Свет
Бизнисмени, адвокати и судии во спрега против новинарите
Во добар дел од случаите
против новинарите тужителите ги застапува адвокатската канцеларија ‘Поленак’, а
суди судијата Никола Ивановски, посочија на вчераШната прес конференција
тужените новинари и уште еднаш побараа декриминализација на клеветата
Во добар дел од случаите
против новинарите тужителите ги застапува адвокатската канцеларија ‘Поленак’, а
суди судијата Никола Ивановски, посочија на вчераШната прес конференција
тужените новинари и уште еднаш побараа декриминализација на клеветата, з
Група новинари кои се
обвинети или осудени за клевета поради информациите што ги објавиле во нивните
медиуми вчера на прес конференција обвинија дека ги губат споровите бидејќи е
направена спрега од бизнисмени, адвокати и судии против новинарите. Тие им
забележуваат на дел од судиите дека случаите со новинарите експресно ги
завршуваат, дека не им дозволуваат на обвинетите новинари да ги кажат своите
докази, а паралелно со тоа се соочуваат со ноќни приведувања, вербални закани
од некои од тужителите, па дури и со оштетување на нивниот имот. Новинарите
бараат декриминализација на клеветата, зашто главно добиваат тужби за клевета
или за нарушување на угледот.
"Осудена сум на три месеца затвор и две години условно за прилогот за
‘Еуростандард банка’ . Симптоматично е што во добар дел од случаите против
новинарите тужителите ги застапува адвокатската канцеларија ‘Поленак’, а суди
судијата Никола Ивановски", рече на вчерашниот прес Ида Протуѓер, уредник
во телевизија "Канал 5".
Кај истата адвокатска канцеларија и кај истиот судија се и предметите против
новинарката на "Вест" Александра Стојановска која ја тужи
"Реплек" за случајот нерегистрирани лекови и министерот Владо Димов
за случајот ласерски нож набавен од Реплек. Таа го посочи примерот кога по
тужбата од Димов (кога не беше министер) била приведена во четири часот наутро,
а околу зградата на нејзината редакција чекале полицајци да ја приведат кога ќе
дојде на работа.
И Лилјана Ѓоргиева од "Сител" е осудена на парична казна од 63.500
денари по тужбата од кратовскиот педијатар Душко Павловски.
"Не ни беше дозволено да ги презентираме нашите докази, а за изјавите на
родителите кои ни кажуваат за нивните семејни трагедии докторот Павловски
велеше дека биле давани во алкохолизирана состојба. Во мојот случај тужителот
за адвокат го одбра Ратко Ѓоргиевски, сопругот на министерката за правда Мери
Младоневска Ѓоргиевска. Ние новинарите најдобро ја чувствуваме македонската
правда", рече вчера Лилјана Ѓоргиевска.
Меѓу тужените новинари е и Мирјана Панова од "Канал 5" која ја тужи
директорот на Градската хируршка болница во Скопје Божидар Ефтимов.
"Имав притисоци дека тужителот немало да се смири се додека не ме види во
затвор и покрај тоа што веднаш по мојот прилог му беше објавен неговиот демант.
Дури и до моето семејство доаѓаат кажувања дека тужителот од мене ќе барал
оштета од 50 илјади евра и дека ако требало ќе оди дури и до Врховен суд.
Откако случајот со Ефтимов доби еполог мојот автомобил беше уништен, но не
обвинувам никого бидејќи немам докази", вели Панова.
"Спрега од бизнисмени, адвокати и судии, но, ние новинарите не сме
плачковци и не сакаме да бидеме заштитени мечки туку сакаме праведно
судење", рече вчера главниот и одговорен уредник на "Канал 5"
Ацо Кабранов.
Новинарите велат дека ништо нема да ги поколеба. За се ќе ги известат
странските амбасади во Македонија, Европската асоцијација на новинарите,
Републичкиот судски совет и ЗНМ. ОБСЕ се понудил и ќе следи дел од судските
постапки против новинарите.
Е.Златков
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Орбан: Нападите од Украина врз мене достигнаа ново ниво
Украинскиот претседател директно се вклучи во изборната кампања на Унгарија со напаѓање на нејзината влада, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Тој рече дека политичките напади од Украина достигнаа ново ниво, објави унгарската новинска агенција МТИ.
