Свет
Сомалиските пирати ослободија два индиски брода со 26 морнари
Сомалиските пирати ослободија два од осумте индиски бродови кои ги киднапираа во изминативе недели, тие пуштија 26 морнари, соопшти претставникот на службата која е одговорна за бродопловство во индиската држава Гуджарат.
Сомалиските пирати ослободија два од осумте индиски бродови кои ги киднапираа во изминативе недели, тие пуштија 26 морнари, соопшти претставникот на службата која е одговорна за бродопловство во индиската држава Гуджарат.
Во саботата беше пуштен еден брод со 15 члена од екипажот и втор беше ослободен во неделата со 11 морнари на бродот, прецизира Казам Али.
Од еден од бродовите е сменета целосно неговата опрема, а од вториот е истечено горивото.
Околу 80 индиски морнари останаа како заложници на шестте други индиски бродови кои пиратите ги држат во близина на Сејшели.
Индија, чија трговска флота често е објект на пиратски напади крај сомалиските брегови, испратила воени бродови во регионот.
Се смета дека во текот на изминатата година сомалиските пирати заработиле околу 60 милиони долари од платен откуп за ослободување на киднапирани бродови./крај/бг/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Чувствувам дека срцето ми се крши на милион парчиња“: Парис Хилтон објави видео од домот кој изгоре до темел
Парис Хилтон на социјалните мрежи објави видео од остатоците од нејзиниот дом што изгореа во разорниот пожар во Лос Анџелес.
Парис ги растажи своите следбеници со видеото од нејзиниот дом на плажа во Малибу, за кое платила повеќе од осум милиони долари во 2021 година.
View this post on Instagram
Невиден пожар во Лос Анџелес и ја уништи куќата, а наследничката на богато семејство и се обрати на јавноста со емотивни зборови.
„Стојам овде во она што некогаш беше наш дом и срцето ми е скршено. Кога првпат ја видов веста, бев во целосен шок – не можев да ја прифатам. Но, сега, додека стојам овде и гледам со свои очи, се чувствувам како срцето да ми се скрши на милион парчиња. Домот не беше само место за живеење – тоа беше место каде што сонувавме, се смеевме и ги создававме најубавите спомени како семејство. Тоа беше место каде што малите раце на Феникс создадоа уметност што ќе ја негувам засекогаш, каде љубовта и животот го исполнија секој агол. Да се види како се претвора во пепел, поразително е и неописливо.Толку многу луѓе изгубија сè. Не се само ѕидовите и покривите – спомените се тие што ги направија овие куќи домови. Ова се фотографии, спомени, незаменливи делови од нашите животи“, напиша таа и додаде дека и покрај се, се чувствува благословена што нејзините најблиски се безбедни.
Регион
Земјотрес во Црна Гора: се тресеше во близина на Будва
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово во 8 часот и 18 минути ја погоди Црна Гора.
Епицентарот на земјотресот бил на 41 километар од Подгорица и 7 километри од Будва. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти EMSC.
Засега нема информации за материјална штета.
Свет
(Видео) Чад го покрива Лос Анџелес, воздухот е загаден
Квалитетот на воздухот во Јужна Калифорнија достигна „нездраво“ ниво поради шумските пожари што ја полнат атмосферата со чад и пепел. Во Сан Марино, во близина на пожарот Итон, индексот на квалитетот на воздухот во петокот по полноќ беше 431, спаѓајќи во категоријата „опасна“ – највисоко ниво на скалата за квалитет на воздухот.
Предупредувањата се на сила во поголемиот дел од регионот, при што многу населби известуваат за „нездрави“ услови. Професорката по епидемиологија, Ен Римоин, предупреди на сериозни здравствени последици.
Ситните честички можат да навлезат длабоко во белите дробови, а најзагрозени се луѓето со хронични заболувања, трудниците и младите.