Свет
Здравствената реформа во САД повторно пред претставничкиот дом

Законот за реформа во здравствена заштита ќе биде вратен во Претставничкиот дом на повторно одобрување по барање на Републиканската партија.
Законот за реформа во здравствена заштита ќе биде вратен во Претставничкиот дом на повторно одобрување по барање на Републиканската партија. За време на изгласувањето на поголема група закони, два од нив поврзани со студентски заеми не биле донесени во рамките на предвидената соодветна процедура. Во оваа група закони беше изгласан и Законот за здравствено осигурување и поради тоа ќе биде вратен на повторно изгласување во Претставничкиот дом. Историскиот закон за здравствено осигурување беше донесен со 219 гласа “За“ и 212 “Против“, без поддршка на републиканците. Со него, здравствено осигурување дополнително добиваат околу 32 милиони Американци, што преставува најголема промена во историјата на американскиот здравствен систем. /крај/bbc/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Голема свадба на синот на Рамзан Кадиров: Дијамантски часовник од 27 милиони долари, златен пиштол и луксузен Мерцедес

Седумнаесетгодишниот син на лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, Адам Кадиров, се ожени со девојка по име Медни, за која се верува дека е роднина на пратеникот во Думата, Адам Делимханов, близок сојузник на Кадиров.
Свадбата траела три дена, од четврток до сабота, и се одржала во селото Ахмат-Јурт , родното место на семејството Кадиров.
Според неофицијални информации, Медни е ќерка на чеченскиот сенатор Сулејман Геремеев, исто така близок сојузник на Кадиров и роднина на Делимханов. Наводно, бракот бил склучен уште на 8 јуни 2024 година.
Подготовките за прославата траеле со месеци, а покани биле испратени и до делегации од Блискиот Исток, вклучувајќи го и амбасадорот на ОАЕ во Русија, Мохамед Ахмед Ал Џабер, кој го прекинал одморот во Абу Даби за да присуствува на настанот во Грозни, пишува „Новаја Газета“, повикувајќи се на извор од руското Министерство за надворешни работи.
Свадбата наводно била одложувана двапати, при што една од причините била желбата на Рамзан Кадиров неговиот син Адам да има приватна средба со претседателот на Русија, Владимир Путин. Се споменува и дека првично била планирана заедничка свадба со постариот син Зелимхан (Ели) минатото лето, но Кремљ тоа не го одобрил поради возраста на Адам.
Рамзан Кадиров преку својот канал на Телеграм соопшти дека претседателот Путин лично му честитал на семејството за свадбата, за што изразил „искрена благодарност“.
Сепак, најголемо внимание привлекоа луксузните детали: на раката на Адам Кадиров бил забележан скап часовник Jacob & Co. Billionaire Ashoka со 320 дијаманти, проценет на околу 27,7 милиони долари. Според пресметките на Марија Певчих од руската антикорупциска организација ФБК, просечен граѓанин на Чеченија би требало да работи повеќе од 1.500 години без да потроши ни денар за да може да си го дозволи тој часовник.
Командантот на специјалната единица „Ахмат“, Апти Алаудинов, исто така го привлекол вниманието со својот часовник, за кој се претпоставува дека е Badollet Observatoire 1872 Chronograph, со цена до 320.000 долари.
Видеа од свадбата го прикажуваат Адам Кадиров како вози специјална верзија на Mercedes G-класа, модел кој е забранет за увоз во Русија и чини околу 190.000 долари. На истите снимки се гледа и како пука со златен пиштол во воздух – што е забрането со рускиот закон, особено бидејќи се работи за малолетник и за употреба на вистинско оружје во свечени прилики.
Иако е малолетен, Адам Кадиров веќе извршува повеќе функции: тој е шеф на безбедносната служба на својот татко, од април 2025 година е секретар на Советот за безбедност на Чеченија и надзорник на Министерството за внатрешни работи и универзитетот за специјални сили. Тој е и носител на бројни државни одликувања и титулата Херој на Чеченската Република.
Регион
Зошто плажата Посиди важи за една од најопасните во Грција

