Свет
Белата куќа демантираше вмешаност во изборните резултати во Авганистан
Белата куќа ги оцени како “невистинити” неодамнешните изјави на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи со кои тој ги обвини западните земји дека учествувале во фабрикувањето на
Белата куќа ги оцени како “невистинити” неодамнешните изјави на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи со кои тој ги обвини западните земји дека учествувале во фабрикувањето на резултатите од изборите во земјата.
Ваквото обвинување доаѓа во момент на затегнати односи меѓу САД од една и авганистанскиот претседател од друга страна.
Вашингтон за првпат јавно го критикуваше актуелниот претседател Карзаи за неговиот настап и начинот на кој настапи на последните претседателски избори.
“Изјавите на Карзаи, кој ги обвини ОН и САД за мешање во внатрешната политика, ни најмалку не одговараат на реалноста“, истакна пред новинарите портпаролот на претседателот Барак Обама, Роберт Гибс./крај/бгнес/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Данската премиерка се сомнева дека Трамп ќе се обиде да го заземе Гренланд со сила
Данската премиерка Мете Фредериксен рече дека не верува дека новоизбраниот претседател Доналд Трамп би се обидел да го заземе Гренланд со сила.
„Немаме причина да веруваме дека тоа ќе се случи“, рече данската премиерка.
Фредериксен рече дека се обидува да воспостави разговори со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за неговите изјави за преземање контрола врз Гренланд.
„Гренланд им припаѓа на Гренланѓаните“, рече Фредериксен, додавајќи дека Данска е отворена за дискусии за американските интереси на Арктикот, пренесува Anadolu.
Претходно, Фредериксен се сретна со лидерите на политичките партии во данскиот парламент, вклучително и двајца претставници од Гренланд, за да ги информира за начинот на кој владата се справува со настаните.
„Предложивме разговор. „Мислам дека ништо конкретно нема да се случи пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател“, рече Фредериксен.
Трамп, чија инаугурација е на 20 јануари, повторно го покрена контроверзното прашање на платформата Truth Social.
„Гренланд е неверојатно место и луѓето ќе имаат огромна корист ако и кога ќе стане дел од нашата нација. Ќе го заштитиме од многу злобниот надворешен свет. Направете го Гренланд повторно голем“, напиша Трамп.
Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен изјави во средата дека островот нема амбиции да стане сојузна држава во рамките на Соединетите држави.
Регион
На полноќ почнува изборниот молк пред вториот круг од претседателските избори во Хрватска
Денеска е последниот ден од кампањата во Хрватска во пресрет на вториот круг од претседателските избори в недела на 12 јануари, а на полноќ стапува во сила изборниот молк.
Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи, а тие ќе одлучуваат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац (ХДЗ со партнерите).
Гласачките места ќе бидат отворени в недела од 7 до 19 часот.
Свет
Неверојатна сцена во Лос Анџелес: пожарот запре токму пред вилата на Том Хенкс
Куќата на Том Хенкс во Лос Анџелес за чудо сè уште постои.
Имотот вреден 26 милиони долари, кој 68-годишниот актер и неговата сопруга Рита Вилсон го купиле во 2010 година, за влакно избегна пожар во Лос Анџелес и остана недопрен. Огнената стихија буквално застанала пред нивниот двор.
Додека домот на Хенкс со четири спални соби и пет бањи изгледа недопрен, огромната вила покрај ридот над неговата куќа била уништена од пожарот, пишува „Пејџ сикс“. Том и Рита сѐ уште не се огласиле во јавноста за пожарот, но најверојатно морале да се евакуираат.
Чет Хенкс, синот на Том и Рита, претходно се огласи на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
„Населбата во која пораснав сега буквално гори до темел. Молете се за Палисадес“, напиша 34-годишникот на социјалните мрежи.