Свет
Јемен: 40 затвореници побегнаа по експлозија во затвор

Бомба експлодира во затвор во јужен Јемен, при што беа повредени четворица затвореници, а 40 побегнале.
Бомба експлодира во затвор во јужен Јемен, при што беа повредени четворица затвореници, а 40 побегнале. Според сведоци на настанот, побегнатите се членови на јеменското сецеонистичко движење, што се спротиставува на владеењето на претседателот Али Абдула Салех. Насилството во Јемен е зголемено во последните месеци поради судирите меѓу сепаратистите и безбедносните сили. Северниот и јужниот дел на Јемен се обединија во 1990-та година, но многумина во јужниот дел, каде е сконцентрирана нафтената индустрија, сметаат дека северот ги злоупотребува нивните ресурси. /крај/reuters/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Гејтс: Вештачката интелигенција го „брише“ пазарот на трудот, само три професии ќе преживеат

Коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, како и бројни светски извештаи, укажуваат дека вештачката интелигенција неповратно го менува пазарот на трудот. Автоматизацијата станува сеприсутна, особено кога станува збор за едноставни, повторувачки задачи, но транзицијата кон „економија на вештачка интелигенција“ мора внимателно да се управува за да се избегнат сериозни последици за работната сила.
Гејтс постојано нагласуваше дека развојот на технологијата на вештачка интелигенција го менува начинот на кој луѓето работат, но исто така и дека отвора нови прашања, првенствено за тоа во кои сектори луѓето остануваат незаменливи.
За Гејтс, програмирањето е многу повеќе од техничко знаење, тоа е модерна форма на писменост. Без програмери, вештачката интелигенција не би постоела. Иако вештачката интелигенција може да генерира код денес, сепак ѝ е потребна човечка контрола и експертско водство.
Токму програмерите имаат задача да откриваат грешки во системите, да препознаваат и корегираат потенцијални пристрасности и да интегрираат етички стандарди. Гејтс нагласува дека без овие чекори, автоматизираните системи многу лесно можат да станат непредвидливи или дури и опасни.
Брзиот напредок во биотехнологијата, генетскиот инженеринг и персонализираната медицина ги стави биолозите во центарот на современите иновации. Гејтс верува дека автоматизацијата тука има ограничен опсег.
Човечката проценка останува критична при донесување сложени одлуки за здравствена заштита, толкување на биомедицински податоци или реагирање на здравствени кризи.
– Биологијата стана наука на нашето време – вели Гејтс, нагласувајќи колку е важна експертизата во свет каде што вештачката интелигенција не може да ја замени емпатијата, интуицијата и сложеното разбирање на живите системи.
Во ерата на борбата против климатските промени и транзицијата кон обновливи извори, експертите од енергетскиот сектор играат клучна улога. Гејтс потсетува дека луѓето се тие што развиваат технологии како што се заробување на јаглерод диоксид и користење на зелен водород.
Според глобална студија спроведена заеднички од Меѓународната организација на трудот (МОТ) и полскиот истражувачки институт НАСК, генеративната вештачка интелигенција може да влијае на дури 25% од сите работни места во светот.
Сепак, извештајот не предвидува масовно укинување на работните места, туку трансформација на начинот на работа. Занимањата што вклучуваат рутински, административни задачи се најмногу изложени на ризик, додека професиите што бараат високо ниво на експертиза – како што се програмирање, биологија и енергетика – покажуваат значителна отпорност.
Заклучокот од студијата е дека вештачката интелигенција нема целосно да ги замени луѓето, туку ќе ја промени природата на многу работни места. Работните места во кои проценката, креативноста и флексибилноста се клучни, ќе останат во доменот на човечката работа, и тоа уште долго време.
Фото: принтскрин
Свет
(Видео) Шумски пожари беснеат низ цела Франција, пожарникарите беспомошни: „Вака не било 80 години“

