Контакт

Свет

Снежно невреме во Британија

Објавено пред

Обилни врнежи од снег и силни ветрови во Шкотска и северна Англија оставија илјадници домови без електрична енергија и го блокираа сообраќајот во земјата.

Обилни врнежи од снег и силни ветрови во Шкотска и северна Англија оставија илјадници домови без електрична енергија и го блокираа сообраќајот во земјата. Од метеоролошката служба информираат дека невремето ќе продолжи. На одделни места се очекува до 30 сантиметри снег. Денешниот пролетен снег е меѓу најсилните во последните 30 години во Британија. Поради невремето, илјадници домови во Шкотска и северна Англија останаа без електрична енергија. Патниот и железничкиот сообраќај беше во застој. /крај/reuters/ач



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Црна Гора на лекар само со лична карта

Објавено пред

Од денеска црногорските осигуреници ќе можат да ја користат новата лична карта како здравствена книшка.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сеад Ширгиќ, објасни дека за тоа е потребна верификација, што се врши во Фондот со нова лична карта и пин и пун добиени во плик од Министерството за внатрешни работи при преземањето на документот.

Во Фондот е предвидено да се актиира документот, пренесува порталот РТЦГ.

Прикажи повеќе...

Свет

Во Индонезија 2.800 лица евакуирани поради вулканска ерупција

Објавено пред

Вулкан во источна Индонезија, кој избувна во неделата, исфрлајќи пепел на 4.000 метри, ги принуди локалните жители да се евакуираат. Евакуирани се околу 2.800 луѓе од најмалку 28 села во близина на вулканот Или Левотолок, изјави Радиа Џати, портпарол на Министерството за вонредни ситуации. Не е пријавен ниту еден случај на настрадан или повреден, објави „Ројтерс“.

Министерството за транспорт издаде соопштение авионите да ја заобиколуваат областа, а локалниот аеродром е затворен бидејќи пепелот паднал врз зградата и пистата.

Ерупциите на вулканот започнаа во октомври 2017 година. Тој е висок 5.423 метри и е еден од 120-те активни вулкани во Индонезија.

Прикажи повеќе...

Европа

Над 180 лица приведени на протестите во Белорусија

Објавено пред

Групата за човекови права во Белорусија, „Вијасна“ тврди дека повеќе од 180 лица биле приведени за време на денешните протести против претседателот Александар Лукашенко.

Протестите се одржаа во Минск и во други градови и привлекоа илјадници луѓе. Во Минск, големи групи луѓе се собраа во различни делови на градот и покрај снежното време и на таканаречениот „Марш на соседите“ ги блокираа патиштата во некои области, пренесува АП.

„Сосед за сосед против диктатурата“, беше напишано на главниот транспарент.

Полицијата употреби солзавец и шок бомби за да разбие дел од толпата во Минск, а некои демонстранти биле потиснати во станбени дворови и тепани со пендреци, соопшти Центарот за човекови права „Вијасна“.

Според групата, повеќе од 180 лица се приведени низ целата земја.

Пред митингот, во центарот на Минск беа видени водени топови, оклопни возила и полициски комбиња. Неколку метро-станици се затворени, а пристапот до интернет е ограничен.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион7 минути

Во Црна Гора на лекар само со лична карта

Од денеска црногорските осигуреници ќе можат да ја користат новата лична карта како здравствена книшка. Директорот на Фондот за здравствено...

Свет18 минути

Во Индонезија 2.800 лица евакуирани поради вулканска ерупција

Вулкан во источна Индонезија, кој избувна во неделата, исфрлајќи пепел на 4.000 метри, ги принуди локалните жители да се евакуираат....

Македонија31 минута

Снег на Попова Шапка и Страцин

Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка и Страцин, но без...

Македонија46 минути

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 11 градови

ВМРО-ДМНЕ најави дека денеска ќе протестира во 11 градови. „Продолжуваме, заедно со народот против продажбата на татковината. Народот се буди...

Македонија12 часа

Починаа 32 пациенти, 820 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на...

Свет15 часа

СЗО: Лажните вести може да ја загрозат вакцинацијата против Ковид-19

Уште во февруари, кога пандемијата на коронавирус брзо се рашири, Светската здравствена организација (СЗО) предупреди за поплава од дезинформации и...

Македонија16 часа

Заев: Во ЕУ ќе влеземе како Македонци кои зборуваат македонски јазик

Македонскиот народ секогаш бил и ќе биде со поглед напред, вели премиерот Зоран Заев во објава на социјалните мрежи, посветена...

Македонија18 часа

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 44 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно...

Македонија20 часа

Борисов за ФАЦ: Можен е компромис, но мора да се познава и историјата

Единствената земја, која го посакува почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ повеќе од Германија, е Бугарија, вели...

Македонија21 час

Филипче: Бидете максимално одговорни во претстојниот период на слави и прослави

Министерството за здравство апелира до граѓаните во периодот на слави кој престои максимално да бидат одговорни и да ги почитуваат...

Македонија22 часа

Рикер до Заев: САД ја поддржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ, ве охрабруваме да барате решение

Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент, Филип Рикер, во писмо до премиерот Заев истакнува...

Свет22 часа

Кинеското вселенско летало е во орбитата на Месечината и се подготвува да слета

Кинеските власти објавија дека вселенското летало Change-5 успешно влезе во орбитата на Месечината и се подготвува да слета, како дел...

Регион23 часа

Вучиќ свика итен состанок поради случувањата во Црна Гора

Српскиот претседател Александар Вучиќ закажа состанок со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ за да разговараат...

Европа23 часа

(Видео) Полицијата употреби сила против демонстрантите во Полска

Полицијата ја спречи протестната прошетка на демонстрантите во Варшава, додека ширум Полска се одржаа демонстрации против ограничувањето на правото на...

Европа24 часа

(Видео) Протести и апсења низ Европа

Повеќе од 155 лица беа уапсени во Лондон за време на протестите организирани против рестриктивните мерки насочени кон спречување на...

Спорт1 ден

Дуелот Тајсон – Џонс заврши нерешено, „челичниот“ побара реванш

Рано утринава, во егзибициски меч во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес 54-годишниот Мајк Тајсон се врати во рингот по пауза...

Македонија1 ден

Нови подводни истражувања во Охридското Езеро

Кон крајот на октомври успешно беше реализиран проектот „Подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро“ чиј...

Свет1 ден

Една крвна група е поотпорна на Ковид-19 од другите

Голема студија направена во Канада нуди докази дека луѓето кои имаат нулта крвна група или се Rh-негативни, имаат помал ризик...

Македонија1 ден

Заев: Доста беше омраза, јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од...

Македонија2 дена

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на...

Досие