Свет
Ахмадинеџад повторно прогнозира смрт на Израел
Евентуална нова казнена операција на Израел врз појасот Газа, само ќе ја доближи еврејската држава до сигурна смрт, изјави иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.
Евентуална нова казнена операција на Израел врз појасот Газа, само ќе ја доближи еврејската држава до сигурна смрт, изјави иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад. Тој, обвинувајќи ги Израелците дека бараат секаков повод да ја нападнат Газа, рече дека ционистите, и оние што им помагаат, извршиле доволно напади. Изјавите на Ахмадинеџад следат како одговор на предупредувањето упатено од страна на израелскиот вицепремиер Силван Шалом, кој се закани со нова операција во појасот Газа, доколку не престане ракетирањето врз Израел. Иран, кој не го признава Израел, е еден од главните поддржувачи на палестинското движење Хамас, кое управува со појасот Газа. /крај/бг/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

