Свет
Ураган и се заканува на Австралија – евакуирани стотици луѓе
Најмалку 300 луѓе се евакуирани од островите Херон и Лејди Елиот на источниот брег на Австралија поради доаѓањето на ураганот Улуи.
Најмалку 300 луѓе се евакуирани од островите Херон и Лејди Елиот на источниот брег на Австралија поради доаѓањето на ураганот Улуи.
Орканската бура е проследена со ветрови од 170 километри на час, а сега е оддалечена околу 1.200 километри од бреговите на кои што се очекува да пристигне за викендот.
Според јачината Улуи е ураган од четврти степен на скалата од максимални пет степени. Ураганот се движи полека и во Австралија ќе ги зафати областите околу градовите Бовен и Гладстоун.
Метеоролошката служба предупреди дека е можно ураганот да крене бранови до десет метри.крај/индекс/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

