Свет
Новото седиште на Хашкиот трибунал вредно 92 милиони евра
Во Меѓународниот кривичен суд во Хаг денеска се прикажа макетата на новото седиште, комплекс од шест кули вредени 92 милиони евра.
Во Меѓународниот кривичен суд во Хаг денеска се прикажа макетата на новото седиште, комплекс од шест кули вредени 92 милиони евра.
Данскиот архитект Бјарн Хамер го прикажа моделот на зградата со пет канцелариски кули и проѕирен блок со четири судници.
Холот на приземјето со двор и базен ќе биде достапен за сите.
Хамер новиот дизајн на зградата го оцени како „апстрактна пејсажна структура која е дел од природата“.
Во центарот на дворот ќе бидат засадени билки и дрва од 110 земји членки на судот.
Матичарката на судот во Хаг Силвана Арбија го пофалила дизајнот на новото седиште на судот, со зборови дека тој „пренесува чувство на хармонија и мир“.
Првиот постојан меѓународен суд за воени злосторства моментално е сместен во поранешната кула на една холандска телекомуникациска компанија, во едно индустриско подрачје на истокот од Хаг.
Новото седиште ќе биде изградено на земјиштето на кое претходно се наоѓале воени бараки и се очекува да биде завршено до 2015 година.Земјите членки ќе мора да учествуваат во финансирањето за изградба на зградата, но сеуште не се знае на кој начин ќе биде тоа.
Меѓународниот кривичен суд е воспоставен во 2002 година за судење на воени злосторства./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