Плажата Посиди се наоѓа на западниот брег на првиот прст на Халкидики – Касандра, отприлика на половина пат низ полуостровот. Се протега како ’рт што длабоко навлегува во морето и изгледа навистина магично на фотографии и снимки.
Но, зад таа убавина се крие и опасност. Посиди важи за една од најопасните плажи во Грција поради силните морски струи кои можат лесно да одвлечат пливачите, особено оние кои се неискусни или недоволно внимателни. Плажата е долга меѓу еден и два километри, и е дива – без кафулиња, лежалки и чадори, што ја прави уште поизолирана и потенцијално ризична.
Јавноста добро го памети трагичниот настан од пред три години, кога три млади момчиња од Македонија се капеа на оваа плажа и ги одвлекоа силните струи. Настанот се случил за време на забава на плажа, кога тројцата решиле да влезат во морето. Силниот ветер и морските струи ги повлекле. Едното момче било брзо пронајдено, второто – по дури 19 часа поминати во морето – било спасено благодарение на топка која ја носел ветрот, за која се држел сè до доаѓањето на спасувачите. Третото момче, за жал, никогаш не беше пронајдено, и покрај интензивната потрага.
Според грчкиот весник „Етнос“, освен Посиди, за особено опасни плажи во Грција важат и:
Лаларија (остров Скијатос),
Матала (остров Крит),
Нас (остров Икарија),
Хорефто (регион Пелион),
Платиа Амос (остров Кефалонија),
Калами (остров Китира).
На овие локации потребна е особена претпазливост, дури и кога морето изгледа мирно. Природата е убава, но мора да се почитува.
Свет
Трамп: На Украина ќе ѝ требаат „Патриот“ ракети за одбрана

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека на Украина ќе ѝ требаат ракети „Патриот“ за својата одбрана, откако во петокот разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, и изрази разочараност поради одбивањето на рускиот претседател Владимир Путин да стави крај на борбите, пренессе „Ројтерс“.
Трамп им рече на новинарите дека имал добар телефонски разговор со Зеленски, но повтори дека бил многу незадоволен од повикот со Путин, нарекувајќи го рускиот лидер незаинтересиран за прекин на огнот.
На прашањето дали САД ќе се согласат да испорачаат дополнителни ракети „Патриот“ на Украина, како што побарал Зеленски, Трамп изјави: „Ќе им требаат за одбрана… Ќе им треба нешто, бидејќи се под жестоки удари.“
Тој ги пофали ракетите „Патриот“ како „навистина неверојатно оружје“.
На прашање за изгледите за прекин на огнот, Трамп изјави: „Тоа е многу тешка ситуација… Бев многу незадоволен од мојот повик со претседателот Путин. Тој сака да оди до крај, само да продолжи да убива луѓе – тоа не е добро.“
Зеленски, во порака на Телеграм, рече дека се согласиле да работат на зголемување на капацитетите на Украина за „одбрана на небото“, како одговор на засилените руски напади. Тој додаде дека разговарале и за заедничко производство, набавки и инвестиции со американската страна.
Украина подолго време бара од Вашингтон нови системи „Патриот“ што ги смета за клучни во одбраната на градовите од засилените воздушни напади од Русија. Одлуката на САД да прекинат со некои пратки на оружје веќе предизвика предупредувања од Киев дека тоа ја намалува нивната способност за одбрана.
Германија, пак, објави дека е во разговори за купување на ракети „Патриот“ за да го надополни вакуумот.
Извор информиран за повикот меѓу Трамп и Зеленски за Ројтерс изјавил дека по „многу добриот разговор“, постои оптимизам дека снабдувањето со ракети може да продолжи.
Трамп изјави дека разговарал и со германскиот канцелар Фридрих Мерц за украинското барање, но дека сè уште не е донесена одлука за испорака на напредните ракети.
Според американскиот медиум Axios, повикот траел околу 40 минути, а Трамп му рекол на Зеленски дека ќе провери каква е состојбата со американското оружје што требало да биде испратено во Украина.
Во своето вечерно видео-обраќање, Зеленски потврди дека тој и Трамп се согласиле да организираат средба меѓу нивните тимови за зајакнување на воздушната одбрана.
„Имавме многу детална дискусија за заедничко производство. Тоа ѝ е потребно на Украина, но и на Америка,“ рече Зеленски.
Во минатото, Украина доби системи „Патриот“ и муниција од САД како дел од помошта за време на мандатот на тогашниот претседател Џо Бајден.