Свет
Пронајдено телото на еден морнар во Јужна Кореја
Спасувачите денеска го пронајдоа телото на еден од 46-те морнари кои сеуште се водат како исчезнати по нападот на бродот на јужнокорејската морнарица во близина на границата помеѓу двете Кореи, минатиот петок.
Спасувачите денеска го пронајдоа телото на еден од 46-те морнари кои сеуште се водат како исчезнати по нападот на бродот на јужнокорејската морнарица во близина на границата помеѓу двете Кореи, минатиот петок.
Пронајденото тело е идентификувано и се работи за високиот офицер Нам Ки Хон. Морнарскиот брод „Цеонан“ потона по експлозијата на 26-ти март а 58 членови на екипажот беа спасени вклучувајќи го и капетанот но 45 морнари сеуште се сметаат за исчезнати.
Причината за експлозијата на бродот сеуште се утврдува а првичните шпекулации беа дека можеби бродот бил торпедиран од Северна Кореја, нешто што северните соседи не го коментираа до сега. /крај/хина/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

