Свет
Медведев во ненадејна посета на Дагестан
Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска пристигна во ненајавена посета на Дагестан, ден по двократниот самоубиствен напад во нестабилната кавскаска република, соопшти портпаролот на Кремљ.
Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска пристигна во ненајавена посета на Дагестан, ден по двократниот самоубиствен напад во нестабилната кавскаска република, соопшти портпаролот на Кремљ.
Медведев по доаѓањето изјави дека треба да се превземат нови остри и строги антитерористички мерки.
„Списокот на мерките за борба против тероризмот треба да се прошири. Тие мерки не треба да бидат само ефикасни туку и постри, строги и превентивни“ рече Медведев по доаѓањето во дагестанскиот град Махачкала.
Тој на состанокот со лидерите на севернокавскаскиот регион, кој ги вклучува водачите на Дагестан, Ингушетија и Чеченија нагалси дека треба да се казнат напаѓачите.
Со Медведев отпатуваа и министрите за внатрешни работи на Русија, Рашид Нургалијев и шефот на руската безбедносна служба, Александар Бортников.
Во дагестанскиот град Кизлјари вчера во две експлозии загинаа 12 лица, а 27 беа повредени, а ноќеска во експолозија на автомобил во западниот дел на Дагестан загинаа две лица, а едно е тешко рането.
Во московвско метро во понеделник во две екслполиии загинаа 39 лица, а 80 беа ранети.
Премиерот, Владимир Путин не ја исклучува можноста дека терористичките напади ги извршила истата група. /крај/блиц/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Трамп, Обама, Буш и Клинтон присуствуваа на државниот погреб на Џими Картер
Поранешниот американски претседател Џими Картер, кој мораше да се справи со лошата економија и заложничката криза и беше почитуван за својата работа по напуштањето на Белата куќа, беше човек кој ги ставаше чесноста и добрината над политиката, истакнато е на неговото државно испраќање во Вашингтон.
Стотици ожалостени луѓе, вклучително и пет американски претседатели, сегашни и поранешни, се собраа на државниот погреб во Националната катедрала во Вашингтон. Ковчегот на Картер, обвиен со американско знаме, го внесе воена почесна стража откако два дена беше изложен во Капитол.
„Пријателството на Џими Картер и неговиот живот ме научија дека силата на карактерот е повеќе од титулата или моќта што ја имаме. Тоа е силата да се разбере дека сите луѓе треба да се третираат со достоинство, почит и дека секој заслужува еднаква можност.” рече претседателот Џо Бајден во својот проштален говор, пренесуваат медиумите.
Бајден рече дека Картер значително ги променил работите и дал пример за примерен ангажман по завршувањето на неговиот претседателски мандат. Претседателот во заминување рече дека животот на Картер е „приказна за човек кој никогаш не дозволил политичката плима да го одвлече од неговата мисија да му служи и да го обликува светот“.
„Човекот имаше карактер. Тој ни покажа како карактерот и вербата започнуваат од нас самите, а потоа се влеваат кај другите“, рече Бајден. На државниот погреб присуствуваа новоизбраниот претседател Доналд Трамп и поранешните претседатели Барак Обама, Џорџ Буш и Бил Клинтон.
Присуствуваа и канадскиот премиер Џастин Трудо, новоизбраниот потпретседател Џеј Ди Венс и синот на Бајден, Хантер, како и поранешните потпретседатели Ал Гор и Мајк Пенс. Картер, кој беше претседател од 1977 до 1981 година, почина на 29 декември 2024 година, на 100-годишна возраст.
Свет
(Видео) Калифорниските власти повлекоа 395 пожарникари од затвор за да помогнат во гаснењето на шумските пожари
Стотици пожарникари, кои исто така се затвореници, помагаат во борбата против разорните пожари кои веќе неколку дена беснеат во Јужна Калифорнија, пишува „Гардијан“.
🚨 Horrifying videos of Malibu, California, reveal the intensity of the Palisades Fire 🔥
It’s out of control ‼️ No containment.
Streets are filled with firefighters battling a 3,000-acre wildfire that is ravaging expensive homes costing $4.5m on average #PasadenaFire… pic.twitter.com/poY2fAnBCV
— Lenka Houskova White (@white_lenka) January 8, 2025
Калифорниското одделение за казни и рехабилитација вчера објави дека распоредило 395 затвореници, пожарникари во 29 тимови додека округот се бори со повеќекратни, неконтролирани пожари поттикнати од екстремни ветрови и суви услови. Тимови од затвореници работат со калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари и со речиси 2.000 професионални пожарникари, кои се преоптоварени од повеќе итни случаи одеднаш.
This is California.
Instead of investing in fire protection the government has spent hundreds of billions to make sure other parts of the world look exactly like this.
It’s time to focus on home. pic.twitter.com/DLwjjGhyQd
— ADAM (@AdameMedia) January 9, 2025
Според Гардијан, Калифорниското одделение за казни и рехабилитација управува со повеќе од 30 „пожарникарски кампови“ низ целата земја, каде што затворениците отслужуваат казни и добиваат обука за гасење пожари, обезбедувајќи им поддршка на властите за време на пожари, поплави и други катастрофи. Овие кампови се сметаат за минимално обезбедени објекти, пишува Гардијан.
Video of the moment my friend and I abandoned his house after we tried to save what we could. Please be praying for him and his family @orlylistens
Location: North of Rustic Canyon#cawx #PalisadesFire #fire #California pic.twitter.com/fie6Ywkmz3
— Tanner Charles 🌪 (@TannerCharlesMN) January 8, 2025
Калифорнија, која се соочува со подолги и поразорни сезони на пожари поради климатската криза, долго време се потпира на затворениците во реакцијата на шумските пожари. Екипите на Калифорниското одделение за казни и рехабилитација понекогаш сочинуваа и до 30% од противпожарната сила на државата.
Свет
(Фото) Куќата на Џон Гудман изгоре до темел, сцените се нереални
Во Лос Анџелес беснеат шумски пожари, а бројни познати личности мораа да ги напуштат своите куќи. Многумина ги загубија своите домови, вклучувајќи го и актерот Џон Гудман, најпознат по неговите улоги во серијата Roseanne и филмот The Flintstones.
До темел изгоре куќата на познатиот актер, а фотографиите од пустошот што го остави пожарот го обиколија светот. Домот на актерот се наоѓал во Пацифик Палисадес, елитна област во Лос Анџелес која беше зафатена во огромен пожар.
Куќата со пет спални и пет бањи актерот ја купил пред седум години, а нејзината вредност се проценуваше на 4,6 милиони долари. Ништо не останало од неговата куќа која порано зафаќала 5.250 квадратни метри.
Актерот повремено живеел таму со сопругата Ана Бет Гудман, со која е во брак од 1989 година. Заедно ја имаат 34-годишната ќерка Моли Еванџелин Гудман. Семејството се уште не ја коментирало катастрофата.