Контакт

Свет

Лорд Робертсон: НАТО на раб на провалија

Објавено пред

НАТО се наоѓа на раб на провалија, а мисијата во Авганистан би можела да доживее неуспех, оцени поранешниот генерален секретар на Алијансата лорд Џорџ Робертсон

НАТО се наоѓа на раб на провалија, а мисијата во Авганистан би можела да доживее неуспех, оцени поранешниот генерален секретар на Алијансата лорд Џорџ Робертсон.

„Се наоѓаме на раб на провалија, додека светот е зафатен со се поголемо незадоволство и превирања. Единствено отворен и чесен разговор може да не спаси од пропаст“, рече Робертсон на годишниот собир на членовите на Атланскиот совет на САД, што се одржа во Вашингтон.

Тој смета дека мисијата во Авганистан би можела да доживее неуспех и ги критикуваше лидерите на НАТО, бидејќи на европската јавност, која се повеќе се против акцијата во Авганистан, не и објаснуваат зошто победата во Авганистан е значајна за мирот и безбедноста во Европа.

“Одлуката на Данска да го заврши своето учество во Авганистан и најавата на Канада дека ќе го стори истото, најавуваат тешки моменти. Ако овие двајца енергични сојузници сакаат да се повлечат, што може друго да се каже, освен дека се работи за криза“, рече Робертсон.

Лорд Џорџ Робертсон беше генерален секретар на НАТО од 1999 до 2004 година, а ќе остане запаметен по акцијата на Алијансата во тогашна Југославија./крај/бт/мп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Кинеската сонда собра примероци од површината на Месечината

Објавено пред

Кинеската вселенска сонда испратена во мисија да го проучува досега неистражениот дел на Месечината, го заврши собирањето примероци и во тек се подготовки за испраќање на првите примероци од Месечината по четири децении.

Кина инвестираше милијарди во воена вселенска програма, во надеж дека ќе има вселенска станица со екипаж до 2022 година и ќе испрати луѓе на Месечината.

Вселенското летало „Чанг-5“, именувано по митската божица на Кина, слета на Месечината во вторникот и го заврши собирањето примероци од карпи и почви, соопшти кинеската Национална вселенска управа (ЦНСА).

Вселенското летало требаше да собере два килограми материјал од областа позната како Oceanus Procellarum – голема висорамнина лава, според научното списание „Nature“.

Научниците се надеваат дека примероците ќе им помогнат да научат нови работи за потеклото на Месечината, формирањето и вулканската активност на површината.

Државните медиуми оваа недела објавија дека леталото се подготвува за околу 48 часа задачи на Месечината.

Доколку успее во тоа, Кина ќе биде само третата земја што собира примероци од Месечината, по САД и Русија во 60-тите и 70-тите години на минатиот век.

Ова е прв обид по Советската мисија Луна 24 во 1976 година.

Прикажи повеќе...

Свет

Америка ја очекува најтемната здравствена криза во историјата

Објавено пред

Директорот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Роберт Редфилд,  предупреди дека пандемијата на Ковид-19 ќе претставува најтемна здравствена криза во историјата на САД.

Трезвената порака од еден од највисоките здравствени службеници во земјата следуваше по прославата на Денот на благодарноста во која милиони Американци ги игнорираа предупредувањата за избегнување патувања и големи собири, дури и со големо зголемување на бројот на случаи со Ковид-19.

Покрај огромната загуба на животи, земјата се соочува и со фактот дека здравствениот систем е затегнат до степен на пукање, рече Роберт Редфилд.

Според него, заразата сега достигнала до сите делови на земјата и продолжува да се шири по многу пострмна патека од кој било претходен бран на пандемијата.

„Реалноста е дека декември, јануари и февруари ќе бидат тешки времиња“, рече Редфилд во живо на презентацијата организирана од Фондацијата на американската трговска комора.

„Всушност, верувам дека ова ќе биде најтешкото време во историјата на јавното здравје на оваа нација“, рече официјалното лице.

До денес, повеќе од 270.000 Американци починаа од Ковид-19. А Институт за метрика и оцена на здравствената состојба на Универзитетот во Вашингтон предвиде дека бројката може да достигне скоро 450.000 до 1 март ако не се почитуваат мерките за социјално дистанцирање и носење маски.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска рекордни 4.534 нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Рекордни 4.534 нови случаи на коронавирус се регистрирани во Хрватска во последните 24 часа, а 48 лица починале, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Бројот на активни случаи е 23.942, а меѓу нив има 2.501 пациент во болница, од кои 258 се приклучени на респиратор.

