Свет
Интернетот е кандидат за Нобелова награда за мир за 2010 година
Интернетот се најде оваа година на листата на Норвешкиот Нобелов комитет која секоја година ја доделува Нобеловата награда за мир, и официјално стана првиот номиниран кандидат кој не е човечко суштество.
Интернетот се најде оваа година на листата на Норвешкиот Нобелов комитет која секоја година ја доделува Нобеловата награда за мир, и официјално стана првиот номиниран кандидат кој не е човечко суштество.
Иако листата на номинирани за престижната награда се држи во тајност понекогаш самите предложувачи на кандидатурата ги објавуваат вестите.
Така оваа година е објавено дека на листата номинирани за Нобеловата награда се наоѓа и руската активистка за човекови права Светлана Гунускина и нејзината организација “Меморијал“ и неодамна притворениот дисидент од Кина, Ли Ји Сјабо.
Интернетот како кандидат за Нобеловата награда го предложи италијански магазин за компјутерска технологија.
„Меморијаил“ и Гунускина ги номинираше неименуван норвешки политичар а Сјабо неименуван професор од Принстон.
Според Нобеловиот комитет оваа година се пристигнати рекорден број номинации за Нобеловата награда за мир, дури 237 кандидати./крај/бета/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) 6.000 затвореници избегале од затворот во Мозамбик за време на протестите во Мапуто
Најмалку 6.000 затвореници избегале од затворот во главниот град Мапуто, при што 33 се убиени, а 15 ранети во судири со стражарите. Меѓу избеганите има и 29 осудени терористи, што ги зголемува загриженоста и напорите на властите за враќање на редот.
На социјалните мрежи се појавија видеа од бегството, а полицијата упати повик за предавање и соработка од јавноста.
Најмалку 6.000 затвореници избегале од Централниот затвор во Мапуто, главниот град на Мозамбик, каде што има ескалација на немирите, соопшти полицијата.
Регион
Тројца членови на семејство, меѓу кои и дете, пронајдени мртви во нивниот дом во Босна
Трoјца луѓе починале синоќа во селото Теочак кај Тузла во Босна и Херцеговина, како последица од труење со јаглерод моноксид. Истражителите се сомневаат дека смртоносниот гас потекнал од генератор на нафта кој семејството го користело за производство на струја.
Според неофицијални информации починале тројца луѓе, сите членови на едно семејство, а меѓу нив е и едно дете. Според информациите, починатите ги пронашол локалниот оџа. Од полицијата велат дека добиле дојава и испратиле екипи на терен, но дека и натаму немаат потврда за оваа информација.
Неофицијално се дознава дека трагедијата се случила синоќа, а починатите биле пронајдени денеска.
Свет
Перу прогласи вонредна состојба по излевањето на нафта на северот на земјата
Владата на Перу денеска прогласи еколошка вонредна состојба во северниот крајбрежен регион, каде што државната нафтена компанија Петроперу минатиот викенд истури пратка сурова нафта во околните води на Тихиот Океан.
Брод кој изведуваше маневри предизвика излевање на нафта во саботата на терминалот на перуанската рафинерија Талара во северниот дел на Перу, објави Ројтерс.
Нема информација колку сурова нафта се излеа во морето, но чуварот на животната средина на Перу, ОЕФА, во прелиминарниот извештај рече дека излевањето погодило околу 10.000 квадратни метри површинска морска вода, а Министерството за животна средина соопшти дека погодило најмалку седум плажи како и локалниот див свет.