Француските пожарникари втор ден по ред се борат со најголемиот шумски пожар во последните речиси осум децении, кој проголта 16.000 хектари шума, загина едно лице, а неколку други се водат како исчезнати.
„Пожарот досега не е ставен под контрола“, изјави за BFM TV, Кристоф Мањи, еден од водачите на операцијата за гаснење пожари во јужниот француски регион Од.
A massive forest fire in Aude, southern France 🇫🇷 (06.08.2025)
Over 16,000 hectares have burned, and 25 houses and 40 cars have been destroyed. pic.twitter.com/4lBrldVWAd
— Disaster News (@Top_Disaster) August 6, 2025
Пожарот во близина на границата со Шпанија започна претходно оваа недела и веќе опустоши област поголема од Париз. Властите предупредуваат дека тоа е најголемиот шумски пожар од 1949 година.
Шпанија се бори и со разорни пожари, особено на самиот југ од земјата каде што пожарот се приближи до туристичкото одморалиште Тарифа. Таму се евакуирани неколку хотели и станбени згради, како и пет илјади возила. Локалните медиуми велат дека се евакуирани и 1.500 луѓе.
Научниците предупредуваат дека потоплите и посуви лета создаваат поголем ризик од шумски пожари во медитеранскиот регион. Според Европската комисија, 353.000 хектари изгореле во 1.478 пожари во Европа од почетокот на годината.
Службата за климатски промени „Коперник“ на ЕУ денес соопшти дека минатиот месец бил третиот најтопол јули на Земјата откако започнале да се водат евиденции, вклучувајќи рекордно висока температура од 50,5 степени целзиусови во Турција.
Фото: ЕПА
Регион
Словенците воведуваат скратена работна недела за оние што се блиску до пензија

Од 1 јануари 2026 година, во Словенија делумно ќе стапи во сила закон кој претставува вистинска револуција на пазарот на трудот. Освен зголемување на надоместоците за невработеност и јавни работи, како и олеснување на пристапот до пазарот на трудот за младите, студентите, но и пензионерите, законот ќе им овозможи на лицата кои се блиску до пензија да ја намалат работната обврска.
Конкретно, работниците постари од 58 години, како и оние со најмалку 35 години работен стаж, практично ќе можат да изберат помеѓу слободен петок, или скратен работен ден во траење од шест часа, потврдија од Министерството за труд, семејни и социјални прашања и еднакви можности за словенечките медиуми.
Според моделот наречен 80-90-100 – што значи 80 отсто работно време, 90% плата и 100% уплатени придонеси – Словенија делумно ќе ги преземе искуствата на земји како Исланд, Ирска и Германија. Во овие земји ваквите закони довеле до позитивни ефекти како зголемена продуктивност, помалку отсуства од работа и поголема ефикасност. Словенците веќе имаат неколку пилот-проекти, претежно во технолошки компании, кои покажале слични резултати.
Од Министерството за труд најавија дека, доколку измените се покажат успешни, ќе се оди во насока на дополнителна либерализација на прописите. До крајот на 2028 година се очекуваат и промени како додаток за работа во сабота, задолжителен божиќен бонус за сите вработени, па дури и воведување на 38-часовна работна недела.
Во оваа прва рунда на измени донесени се и други мерки. Така, од 2026 година невработените Словенци ќе имаат повисоки надоместоци за невработеност. Максималниот износ што ќе го примаат во првите три месеци по отказ или раскин на договорот за работа ќе изнесува 130 проценти од просечната бруто минимална плата во државата, што моментално е нешто повеќе од 1660 евра. Ако ни по три месеци не најдат нова работа, ќе имаат право на 110, па 100 отсто, па сè до 70 проценти од просечната бруто минимална плата.
Значајни промени и зголемени надоместоци ги очекуваат и учениците, студентите и учесниците во јавни работи, кои покрај повисоки минимални часовни тарифи ќе имаат и подобрени работни услови. Планирани се и стимулации за вработување на невработени лица постари од 59 години во износ од 40 проценти од месечниот нето надоместок, а оваа категорија ќе има право на зголемен број дозволени часови за привремена или повремена работа. Месечното ограничување за работа на пензионерите се зголемува од 60 на 85 часа месечно, соодветно со зголемување на максималниот годишен приход.
Законот на крајот беше усвоен по итна постапка бидејќи неговото донесување беше услов за повлекување 140 милиони евра европски средства за таа цел.