Од 25 февруари, кога беше регистриран првиот случај во Хрватска, регистрирани се вкупно 139.415 лица заболени од коронавирус, од кои 1.964 починале, а 113.509 луѓе оздравеле, од кои 3.154 во последните 24 часа.

Во моментов има 57.894 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 780.257 лица, од кои 11.166 во последните 24 часа

Новите 4.534 случаи се нов рекорд на дневна основа. Досега се регистрирани над 4.000 случаи само двапати – 4.009 на 26 ноември и 4.080 на 27 ноември.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет35 минути

Чешка го укина полицискиот час, се отвораат сите продавници и ресторани

По повеќе од еден месец строги мерки поради пандемијата на коронавирус, Чешка го укина полицискиот час. Од денеска се отворени...

Македонија54 минути

„Политико“: Вархеји и ЕПП не се доволно остри кон Борисов и Софија за блокадата за Македонија

Еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархеји беше премногу мек кон Софија, а Европската народна партија (ЕПП) не беше доволно...

Свет1 час

Генералниот директор на „Бајонтек“: Веруваме дека ова е почеток на крајот на пандемијата

Угур Сахин, генералниот директор на компанијата „Бајонтек“, која заедно со „Фајзер“ ја разви единствената вакцина што е пуштена на пазарот,...

Регион2 часа

Руската вакцина „Спутник 5“ на проверка во Србија

Русија денеска ќе достави 20 дози од својата вакцина против коронавирус „Спутник 5“ до Српската агенција за лекови и медицински...

Топ2 часа

Притвор за скопјанец кој крадел oд викендички во Гази Баба

Триесет и седумгодишен скопјанец со иницијали А.Ф., за кого е распишана потерница од Одделението за криминалистички работи Гази Баба, е...

Европа3 часа

Германски експерти: Вакцинацијата може да потрае некое време

Експертите од германскиот државен епидемиолошки институт „Роберт Кох“ предупредија на прекумерна еуфорија поради вакцината за коронавирус, наведувајќи дека поради различни...

Свет3 часа

Пандемијата ќе има негативно влијание на фертилитетот во Европа, предупредуваат експертите

„Време е да станете мајка“, гласи пораката што стотици Португалки ја добија на своите мобилни телефони минатиот месец. Пораката испратена...

Свет4 часа

Франција ќе проверува џамии поради екстремизам

Француската влада во борбата против верскиот екстремизам ќе преземе низа акции, масовни и без преседан, меѓу кои и проверка на...

Регион4 часа

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер утрово го погоди југоистокот на Турција. Управата за катастрофи и вонредни...

Европа15 часа

Белгија планира да почне со вакцинација од 5 јануари

Белгија планира да почне со вакцинација на 5 јануари доколку се одобри вакцина развиена против коронавирусот. Премиерот Александер де Кро...

Свет15 часа

Убиецот на словачкиот новинар осуден на 25 години затвор

Словачкиот Врховен суд го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Куцијак на 25 години затвор. Оваа пресуда на апелацискиот суд...

Спорт16 часа

Синот на Марадона бара Меси да се откаже од „десетката“ во чест на татко му

Диего Синагра, попознат како Диего Јуниор, синот на Диего Марадона, вели дека бил потресен од гестот на Лионел Меси со...

Македонија16 часа

946 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 33 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на...

Македонија18 часа

Лингвистите апелираат: Не прифаќајте разговори за јазик, нација и историја

„Прифаќањето договори за добрососедство, анекси и слично, во кои македонскиот јазик ќе биде заменет со синтагми од типот – официјален...

Македонија20 часа

Сеизмолошка опсерваторија: Земјотресот во Скопје со јачина од 3,5 степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија објави дека денешниот земјотрес бил со јачина од 3,5 степени според Рихеровата скала. Епицентарот на...

Свет21 час

Во Виена развиен најбрз тест за Ковид-19 во светот

На Виенскиот универзитет за технологија (ТУ Виен) е развиен нов метод на тестирање за коронавирус, кој е исклучително чувствителен и...

Македонија22 часа

Пратениците да покажат бојадисано јајце за Велигден, бара опозицијата во еден од амандманите

Во еден од амандманите на опозицијата се вели дека за време на велигденските празници, пратениците кои ќе учествуваат во работата...

Македонија23 часа

ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти

Бројот на новозаболени со коронавирус во периодот од 23 до 29 ноември се намалува, додека расте бројот на оздравени пациенти,...

Македонија23 часа

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да...

Македонија23 часа

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не ги исплатила долговите за 270 уметнички слики со позлатени рамки

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на...

Досие