Контакт

Свет

Дефект на трансформатор го остави Чиле без струја

Објавено пред

Речиси 17 милиони жители на Чиле синоќа останаа без струја поради целосен колапс на електроенергетскиот систем, предизвикан од дефект на еден трансформатор.

Речиси 17 милиони жители на Чиле синоќа останаа без струја поради целосен колапс на електроенергетскиот систем, предизвикан од дефект на еден трансформатор. Чиле беше во мрак речиси еден час, кога струјата полека почна да се враќа во некои градови, вклучувајќи го и Сантијаго, каде што живеат седум милиони луѓе. Снемувањето струја е уште една несреќа што го задеси Чиле, откако во разорниот земјотрес на 27. февруари загинаа најмалку 497 луѓе. Експертите оценуваат дека дефектот е последица на слабиот преносен систем и не веруваат дека на него влијаел земјотресот. /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Финцитe мајстори во борбата против коронавирусот

Објавено пред

Финска, со население од нешто помалку од 6 милиони жители, е една од земјите кои најдобро се справуваат со пандемијата на коронавирусот. Според Универзитетот „Џон Хопкинс“ , стапката на инфекција во ниедна земја не е толку ниска. Од почетокот на годинава, во Финска се регистрирани 21.216 лица, а 375 починале.

Стратегијата на Финска, но и менталитетот придонеле за успешна борба против инфекцијата.

Кога бројот на заразени луѓе ширум светот почнал да расте, финската влада брзо реагирала и наредила двомесечен карантин. Патувањето во блиските региони беше забрането. Тие исто така ги затворија училиштата и другите институции, а подоцна и рестораните. Ова се случило доста рано, кога бројот на заразени лица во таа скандинавска земја сè уште бил незначителен.

„Финска го запре јавниот живот многу брзо и опширно, така што околу две недели порано од соседните Норвешка и Данска, а да не ја спомнувам Шведска“, рече Мика Салминен, директор на финската здравствена служба TХЛ, за германското радио Дојчландфунк. Така заклучувањето го запре ширењето на вирусот многу брзо.

Финска инсистира на брзо следење на контактот на лицата кои имале контакт со лица кои биле позитивни на коронавирус. Таму, здравствените служби добиле поддршка користејќи апликација. „Корона флеш“ ја има скоро секој втор Финец на својот паметен телефон.

Во Финска, има голема доверба во тамошната влада. Дури и за време на заклучувањето во пролетта, скоро и да немало противење. Според анкетата спроведена од Европскиот парламент во тоа време, 73 проценти од луѓето изјавиле дека добро се справуваат со ограничувањата.

Според анкетата на Европскиот парламент, 23% од Финците изјавиле дека животот им се подобрил за време на пролетната блокада.

„Не сме многу друштвени и сакаме да бидеме сами“, рече социјалниот психолог Нели Ханконен од Универзитетот во Хелсинки.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп ќе го помилува поранешниот советник за безбедност, кој го лажеше ФБИ

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да го помилува поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој во 2017 година призна дека го излажал ФБИ за неговите руски контакти, пренесоа американските медиуми.

Аксиос и Њујорк Тајмс цитираа анонимни извори дека Трамп планира да го вклучи Флин во серија помилувања што ќе ги даде во последните денови од неговиот претседателски мандат.

Тајните разговори на Флин со рускиот амбасадор во Вашингтон во декември 2016 година, пред инаугурацијата на Трамп, беа основа за темелна истрага на специјалниот советник Роберт Милер за мешањето на Москва во изборите во САД една година претходно.

Трамп го отпушти Флин само 22 дена откако дојде на власт. Но, претседателот секогаш тврдел дека истрагата била политички „лов на вештерки“ и дека Флин, поранешен генерал и шеф на Агенцијата за одбрана за разузнавање, бил „добар човек“.

Со многу необичен потег, Министерството за правда го отфрли случајот против Флин во мај оваа година, велејќи дека наводните лаги кон ФБИ не се значајни, носејќи му голема победа на Трамп во политичката партија.

Но, федерален судија нареди понатамошно правно разгледување на прашањето, а помилувањето на Трамп ќе го отстрани случајот од судовите.

Прикажи повеќе...

Свет

Јужнокорејската влада ги повика синдикатите да ги откажат протестите поради коронавирусот

Објавено пред

Јужнокорејските власти ги повикаа синдикатите да ги откажат денешните протести додека земјата се бори против третиот бран на епидемијата и предупредија дека секое кршење на мерките за дистанцирање ќе биде казнето.

Корејската конфедерација на синдикати објави дека 200.000 нејзини членови ќе започнат штрајк, но дека протестите ќе бидат ограничени на девет лица во Сеул, каде се забранети јавни собири на десет или повеќе лица, пренесува Ројтерс.

