Свет
ЕУ ги осуди нападите во Пакистан
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Катрин Ештон го осуди самоубиствениот напад за време на политички митинг во Северозападен Пакистан и обидот за напад врз конзулатот на САД во Пешавар
„Високиот претставник на ЕУ ги осудува нападите во Пакистан и насилството, што е обид за поткопување на демократијата и на целиот регион“, се вели во изјавата на Ештон.Во изјавата се изразува сочувство на семејствата на жртвите во нападите и солидарност со пакистанските власти.Најмалку 41 лице загина во нападот на бомбаш-самоубиец на митинг на Националната партија – Авами, движење што го држи мнозинството во локалниот парламент на Северозападната гранична провинција и ја раководи извршната власт во провинциската престолнина Пешавар.Во обидот за напад врз конзулатот на САД во Пешавар се убиени четворица од напаѓачите и двајца Пакистанци од обезбедувањето, а многу други чувари се повредени, соопшти амбасадата на САД во Исламабад.Пакистанските талибанци уништија девет автоцистерни со гориво за силите на НАТО во Авганистан.Нападот врз автоколона на Алијансата е извршен во реонот на Хајберскиот теснец во Северозападен Пакистан, одкаде минува единствената во моментот копнена маршрута за доставка на гориво и лекарства за силите на НАТО во Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.