Свет
Поранешните полски агенти бараат привилегирани пензии
Над 15.000 поранешни полски агенти и службеници од времето на комунистичкиот режим бараат преку суд да им бидат вратени високите пензии, што од почетокот на годинава им беа намалени со посебен закон.
Над 15.000 поранешни полски агенти и службеници од времето на комунистичкиот режим бараат преку суд да им бидат вратени високите пензии, што од почетокот на годинава им беа намалени со посебен закон. Министерството за внатрешни работи и администрацијата досега до судовите препратија околу 3.500 жалби на пензионери, порано вработени во државните служби за безбедност, а имаат рок од 14 дена да ги проследат и останатите. Законот, по предлог на владата на премиерот Доналд Туск, беше усвоен минатата година и со поддршка на опозицијата, со исклучок на крајно-левичарските партии. Од јануари пензиите се пресметуваат со коефициент 0,7 за целиот стаж, наместо по коефициент 2,6 за бенефициран работен стаж. На удар на законот се околу 41.000 лица, чија месечна пензија од 590 евра и сега е над полскиот просек од 375 евра. Пензионерите се закануваат дека ќе ја тужат државата Полска пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, доколку нивните барања не бидат усвоени. /крај/бета/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украина: Русите го нападнаа Харков, уништени се згради, меѓу повредените има и дете
Украина ги уништи сите 10 беспилотни летала во руски напад во текот на ноќта, но две лица се повредени, а станбени згради во регионот Харков беа зафатени од пожар, соопштија денеска украинските власти.
Воздухопловните сили на Телеграм соопштија дека Русија лансирала и две противвоздушни наведувани ракети. Портпаролот на украинските воздухопловни сили во телевизиски пренос изјави дека руските ракети најверојатно биле насочени кон североисточниот град Харков.
Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, рече дека три станбени куќи биле запалени, а десетици биле оштетени како резултат на рускиот напад, чија цел, според него, била и инфраструктурата и станбените области. На фотографиите што ги објави Синехубов на Телеграм, се гледаат големи пламени јазици од станбените згради.
„Две лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, се ранети во нападот и се на медицинска помош“, рече Синехубов на апликацијата Телеграм.
Ројтерс сè уште не ја потврди независно оваа вест. Москва негира дека цели на цивили во овие „легитимни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура на Украина“.
Свет
Силен земјотрес го погоди Тајван
Тајван беше погоден од земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтер во 9:45 часот.
ЕМСЦ наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и 38 километри оддалечен од Хуалиен, кој има 350.000 жители.
Засега нема информации за значителна материјална штета или жртви.
Европа
Повредени двајца полицајци во Париз кога маж им го украл пиштолот и пукал во нив
Двајца полицајци се повредени во престрелка во полициската станица во Париз, кога на еден од нив му бил одземен пиштолот од маж кој претходно бил приведен поради напад со нож врз жена.
„Полицијата интервенираше и го донесе овде, во полициската станица, и тој потоа му го грабна пиштолот на полицаецот“, изјави началникот на полицијата Лорен Нунес.
Обвинителството соопшти дека еден од полицајците е во тешка состојба, пренесува „Монд“.
Полицијата возвратила, а напаѓачот се здобил со повреди во пределот на градниот кош, по што бил пренесен во болница.
Како што информираат од болницата, животот на напаѓачот не е во опасност.