Десетици членови на синдикатот се приклучија на митинзи на други места, кои не беа предмет на строги услови за социјално растојание, вклучувајќи го и оној во југоисточниот град Чангвон, на кој учествуваа околу 30 лица.

„ Сè уште има висок ризик од инфекција за време на протестите и движењата пред и по протестите“, рече портпаролот на Министерството за здравство, Сон Јанг-ра.

„Важно е да се обезбеди слобода на собирање, но следењето на правилата за заштита на животот на луѓето треба да биде на прво место во сегашната ситуација кога коронавирусот брзо се шири“, предупреди тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 минути

Трамп ќе го помилува поранешниот советник за безбедност, кој го лажеше ФБИ

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да го помилува поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој во 2017 година призна...

Свет54 минути

Бајден: Се уште не сум разговарал со Трамп

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден изјави дека се уште не разговарал со актуелниот претседател Доналд Трамп. Бајден во првото интервју...

Свет1 час

Макрон најави попуштање на мерките

Франција следниот викенд ќе почне со олабавување на мерките против ширењето на коронавирусот, за до Божик продавниците, театрите и кината...

Свет1 час

Австралија ги ублажува мерките, со денови нема нови заразени

Австралиската федерална држава Нов Јужен Велс ќе ги олесни ограничувањата за физичка дистанца и ќе ги отстрани условите за компаниите...

Свет1 час

Големи гужви на аеродромите и центрите за тестирање во САД, во пресрет на Денот на благодарноста

Гужва на аеродромите и редици пред центрите за тестирање покажуваат дека многу Американци планираат да го прослават Денот на благодарноста...

Македонија13 часа

Регистрирани се 1039 нови случаи на Ковид-19, починаа 15 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на...

Свет14 часа

Зошто Путин досега не се вакцинирал?

Рускиот претседател Владимир Путин не може да биде меѓу доброволците кои ќе бидат вакцинирани против коронавирусот до крајот на клиничките...

Свет14 часа

(Видео) Маж со секира држеше во заложништво шест деца во Русија

Маж кој држеше шест деца како заложници во стан во Санкт Петербург, се предаде на полицијата.Во стан во предградијата на...

Македонија15 часа

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Поранешниот пратеник Мухамед Зекири е избран за нов генерален секретар во Владата.Одлуката e донесена на последната владина седница одржана денеска....

Европа15 часа

Старските домови во Шпанија први ќе бидат вакцинирани против Ковид-19

Штитениците и персоналот на домовите за стари лица ќе бидат први вакцинирани против коронавирус во Шпанија, изјави министерот за здравство...

Свет16 часа

САД: Повеќе од 190.000 новозаразени со Ковид-19

Во САД 1.083 лица починаа како последица на Ковид-19 во изминатите 24 часа, додека регистрирани се 190.562 нови случаи на...

Спорт16 часа

Ѓоковиќ најдобар во 2020-та година

Моментно најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја завршува годинава на првата позиција на АТП листата. Тоа му појде од рака...

Топ16 часа

Приведен германски државјанин баран и од Интерпол, кај него пронајдени две исчезнати деца

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага на ул.МАНАПО во Скопје врз основа на издадена меѓународна потерница...

Македонија17 часа

Вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола по фотографиите дека пациент прима инфузија покрај починати лица

Министерот за здравство Венко Филипче побара од ДСЗИ да испрати вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола како би се...

Македонија17 часа

На инфективните одделенија се лекуваат 814 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 814 пациенти позитивни...

Свет18 часа

Во Шведска стапи во сила ограничувањето на јавни собири на најмногу осум луѓе

Во Шведска стапува во сила ограничувањето на јавните собири на најмногу осум лица како мерка во обид да се запре...

Европа19 часа

Германски научници докажаа дека проветрувањето е поефикасно од прочистувачите на воздухот

Кратко отворање на сите прозорци во училницата неколкупати на ден е многукратно поефикасно отколку да користите прочистувач на воздухот, според...

Свет19 часа

Кина тврди дека коронавирусот најпрвин се појавил во Европа, а не во Вухан

Кина користи нова студија за раното скриено ширење на коронавирусот во Италија за да се доведе во сомневање цврсто заснованата...

Свет22 часа

СЗО: Бројот на потенцијални вакцини против коронаворусот се зголеми од 11 на 48

Десетици компании – од стартап до фармацевтски гиганти – се натпреваруваат за производство на безбедна и ефективна вакцина против коронавирусот...

Македонија23 часа

„Медијапул“: Десет незгодни прашања во врска со бугарското вето

Бугарскиот портал „Медијапул“ објави прашања до бугарската влада, кои се однесуваат на блокадата за Северна Македонија, со наслов „Десет незгодни...

Досие