Свет
Ден на жалост во Русија – Путин најави уништување на терористите
Руските власти денеска прогласија Ден на жалост по вчерашните терористички напади на две жени самоубијци во московското метро, во кои загинаа 39 луѓе, а повеќе од 72 се повредени.
Руските власти денеска прогласија Ден на жалост по вчерашните терористички напади на две жени самоубијци во московското метро, во кои загинаа 39 луѓе, а повеќе од 72 се повредени. Првиот напад на станицата на подземната железница Љубљанка, сместена под седиштето на Руската разузнавачка служба ФСБ, поранешно КГБ, се случил неколку минути пред осум часот, а по 45 минути следел нов напад на станицата Парк на културата. Според соопштение на ФСБ, двете бомби ги детонирале жени самоубијци, кои го носеле експлозивот завиткан околу телото. Руските власти се сомневаат дека зад нападот стојат терористички групи од северен Кавказ. Рускиот претседател Дмитриј Медведев по нападот најави зајакнување на безбедносните мерки во јавниот превоз во Русија, како и остри акции против тероризмот. Рускиот премиер Владимир Путин, кој поради нападот порано се врати од посетата на Сибир, изјави дека терористите одговорни за нападот ќе бидат „најдени и уништени“. Повеќе светски лидери го осудија вчерашниот терористички напад во Москва. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

