Свет
Истекува рокот за оставка на тајландската влада
Денеска истекува рокот кој и беше даден на тајландската влада за поднесување на оставка и распишување на предвремени избори од страна на десетици илјади демонстранти на протестите во Бангкок.
Денеска истекува рокот кој и беше даден на тајландската влада за поднесување на оставка и распишување на предвремени избори од страна на десетици илјади демонстранти на протестите во Бангкок.Демонстрантите велат дека, доколку владата не го исполни нивното барање и не поднесе оставка, Бангкок ќе биде преплавен со протести во наредната недела.Досегашните протести засега се мирни и не се регистрирани судири со полицијата.Актуелниот премиер на Тајланд, Абхисит Веџаџива одбива да поднесе оставка и за одржување на неговата влада ангажираше 40.000 припадници на безбедносните сили.Демонстрантите во црвени маици, кои се поддржувачи на поранешниот премиер Таксин Шинаватра сметаат дека сегашната влада е нелегитимна и дека се одржува само благодарение на војската.Тајланд се соочува со политички превирања од 2006 година кога демонстранти во жолти маици започнаа протести против Шинаватра обвинувајќи го за корупција.Шинаватра беше сменет со државен удар и во моментов живее во азил во Дубаи бидејќи е осуден на две години затвор заради злоупотреба на власта, иако неговите следбеници тврдат дека процесот против него е политички мотивиран./крај/фо/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

