Свет
Ватикан треба да го укине целибатот
Пензионираниот италијански кардинал Карло Мариа Мартини изјави дека Римокатоличката црква треба да ја разгледа можноста за укинување на целибатот.
Пензионираниот италијански кардинал Карло Мариа Мартини изјави дека Римокатоличката црква треба да ја разгледа можноста за укинување на целибатот.
Наместо “задолжителната чедност“ на свештениците, во иднина треба да се спречат случаите на сексуална злоупотреба на децата и со тоа да се врати разнишаната верба во Римокатоличката црква, смета 83 годишниот кардинал.
Неговата изјава е дадена по повод педофилските скандали кои изминативе недели ја тресат католичката црква низ целиот свет, како и неодамнешното јавно произнесување на Папата Бенедикт XVI за педофилијата на свештениците, што прв пат во историјата беше спомната и осудена.
Сепак освен отворената осуда во папското писмо на Бенедикт XVI никој од обвинетите свештеници за педофилија се уште не е санкциониран./крај/индекс/да
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

