Свет
Земјотрес го погоди Перу – нема жртви
Земјотрес со јачина од 5.3 степени, според Рихтеровата скала во текот на ноќта го погоди тихоокеанското крајбрежје на Перу.
Земјотрес со јачина од 5.3 степени, според Рихтеровата скала во текот на ноќта го погоди тихоокеанското крајбрежје на Перу.
Според сеизмолозите, епицентарот на земјотресот се наоѓал на 240 километри северозападно од главниот град Лима.
Засега нема информации за жртви или за евентуални материјални штети, соопшти Државниот институт по геофизика во Лима.
Потресот бил регистриран нешто после 3 часот наутро по средноевропско време, на 85 километри од градот Уармери на длабочина од 40 километри под површината на земјата.
Перу се наоѓа на т.н. Огнен појас каде што се случуваат 85 отсто од земјотресите во светот.
На истиот појас се протега и Чиле, каде пред точно еден месец катаклизмичен земјотрес го разруши главниот град Сантјаго, а бројот на жртвите се искачи на седумстотини./крај/бг/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

