Свет
Обама парите од Нобеловата награда ги даде во добротворни цели
Три месеци по добивањето на Нобеловата награда за мир, американскиот претседател Барак Обама ги објави имињата на добротворните организации на кои ќе им подели 1,4 милиони долари, односно паричниот дел од наградата.
Три месеци по добивањето на Нобеловата награда за мир, американскиот претседател Барак Обама ги објави имињата на добротворните организации на кои ќе им подели 1,4 милиони долари, односно паричниот дел од наградата.
„Тие организации работат беспрекорно и во САД и во другите држави, помагајќи им на студентите, бранителите и на многу други кога им е потребно помош. Горд сум што можам да им дадам поткрепа за нивната работа“. Истакнува Обама во соопштението кое го објави Белата куќа.
Најголемиот износ од 250 илјади долари го доби организацијата „Фишер Хаус“, која обезбедува престој за тешко ранетите лица од Ирак и Авганистан., а повеќето од нив се 100 отсто инвалиди.
Фондацијата „Клинтон-Буш“ за помош на Хаити од земјотресите добија 200 илјади долари.
По 125 илјади долари добија пет здруженија за помош на малцинските заедници во високо образовните институции: College Summit, Posse Foundation, United Negro College Fund, Hispanic Scholarship Fund i American Indian College Fund.
Истиот износ го доби фондацијата за потчинување на студирањето во пасивните региони на Апалачка планина, која се протега низ 11 држави на исток од САД.
По 100 илјади долари добија здруженијата за помош на Aфрика, Институтот за средна Азија ,кој промовира образование и описменување, особено за девојките, во оддалечените региони на Пакистан и Авганистан./крај/хи/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

