела Управата за храна и лекови (ФДА) објави дека во лековите за желудочни тегоби открила траги на канцерогени материи.

Прикажи повеќе...

Регион

Обилни дождови предизвикаа поплави во Солун

Објавено пред

Обилни дождови предизвикаа големи поплави во Солун, при што десетици домови се поплавени, а двајца мотоциклисти беа заробени на поплавените улици, јавија грчките медиуми.

Противпожарната служба примила повеќе од 150 повици, а од 17 домови морало да се испумпува вода, пренесува „Катимерини“.

Во текот на невремето во четвртокот навечер, пожарникарите евакуирале седум лица од поплавените домови во областа Ефкарпија.

Двајца возачи биле заробени од надојдените води, при што едниот, наводно, избегал од поплавата, додека другиот побарал полициска интервенција.

Сообраќајот во Солун се одвива забавено, а регистрирани се и неколку незгоди поради лизгавиот коловоз.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

Денес низ светот се одржуваат големи климатски протести, ќе се протесира и кај нас

Глобален протест против климатските промени за денеска е најавен во 139 земји и се очекува ова да биде најмасовниот во...

Свет1 час

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа, еден загинат и петмина повредени

Еден човек загина, а петмина се повредени во пукање во Вашингтон, во близина на Белата куќа, пренесуваат американските медиуми. Не...

Свет1 час

Пентагон на Трамп ќе му претстави воени опции за Иран

Воени опции како одговор на иранскиот напад врз саудиската рафинерија, денеска ќе му бидат претставени на американскиот претседател Доналд Трамп....

Свет2 часа

Саудиска Арабија започна воена операција во Јемен

Коалицијата која ја предводи Саудиска Арабија започна воена операција северно од јеменскиот пристаништен град Ходеида. Целта на операцијата, како што...

Европа14 часа

Макрон: „Жолтите елеци“ ме наведоа подобро да ги слушам луѓето

Францускиот претседател Емануел Макрон откри дека кризата со граѓанското движење „Жолти елеци“ на некој начин била добра за него, бидејќи...

Свет15 часа

Трудо среде скандал, најмалку трипати се маскирал како црнец

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска западна во голем скандал. Утрово беше објавена негова стара фотографија на која тој е облечен...

Македонија21 час

Обвинение против ексградоначалник на Демир Хисар, незаконски вработувал луѓе

Битолското Обвинителство поднесе обвинение против три лица за незаконски вработувања. Обвинети се поранешен градоначалник на Демир Хисар, раководител на Центарот...

Македонија21 час

(Видео) Трајанов: Со една изборна единица ќе се стави крај на прелевањето на гласовите на малите партии

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека очекува поддршка со консензус на иницијативата за промена на Изборниот законик да...

Македонија22 часа

Судењето за „Талир 2“ повторно одложено

Судењето за предметот „Талир 2“ на СЈО, судијката Даниела Алексова-Стојановска го одложи за 15 октомври. Причина за одлагањето е доуредување...

Регион22 часа

Mакедонски државјанин фатен при шверц на антички предмети на граничниот премин Прешево

Српските цариници во соработка со полицијата, во вторникот, 17 септември, на граничниот премин Прешево спречија обид за шверц на антички...

Топ23 часа

Обвинение и за девојката што учествувала во убиството на Пино Секондо

Обвинителството поведе обвинение и против девојка од Скопје за која се смета дека е соизвршител во убиството на Пино Секондо,...

Македонија23 часа

Палмер: САД се надеваат дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите во октомври

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, вели дека очекува Северна Македонија да ги почне...

Топ24 часа

Тракторист загина во сообраќајна несреќа на патот Струга – Дебар

Четириесет и осумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга...

Свет1 ден

Обелоденети 76 милиони податоци од Mинистерството за внатрешни работи на Австрија

Во Министерството за внатрешни работи на Австрија, според информациите од интернет-страницата „Буре без дно“, дошло до масивно обелоденување полициски податоци....

Свет1 ден

(Видео) Уапсен маж кој пукаше и го блокира стратешкиот мост во Киев

Украинските специјални сили уапсија вооружен маж кој го блокира стратешкиот мост во Киев и се закани дека ќе предизвика експлозија...

Свет1 ден

Њујорк и Мичиген ги забранија ароматизираните електронски цигари

Њујорк е првата сојузна американска држава која забрани продажба на ароматизирани електронски цигари по речиси 400 случаи на сериозни болести...

Македонија1 ден

Собранието ја почнува расправата за ребалансот на буџетот

Во Собранието од денеска почнува расправата по ребалансот на буџетот за 2019 година. Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот...

Македонија1 ден

Здружението Е.Д.Е.Н. предлага субвенционирање фотоволтаици за борба против загадувањето

Според извештајот на Европската агенција за животна средина објавен во 2018 година во земјава околу 3.000 смртни случаи годишно се...

Спорт2 дена

Македонец станува селектор на светските шампиони САД?

Македонецот Влатко Андоновски, тренерот на НВСЛ тимот Рејн ФЦ е главен кандидат да стане нов тренер на светските шампиони во...

Македонија2 дена

Продолжен притворот на Катица Јанева

Судот ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно...

Досие