Контакт

Свет

Контроверзна режисерка се кандидира на изборите во Британија

Објавено пред

Поранешната режисерка на порно филмови Ана Ароусмит се кандидираше на престојните парламентарни избори во Велика Британија на листата на либералните демократи, објави

dobivaj vesti na viber

Поранешната режисерка на порно филмови Ана Ароусмит се кандидираше на престојните парламентарни избори во Велика Британија на листата на либералните демократи, објави денеска лидерот на партијата Ник Клег додавајќи дека нејзините филмови не се неговиот избор.

Познатата режисерка, позната под уметничкото име Ана Спан се кандидирала во областа Кент, откако ја завршила својата кариера во компанијата Easy on the Eye Productions во која се занимавала со режирање на порнографски филмови.

Според британските таблоиди, Ароусмит во својата кариера режирала повеќе од 250 порно филмови, а основала и интернет страница за продажба на сексуални помагала.     Таа е автор и на книга-водич за снимање на порно филм во домашна продукција.

Либерално – демократската партија е третата по големина партија во Велика Британија која би можела да биде и одлучувачка во создавањето на парламентарното мнозинство од лабуристите или конзервативците после изборите на 6 мај/крај/хн/вм



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Што се’ досега е познато за авионската несреќа во Јужна Кореја во која загинаа најмалку 127 лица, а 2 беа спасени

Објавено пред

Најмалку 127 лица, според последите информации на националната противпожарна агенција, загинаа кога патнички авион слета на аеродром во југозападна Јужна Кореја, при што леталото се излизга по пистата на стомакот пред да се запали.

dobivaj vesti na viber

Две лица беа извлечени живи од урнатините, но спасувачите предупредија дека шансите да најдат други преживеани се мали.

Летот на „Џеџу ер 7C 2216“ од Бангкок со „Боинг 737-800“ превезуваше 175 патници и шест членови на екипажот кога катастрофата се случи на аеродромот во округот Муан.

Главниот извршен директор на „Џеџу ер“, најголемиот јужнокорејски нискобуџетен превозник, рече дека авионот не покажал проблеми пред несреќата.

Што е познато досега:

  • Причина за уривањето: И локалните пожарникари и воздухопловните експерти велат дека е веројатно оти дошло до дефект на опремата за слетување. Ли Џеонг-хјун, шефот на пожарникарскиот оддел во Муан, исто така, ги информираше медиумите дека причината „се проценува дека е појава на удар на птица или лошо време
  • Мајдеј повик“: Пилотот на авионот упатил критичен повик до контролната кула околу една минута откако го прифатил барањето на контролорите за промена на пистата за слетување за да се избегне можен ризик од удар на птици, според брифингот од Министерството. Авионот удрил во навигациска опрема на земја пред да се урне во ѕид. Според информациите кобни биле шест минути од првиот повик до уривањето.
  • Пронајдена една „црна кутија“: црната кутија за снимање на податоците за летот е пронајдена од комитетот за истрага на несреќата, но уредот за снимање глас сè уште не е пронајден, рекоа официјални лица. „Црните кутии“ им нудат на истражувачите критични факти што се случило.
  • Драматични сцени: снимката од несреќата, емитувана од повеќе јужнокорејски медиуми, покажува како авионот се лизга по стомакот со голема брзина, удирајќи во земјен насип и избивајќи во огнена топка. На видео снимката може да се види дека опремата за слетување не е активирана, додека чад се издига од задниот дел на лизгачкиот авион.
  • Пол на загинатите патници и националност: Меѓу жртвите има 54 мажи, 57 жени и 11 лица чиј пол не може да се утврди, според Противпожарната служба. Двајца тајландски државјани биле меѓу лицата во авионот, додека останатите биле јужнокорејци.
  • „Боинг“: Американскиот авијациски гигант Боинг имаше турбулентно време во последниве години, вклучително и две несреќи на 737 Max. Но, авионот вклучен во последната несреќа, Боинг 737-800, аналитичарите го опишуваат како безбеден работник на небото со исклучително силно безбедносно досие. Компанијата изрази сочувство за загинатите.
  • Заднина на политичката криза: Трагичната авионска несреќа доаѓа во време кога владата на Јужна Кореја се соочува со целосна политичка криза, а раководството останува неизвесно. Вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја, Чои Санг-мок, кој е на работа само од петокот, отпатува до меѓународниот аеродром Муан каде што се урна авионот.
Прикажи повеќе...

