Свет
Запален Благодетниот оган во Ерусалим

Во храмот Божји гроб во стариот град на Ерусалим беше запален благодетниот оган, пренесе Итар Тасс. Неколку минути откако ерусалимскиот православен патријарх Теофилос III ја кажа молитвата во Храмот, се запали таинствениот оган кој бликнал од Божјиот гроб.
Во храмот Божји гроб во стариот град на Ерусалим беше запален благодетниот оган, пренесе Итар Тасс.Неколку минути откако ерусалимскиот православен патријарх Теофилос III ја кажа молитвата во Храмот, се запали таинствениот оган кој бликнал од Божјиот гроб.
За да нема и сомневање за измама, т.е. за постоењето на земно учество во палење на огнот насекаде биле поставени израелски полицајци.
Се смета дека во првите минути по палењето, огнот не емитува топлина и не согорува.
Благодетниот оган се шири од свеќа на свеќа меѓу верниците во храмот и надвор од него, пред да биде пренесен во сите христијански земји./крај/бгн/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ердоган доаѓа во Киев на покана од Зеленски – наскоро нова рунда преговори?

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во наредните денови ќе ја посети украинската престолнина Киев, на покана на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува агенцијата Turkiye Gazetesi, повикувајќи се на украинскиот амбасадор во Анкара, Нариман Џелјал.
Амбасадорот Џелјал најави дека еден од главните фокуси на средбата ќе биде ратификацијата на Договорот за слободна трговија помеѓу Турција и Украина.
Очекувањата се дека разговорите ќе го опфатат и ангажманот на Анкара за мирно решавање на војната во Украина.
По трите претходни рунди преговори што се одржаа во Истанбул, Ердоган изрази оптимизам дека наскоро може да се случи нова рунда преговори меѓу Украина и Русија, насочена кон ставање крај на конфликтот.
Третата рунда разговори беше одржана на 23 јули во Истанбул. Беше договорена размена на затвореници, но не беше постигнат значаен напредок кон прекин на огнот.
Ердоган неколкупати изјави дека Турција е подготвена да организира средба на високо ниво, штом бидат создадени потребните услови. Потенцијалната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски би била прва директна средба по 2019 година, кога дискутираа за прекин на борбите во источниот регион Донбас.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, исто така потврдил дека би присуствувал на таков состанок, доколку до него дојде.
Путин неодамна изрази подготвеност да се сретне со Зеленски, веднаш штом двете делегации ги завршат неопходните подготовки.
Свет
Сѐ повеќе луѓе остануваат без работа поради вештачката интелигенција – најголем удар врз младите

