Свет
Нацистички платен убиец осуден за убиства од 1944 година
Судот во Германија му изрече казна доживотен затвор на Хајнрих Боер, обвинет за убиство на тројца холандски цивили за време на Втората Светска Војна.
Судот во Германија му изрече казна доживотен затвор на Хајнрих Боер, обвинет за убиство на тројца холандски цивили за време на Втората Светска Војна.
Со оваа пресуда 88 годишниот Боер конечно ќе се соочи со казна за своите злосторства, откако повеќе од 60 години успешно ја одбегнуваше смртната казна на која беше осуден во 1949 година.
За време на судењето кое започна во октомври минатата година, Боер признал дека во 1994 година убил три лица додека бил дел од групата на платени убијци „Силбертан“, која се смета за одговорна за смртта на повеќе од 54 лица.
Судијата Герд Нол на крајот на судењето нагласи дека станува збор за кукавички убиства кои се под нивото на чесните војници.
„Јас бев обичен војник и морав да постапам како што ми беше наредено, во спротивно досега ќе бев мртов“ рекол на Боер за време на сослушувањето.
Сепак обвинителството успеа да докаже дека Боер доброволно бил дел од групата на фанатици Вафен СС на која и се приклучил непосредно откако Нацистите го окупирале неговиот роден град Мастрихт.
„Навистина сме задоволни од пресудата и успеавме да покажеме дека сеуште е можно нацистичките злосторници да бидат изведени пред лицето на правдата“, изјави Ефраим Зуроф, еден од главните прогонувачи на нацистите од еврејскиот центар „Симон Визентал“.
Боер на судењето изјавил дека им се приклучил на нацистичките сили инспириран од билборд за регрутација потпишан од Хајнрих Химлер.
Адвокатот на одбраната Гордон Кристјансен соопшти дека ќе поднесе жалба, а Боер ќе остане на слобода се додека не заврши процесот на апелација./крај/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.
Свет
Рама во Вашингтон ќе учествува на формирањето на Одборот за мир
На 19 февруари премиерот Еди Рама ќе биде во Белата куќа во Вашингтон, каде што ќе учествува на официјалното формирање на Одборот за мир.
Ова го потврди лично премиерот за време на неделниот подкаст „Фласим“(зборуваме), отфрлајќи ги тврдењата на опозицијата дека воопшто не е поканет за учество на овој настан.
– Деновиве добив покана од претседателот на Соединетите американски држави, да го посетам Вашингтон и на учествувам на формирањето на Одборот за мир. Значи разбиени се сите лаги кажани дури и во нашиот парламент. Лага се секакви тврдења што денес повторно се прават смешни, велејќи дека не можам да одам, дека не сум поканет, затоа што, затоа што, затоа што, рече Рама.
Всушност, додаде, како што кажав, ќе бидам во Вашингтон за официјалното формирање на Одборот за мир и за почетокот на активноста на тој одбор.
-Привилегија за Албанија е да биде држава-основач на Одборот за мир и нема да придонесува со пари за да се приклучи или да остане како постојан член, туку придонесува со достоинство и со она што ја направило меѓународно почитувана и поканета, за оваа толку високо ниво на дискусија за иднината на мирот, рече Рама.

