Свет
Грабнат уште еден брод во Аденскиот залив
Уште еден товарен брод со 24 член екипаж кој пловел под панамско знаме денеска е киднапиран на 15 километри од Јеменското пристаниште во Аденскиот залив.
Уште еден товарен брод со 24 член екипаж кој пловел под панамско знаме денеска е киднапиран на 15 километри од Јеменското пристаниште во Аденскиот залив.
Ова го соопштија воено -поморските сили на НАТО и ЕУ прецизирајќи дека се работи за брод со носивост од 4.500 тони.
“Сосема е извесно дека бродот е грабнат од сомалиските пирати кои биле забележани во моментот додека го одвлекувале кон брегот на Сомалија“, се цели во соопштението од поморскиот центар на НАТО.
Сопствениците на “Ајсберг1“ потврдија дека бродот бил грабнат на 15 километри оддалеченост од Аденскиот залив и дека сеуште не се знае судбината на морнарите./крај/бгнес/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

