Свет
Медведев повика Шведска да ги испорача чеченските бунтовници
Рускиот претседател Дмитриј Медведев ја обвини Шведска дека пружа засолниште за „чеченските бандити“ и повика да бидат испорачани во Русија.
Рускиот претседател Дмитриј Медведев ја обвини Шведска дека пружа засолниште за „чеченските бандити“ и повика да бидат испорачани во Русија.„Тоа се бандити кои, за жал, најдоа засолниште во Шведска, и над кои се надевам дека, ќе биде продолжена работата во рамки на договорот што го потпишаа државните обвинителства на нашите земји“, изјави Медведев.Тој изрази очекување за конструктивност од страна на Шведска во врска со ова прашање.Шведска веќе неколку години одбива на Русија да и испорача двајца чеченски бунтовници кои се осомничени за тероризам, обид за убиство и киднапирање, објавува Асошиејтед Прес. /крај/бета/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
Втората црна кутија е пронајдена на местото на несреќата во близина на градот Актау во западен Казахстан, според окружниот сообраќаен обвинител Мангистау Абилајбек Ордабаев.
„Во авионот се пронајдени две црни кутии. Тие ќе бидат предадени на одделот за истрага на воздушни несреќи, а потоа ќе бидат прегледани“, рече тој на прес-конференцијата, пренесува Казинформ.
Според него, од повредените се земени изјави и се идентификувани сите сведоци, а се испитува и видеото од радио врската меѓу диспечерот и екипажот.
Свет
Лавров: Центрите за одлучување во Киев може да бидат цел на руски удари
Центрите за одлучување во Киев може да бидат директно цел на руски напади, во зависност од заканите кои доаѓаат, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, додавајќи дека Москва никогаш не напаѓа цивилни цели.
„Ние избираме цели за уништување на територијата на Украина само врз основа на заканите за Руската Федерација. Тоа може да бидат воени објекти, претпријатија од одбранбената индустрија, центри за одлучување во Киев, но одговорот на цивилните цели не е наше правило. Тоа се методите на нацистите кои се населиле во Киев со поддршка на Западот и на оние кои ги снабдуваат со оружје за уништување на цивилната инфраструктура и цивилите“, изјави Лавров пред домашните и странските новинари, пренесува ТАСС.
Лавров го привлече вниманието на фактот дека Киев секојдневно напаѓа „очигледно цивилни цели“ со беспилотни летала и западни проектили.
Свет
НАТО повика на целосна истрага за причините за авионската несреќа
НАТО во Брисел повика на целосна истрага за причините за авионската несреќа во Казахстан.
„Нашите мисли и молитви се со семејствата и жртвите на летот Ј28243 на Азербејџан ерлајнс“, рече портпаролката на НАТО, Фарах Дахлалах.
На повредените во несреќата им посакуваме брзо закрепнување и повикуваме на целосна истрага“, додаде таа.
Our thoughts and prayers are with the families and victims of #AzerbaijanAirlines flight #J28243. We wish those injured in the crash a speedy recovery and call for a full investigation.
— NATO Spokesperson Farah Dakhlallah (@NATOpress) December 26, 2024