Свет

Кобни шест минути во Јужна Кореја – во 8.57 авионот добил предупредување, во 9.03 се урнал

Објавено пред

Претставници на јужнокорејското Министерство за транспорт открија критична секвенца од шест минути пред несреќата, пишува „Јонхап њуз“.

dobivaj vesti na viber

Во 08:57, контролорите на летање го предупредиле авионот што се приближувал за ризик од удар на птица. Една минута подоцна, во 08:58 часот, пилотот прогласил „мајдеј“ (шифра што укажува дека авионот е во непосредна опасност). Авионот се обидел да слета во 09:00 часот, а се урнал во 09:03 часот.

„Авионот првично се обидел да слета на пистата бр.01, кога контролната кула предупредила дека во областа има птици и дека е можен удар. Приближно една минута подоцна, пилотот упатил повик до кулата. Контролната кула му наложила на авионот да слета во спротивна насока на пистата бр.19. Пилотот ги следел упатствата и авионот удрил во опремата за навигација на земја пред да удри во ѕид“, пишува „Си-ен-ен“.

Еден од двајцата преживеани членови на екипажот, наводно, ги потврдил првичните теории за причината, велејќи им на спасувачите веднаш по извлекувањето од урнатините дека авионот претрпел удар на птица.

Министерството за транспорт потврди дека инспекторите го пронашле рекордерот со податоци за летот, додека по снимачот на глас од пилотската кабина се уште се трага.

Националната полициска агенција испрати 169 форензичари за да помогнат во идентификувањето на жртвите. Дополнително, ангажирани се 579 полициски службеници кои помагаат во потрагата и ги придружуваат возилата на брзата помош до местото на несреќата.

Досега е потврдена смртта на најмалку 122 лица, двајца се спасени, а во леталото имало вкупно 181 патник и членови на екипажот. Пожарникарите велат дека голема е веројатноста сите други да загинале во несреќата и не им даваат голема надеж на семејствата за време на спасувачката операција.

Прикажи повеќе...

Свет

Повеќето од патниците во авионот што се запали во Јужна Кореја се враќале од божиќно патување

Објавено пред

Пожарникарите извлекоа 122 тела од местото на несреќата од авионот на меѓународниот аеродром Муан, додека две лица се спасени.

dobivaj vesti na viber

Спасувачките тимови го поделија местото на несреќата во три зони додека ја продолжуваат потрагата по преостанатите жртви. Меѓутоа, пожарникарите ги информирале семејствата на аеродромот дека шансите исчезнатите патници да преживеат се практично нула поради сериозноста на несреќата и пожарот што следел.

Само две лица преживеале откако биле спасени од делот од опашката на авионот. Тие биле итно пренесени во блиската болница со „умерени до тешки“ повреди.

Авионот, „Боинг 737-800“ на летот 7C2216 од Бангкок, се обидувал да слета поради проблеми со опремата за слетување. Авионот удрил во конструкција на аеродромот и се распаднал, при што најголемиот дел од трупот на авионот бил изгорен во пожарот.

Според локалните медиуми, многу од патниците биле семејства кои се враќале од божиќните пакети во Тајланд. На летот имало 175 патници (173 од Јужна Кореја и двајца тајландски државјани) и шест членови на екипажот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 минути

(Видео) Што се’ досега е познато за авионската несреќа во Јужна Кореја во која загинаа најмалку 127 лица, а 2 беа спасени

Најмалку 127 лица, според последите информации на националната противпожарна агенција, загинаа кога патнички авион слета на аеродром во југозападна Јужна...

Свет47 минути

Кобни шест минути во Јужна Кореја – во 8.57 авионот добил предупредување, во 9.03 се урнал

Претставници на јужнокорејското Министерство за транспорт открија критична секвенца од шест минути пред несреќата, пишува „Јонхап њуз“. Во 08:57, контролорите...

Свет1 час

(Видео) Спасени маж и жена од запалениот авион во Јужна Кореја, загинаа 122 лица

Бројот на загинати во авионската несреќа на меѓународниот аеродром Муан во Јужна Кореја се искачи на 122 лица, со само...