„Мајкрософт“ годинава отпушти повеќе од 15.000 луѓе, од кои 9.000 само во јули – што е околу 7 отсто од вкупната глобална работна сила – и покрај тоа што забележа квартален профит зголемен за речиси 25 проценти и пазарна вредност што ја надмина границата од 4 трилиони долари.
Извршниот директор Сатја Надела вели дека „Мајкрософт“ напредува одлично, но паралелниот бран отпуштања отвора прашања за иднината на работата во ерата на вештачката интелигенција (ВИ), пишува „Фајненшлл тајмс“.
Според анализата на уредничката Анјли Равал, улогата на ВИ во корпоративното реструктурирање станува сѐ поочигледна. Компаниите веќе не се задоволуваат со тоа да прават повеќе со помалку луѓе – сега се подготвуваат за период во кој за голем дел од работните позиции едноставно повеќе нема да има потреба.
ВИ е сѐ поприсутна, а работните места исчезнуваат
Иако деловните лидери тврдат дека ВИ ги редизајнира работните места, бројките говорат поинаку. „Интел“ и „БТ“, меѓу другите, објавија илјадници отпуштања директно поврзани со вештачката интелигенција. „Мајкрософт“ иако тоа не го наведува експлицитно, истовремено отпушта илјадници вработени додека бележи рекордна добивка. Порано, отпуштањата се претставуваа како неопходно зло, но денес директорите ги претставуваат како знак на напредок, наведува „Фајненшл тајмс“.
Во технолошката индустрија, приходот по вработен стана престижна мерка. Американскиот стартап-акцелератор „Ј Комбинатор“, преку кој поминаа компании како „Ербиенби“ и „Дропбокс“, ја промовира идејата дека успешна фирма може да се изгради со само неколкумина вработени. Финансиските медиуми истакнуваат дека стартапите често се фалат со милионски приходи, иако имаат минимални тимови.
Алтман: Наскоро компанија вредна милијарда долари со само еден вработен
Коосновачот на „Опен АИ“, Сем Алтман, предвиде дека наскоро може да се појави компанија вредна милијарда долари, управувана од само една личност. Иако тоа сѐ уште звучи футуристички, големите јазични модели како „Чат ГПТ“, „Џемини“ и „Грок“ веќе го менуваат пазарот на трудот – особено во канцелариските работи. Многу позиции веќе се укинати бидејќи, според компаниите, „тие задачи повеќе не постојат“.
„Фајненшл тајмс“ наведува пример на голема ревизорска компанија која со помош на ВИ го скратила времето за изработка на извештаи за 75 отсто и „ослободила“ 3.600 часа аналитичка работа. И вработувањето на програмери драстично е забавено.
Најпогодени се младите
Равал предупредува дека цели слоеви на пониски позиции исчезнуваат, а со нив и традиционалните патеки за кариерен развој. Најпрвин се укинуваат почетните работни позиции и практикантства, но полека исчезнуваат и многу места во средниот менаџмент.
„Растот на ВИ може да го ограничи закрепнувањето на вработувањето во некои административни улоги“, вели за ФТ, Дирк Хан, извршен директор на меѓународната агенција за вработување „Хајс“.
Вредноста на универзитетските дипломи станува сѐ пооспорувана, а кариерните патеки стануваат искривени и нелинеарни. Фриленсингот и краткорочните ангажмани дополнително го фрагментираат пазарот на труд – а ВИ го забрзува овој тренд.
Дали сведувањето на работната сила на минимум е навистина поотпорно?
Помал број луѓе значи пониски трошоци и побрза реализација, но и потенцијално послаба отпорност на шокови – како прекини во синџирите на снабдување или заминување на стручни кадри. Равал го наведува примерот на шведската компанија „Кларна“, која отпушти илјадници вработени, но сега тестира враќање на луѓе во корисничката поддршка бидејќи ВИ-системите потфрлиле при реална интеракција со клиентите.
Технолошките претприемачи кои промовираат фирми со минимален број вработени потценуваат колку што деловните процеси и корпоративната култура се всушност засновани на човечки односи и интеракција. Иако ВИ навистина може да преземе рутински задачи, треба повторно да се научиме да го цениме она човечко – креативноста, емоционалната интелигенција и сложеното расудување, пишува ФТ.
Но тоа е можно само ако вложуваме во оние што ги носат тие квалитети и ја подготвуваме новата генерација работници – а моментално многу врати се затвораат пред воопшто да има шанса да бидат отворени, заклучува авторката.
Свет
Синот на Нетанјаху го навреди катарскиот емир и неговата мајка: Модерен Хитлер и Гебелс

Јаир Нетанјаху, синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, го нарече емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани, и неговата мајка Моза бинт Насер – „модерен Хитлер и Гебелс“.
Според објавата на платформата Икс (поранешен Твитер), тој напиша:
„Катар е главната сила зад брановите на антисемитизам каков што не сме виделе од 1930-тите и 1940-тите. Катар е модерна нацистичка Германија. Секој Евреин во светот е во сериозна опасност поради децении катарско оцрнување на Евреите и еврејската држава, поддржано со милијарди долари што тие ги вложуваат.“
Оваа изјава доаѓа во момент кога повторно има застој во преговорите за заложниците, каде посредува Катар.
Американскиот сенатор Марко Рубио неодамна ги отфрли критиките кон Катар, нагласувајќи дека Доха одиграла корисна улога во тие преговори.
Критичарите укажуваат на блиските врски на Катар со Хамас и неговото финансирање на појасот Газа, што, според нив, индиректно ѝ овозможило на организацијата да го зајакне својот арсенал за напади врз Израел.
Катар возвраќа дека и Израел и САД лобирале кај нив да исплаќаат средства за да се избегне хуманитарна криза во Газа.
Во меѓувреме, неколку помошници на израелскиот премиер се под истрага за наводни активности поврзани со заливската држава.