Свет
Сомалиските пирати киднапираа седум индиски брода
Индија денеска соопшти дека се обидува да открие каде се околу сто морнари, кои се наоѓале на седум индиски трговски бродови, а кои биле киднапирани пред неколку дена од сомалиските пирати.
Индија денеска соопшти дека се обидува да открие каде се околу сто морнари, кои се наоѓале на седум индиски трговски бродови, а кои биле киднапирани пред неколку дена од сомалиските пирати.
„Морнарите кои биле во малите трговски бродови се киднапирани во изминатите неколку дена и се обидуваме да дознаеме што се случило со нив.„ изјави помошникот капетан.
Според првичните информации индиските бродови пловеле кон Обединетите арапски емирати кога ги киднапирале пиратите.
За киднапираните бродови биле известени од членовите на посадата на друг брод кој неодамна бил ослободен.
Индиската морнарица има воен брод стациониран во Аденскиот залив, кој што досега ги спречил десетината обиди за киднапирање на бродови и кој редовно ги следи бродовите што поминуваат во овој регион.
Сомалиските пирати ги засилија нападите во изминатите неколку месеци и добија повеќе од десет милиони долари од откуп на бродовите, што ги киднапираат./крај/бета/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Знакот „Холивуд“ во опасност, пожарот се заканува на повеќе знаменитости
Последниот пожар што го зафати врвот на познатиот Холивуд Хилс ги принудува жителите да се евакуираат, а луѓето во близина треба да се подготват да заминат, изјави командирот на противпожарната служба на Лос Анџелес, Ерик Скот.
Воздушните снимки од локалната телевизиска станица KABC покажуваат дека пожарот гори на врвот на еден рид, додека пожарникарите очајнички се борат да го изгаснат пламенот што се шири кон југ.
„Морате да се евакуирате навреме. „Не чекајте некој да ви каже“, рече Скот. „Луѓето сега се многу свесни за опасноста и ако видите или намирисате чад, подгответе се да си заминете“.
This was a fantastic water drop in the Hollywood Hills Sunset Fire from one of the aerial firefighting planes.
👏👏👏👏👏👏👏👏👏👏 pic.twitter.com/P3YQpdS80H
— Art Candee 🍿🥤 (@ArtCandee) January 9, 2025
Овие ридови се дом на некои од најпознатите симболи на Лос Анџелес, како што е холивудскиот знак. Во близина е опсерваторијата Грифит, отворена од 1935 година. Меѓу знаменитостите во зоната за евакуација се Холивуд Боул, како и театарот Долби и кинескиот театар TCL, кои се наоѓаат во внатрешноста на прометниот трговски центар.
„Додека возев низ Холивуд, видов многу луѓе како бегаат од своите домови со она што може да го носат. Некои од нив реагираа бурно“, пишува репортер на Би-Би-Си кој неодамна слета во Лос Анџелес.
„Дали сте тука да им помагате на луѓето? „Каде да одам?“ ме праша Ана Валдман додека излегував од автомобилот. „Каде е безбедно?
„Над нас се слушаа сирени, а звуците на хеликоптери одекнуваа низ воздухот“.
🚨 BREAKING: New fire just exploded in Hollywood Hills
That’s 5 major wild fires in Los Angeles in 36 hours
10s of 1000s of acres burned, 100,000 people displaced, 5 dead, dozens injured, countless wildlife and helpless animals killed.
Now it looks like that’s just the… pic.twitter.com/QcToWDTHc7
— Lauren Lee (@sheislaurenlee) January 9, 2025
Додека и помагав да стигне на безбедно, таа ми кажа дека ги шетала своите кучиња и планирала да застане до продавницата кога почувствувала силен мирис на чад“, пишува новинарот.
Се вратила дома, погледнала низ прозорецот и видела како пожарот брзо се шири низ Холивуд Хилс до еден блок од нејзината куќа.
Спакувала што можела: храна, облека, ќебиња и храна за нејзините три мали кучиња.
„Не можам да верувам дека ова се случува“, рече таа исцрпено.
Џексон (26) стоела на аголот од улицата со својот две и пол годишен син Рамари во рацете додека чекале да биде превезена. Тие биле евакуирани од прифатилиштето за бездомници кое било во опасност од пожар.
„Тие само ни рекоа да излеземе и да заминеме“, рече таа.
Додала дека отишла во средното училиште во Холивуд, каде и била укажана дополнителна помош.
Свет
Богатство од Триесетгодишната војна пронајдено скриено во статуа во црква во Германија
Реставраторите на познатата готска црква во Германија открија богатство скриено во статуа од пред речиси 400 години.
Четирите вреќи со монети од 1600-тите најверојатно биле скриени за време на Триесетгодишната војна, кога шведските војници често ја ограбувале областа.
Откритието раскажува неверојатна приказна, вели Улф Дрегер, куратор и шеф на оддел во покраината Саксонија-Анхалт. Реставраторите ги пронајдоа парите и богатството пред две години, но откритието беше објавено неодамна.
Богатството било скриено во ногата на една од статуите во црквата Свети Андреј во Ајслебен. Токму во црквата Мартин Лутер, протестантскиот реформатор кој напиша 95 тези против корупцијата во Римокатоличката црква, ги одржа своите последни четири богослужби во 1546 година.
Сто години подоцна, околу 1640-тите, некој ја користел црквата како засолниште за богатство. Во шупливиот крак на статуата од песочник биле скриени четири полни вреќи со 816 монети.
„Чудо е што богатството не беше откриено порано“, вели Дрегер, пренесува РТС.
Ќе биде потребно долго време за експертите за монети да ја проценат вредноста на целото богатство, но првата проценка сугерира дека тоа е од голема вредност.
„Далеку повеќе отколку што би можел да заработи вешт мајстор за една година“, додава Дрегер.
Највредните монети биле завиткани во хартија и означени така што се знаело дека припаѓаат на црковната ризница.
„Сепак, ова не се пари од донации за време на неделните богослужби, туку она што свештениците го собраа од специјалните служби – свадби, крштевки и погреби“, објасни Дрегер.
Свет
Славниот Харисон Форд вознемирен, бил принуден да ја напушти вилата вредна 12 милиони долари
Познатиот актер Харисон Форд се појави вознемирен откако беше принуден да се евакуира поради шумските пожари што го опустошија Лос Анџелес.
Во средата, 82-годишниот актер беше виден како го паркира својот автомобил пред неговата населба Брентвуд. Во еден момент влегол во полициско возило но се вратил за да провери во каква состојба е неговиот луксузен дом, кој го купил во 2011 година за 12,6 милиони долари.
Harrison Ford talks to cops while trying to reach Brentwood home as Palisades Fire tears through Los Angeles https://t.co/H9nr0QXHYv pic.twitter.com/JtC5qlQpKG
— New York Post (@nypost) January 9, 2025
Откако полицијата го вратила во безбедно место, Форд делувал уште позагрижено и им се придружил на соседите кои исто така биле евакуирани од своите домови.
Изгледа дека славниот „Индијана Џонс“ побегнал со празни раце од областа опустошена од пожар за време на задолжителната евакуација. Актерот е виден облечен во фармерки, темна маица и капут, а не бил придружуван од сопругата Калиста Флокхарт и децата.