Свет
Француските пратеници бараат легализација на борделите
Пратениците во француското собрание бараат враќање на борделите во Франција, речиси 60 години по нивната забрана.
Пратениците во француското собрание бараат враќање на борделите во Франција, речиси 60 години по нивната забрана.
„На жените законски треба да им се дозволи да ги продаваат своите сексуални услуги и да плаќаат данок за својата заработката“, вели пратеничката Шантал Брунел од владеачката партија Сојуз за народно движење.
Ова барање за легализација на јавните куќи дојде по истражувањето на јавното мислење кое покажа дека шест од десет Французи сакаат јавните куќи да бидат легални.
„Легализација на јавните куќи ќе ослободи илјадници жени од експлоатација од страна на макроата и криминалците и со тоа ќе им се обезбедат безбедни услови за заработка“, додава Брунел која е предлагач на овој предлог – закон.
„Ваквиот потег ќе им овозможи слободно и легално располагање со приходите, наместо огромни суми од заработените пари да ги исплаќаат на макроата“, посочува француската пратеничка.
Пратеничката нагласи дека предлогот ќе биде сериозно разгледан и разработен и дека за него ќе се расправа и на собраниска комисија до крајот на месецов.
Во Франција до пред 60 години имаше 1.400 законски бордели. Тие беа затворени во 1946 година, кога во сила влезе закон што ја забранува проституцијата.
Јавните куќи се легални во Германија, Холандија и Швајцарија. Тие се толерирани и во Шпанија./крај/те/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