Свет2 часа

(Видео) Авион се запали на писта во Јужна Кореја, најмалку 120 мртви – објавена е снимка од несреќата

Најмалку 120 лица загинаа кога патнички авион се запали на пистата на аеродромот во јужнокорејскиот град Муан, соопшти Националната противпожарна...

Македонија2 часа

Какво ќе биде времето на 31.декември и први јануари

На 31 декември и 1 јанури не’ oчекува стабилно и претежно сончево време. Според прогнозите на УХМР, времето на последниот...

Македонија15 часа

Деспотовски остана без пасош

Кривичниот суд го прифати барањето на скопското обвинителство за одземање на пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ и член на...

Топ15 часа

Грозоморни детали за случајот со дрвокрадците во Велес: со нож ги повредиле полицајците, се води постапка

Убоди од нож, закани со моторна пила под вратот – вистински ужас претрпеле тројцата припадници на шумската полиција во Велес,...

Македонија18 часа

„Воздухот ни е отров, власта ни е глува“ – скопјани излегоа на протест против загадувањето

Со пароли „Воздухот ни е отров, власта ни е глува“, „Партиска книшка штити од загадување???“ и повици за чист воздух,...

Свет19 часа

(Видео) Руската воздушна одбрана беше активна кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обиде да слета, рече Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските системи за противвоздушна одбрана биле активни кога авионот на „Азербејџан ерлајнс“ се обидел...

Македонија24 часа

Одземен пасошот на Рамиз Мерко – против струшкиот градоначалник ќе се водат 9 судски постапки, му се заканува затвор

Ново обвинение е покренато против струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, а одземен му е и пасошот. Струшкиот суд го прифати предлогот...

Македонија1 ден

Разрешена Миликије Халими – директорката на „Аеродроми“ чиешто образование лани предизвика лавина реакции

Миликије Халими е разрешена од директорската функција на „Аеродроми“, а за нов директор е именуван Игор Трајановски. Таа во минатото...

Свет1 ден

Зеленски: Севернокорејците преземаат екстремни мерки за да избегнат заробување

Севернокорејските војници распоредени во рускиот регион Курск претрпуваат големи загуби и руските сили не ги штитат, изјави украинскиот претседател Володимир...

Свет1 ден

Азербејџанскиот министер: Moжно е оружје да ја предизвикало авионската несреќа

Владата на Азербејџан јавно соопшти дека оружјето е можна причина за падот на патничкиот авион што се урна во близина...

Македонија2 дена

ОЈО: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

Во врска со денешната изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во однос на можноста за определување мерки за...

Македонија2 дена

ОЈО отвори предмет, ќе истражува кој го следел премиерот Мицкоски

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија согласно своите законски овластувања веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на...

Македонија2 дена

Мицкоски: Доколку има девијантно однесување од трговците, ќе бидат преземени мерки, повеќето ги враќаат цените

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, кои се последните сознанија и каква е сега состојбата, после инспекциите за...

Македонија2 дена

Цвета Ристовска од антикорупциската комисија да поднесе оставка – СДСМ обвинува за судир на интереси за дипломата на Христовски

Опозициската СДСМ бара оставка од членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поради судир на интереси по,...

Македонија2 дена

„Европскиот фронт“ бара оставка од Гаши во врска со статусот на албанскиот јазик: Тој ќе остане срам за нашиот народ и за историјата

„Европскиот фронт“ изразува револт и огорченост поради, како што велат, срамните и неодговорни изјави на претседателот на Собранието, Африм Гаши,...

Македонија2 дена

Дијабетичарите незадоволни: Буџетот не може да ги покрие потребите од инсулин, бараме вклучување во дефинирање на тендерот

Сојузот на здруженијата на лицата со дијабетес на Северна Македонија (СЗДСМ), во името на 23 локални организации на лица со...

Македонија2 дена

Утре протест за чист воздух – повеќе од 3.800 луѓе годишно во Македонија ги губат своите животи

Утре, сабота, почнува протестнинот марш „За чист воздух“, кој од Министерство за животна средина и просторно планирање ќе продолжи преку...