„Кога претседателот (Володимир) Зеленски ме напаѓа лично затоа што не го поддржуваме забрзаното пристапување на Украина во Европската Унија, тој всушност ја доведува во прашање суверената одлука на унгарскиот народ“, тврди лидерот на Фидес.
Орбан верува дека Унгарците покажаа дека не сакаат Украина да стане дел од ЕУ во анкетата Vox2025. Ова е владина иницијатива за необврзувачка национална консултација спроведена во 2025 година. Во земја со околу 9,6 милиони луѓе, владата тврди дека 2,2 милиони луѓе учествувале во анкетата.
„Како премиер на Унгарија, моја должност е да ги исполнувам одлуките на унгарскиот народ. И ќе го правам тоа, одново и одново, без разлика дали на претседателот Зеленски му се допаѓа или не“, заклучи Орбан.
Премиерот на Унгарија, земја која беше исклучително зависна од руската енергија пред војната во Украина, и за која критичарите велат дека не е подготвена да се откаже од оваа поповолна финансиска опција, неодамна ја прогласи Украина за „непријател“ на Унгарија.
„Украинците мора да престанат постојано да бараат во Брисел да се прекине протокот на евтина руска енергија кон Унгарија“, рече Орбан минатата недела.
„Додека Украина го прави ова, таа е наш непријател“, заклучи унгарскиот премиер, кој ја посети Москва најмалку три пати од почетокот на офанзивата во Украина.
Орбан ги претставува изборите во април како одлука „за војна или мир“, а аналитичарите веруваат дека тој одлучил да се фокусира на украинското прашање во кампањата за да избегне да зборува за унгарската економија, која стагнира по зголемената инфлација.
фото/Depositphotos
Регион
Радев со највисок рејтинг во Бугарија, покажува анкета
Новата политичка формација, предводена од досегашниот претседател Румен Радев, би добила 25,6 отсто поддршка доколку изборите се одржат денес, покажува анкета на „Маркет Линкс“, спроведено од 7 до 13 февруари 2026 година на примерок од 1.019 полнолетни испитаници. Истражувањето е реализирано во соработка со „БТВ“.
ГЕРБ–СДС е втора политичка сила со 15,4 отсто, по што следуваат ПП–ДБ со 12,5, ДПС – Нов почеток со 10,5 проценти и „Преродба“ со 4,5 отсто. Под изборниот праг од 4 проценти остануваат неколку помали партии.
Според анализата, новата формација на Радев најголем дел од поддршката ја добива преку прелевање гласови од постојните парламентарни партии, но и од гласачи кои не учествувале на изборите во октомври 2024 година.
Истражувањето покажува дека довербата во Радев по напуштањето на претседателската функција пораснала за 6–7 процентни поени.
Во однос на излезноста, 56 отсто од испитаниците изјавиле дека сигурно би гласале на евентуални предвремени избори, што укажува на можност за повисока мобилизација во споредба со претходните изборни циклуси.
Свет
Објавена е конечната листа: 305 светски познати личности поврзани со Џефри Епстин
Министерството за правда на САД ги објави сите досиеја поврзани со Џефри Епстин, вклучувајќи и дефинитивен список од 305 истакнати имиња што се појавија во документите.
Главниот обвинител на САД, Пам Бонди, објави дека сите досиеја поврзани со Џефри Епстин се официјално објавени, вклучувајќи милиони е-мејлови, фотографии и документи поврзани со еден од најконтроверзните кривични случаи во последните децении.
Како дел од официјалниот извештај доставен до Конгресот на 14 февруари, Министерството за правда објави конечен список од 305 истакнати поединци кои се појавиле барем еднаш во документите.
На списокот се наоѓаат политичари, претприемачи, актери, пејачи и други јавни личности – живи и починати. Меѓу имињата што привлекоа најголемо внимание се Доналд Трамп, Џеј Ди Венс, Мишел Обама, Марко Рубио, Клинтонови, Бил Гејтс, Бијонсе, Шер, Брус Спрингстин, Џеј Зи, Роберт Де Ниро, Дајана Рос, Мелинда Гејтс, Такер Карлсон и Меган Маркл.
Министерството за правда на САД јасно истакнува:
„Да бидеш именуван во досиејата на Епстин не подразбира никаква вина или поврзаност со неговите гнасни злосторства на сексуална злоупотреба на деца.“
Бонди и нејзиниот заменик, Тод Бланш, дополнително нагласија дека имињата се појавуваат во широк спектар на контексти, што значи дека самото споменување не подразбира кривична одговорност.

