Свет
Најмалку 25 загинати, 10 исчезнати во рудник за јаглен во САД
Најмалку 25 рудари загинаа, а 10 се заробени стотина метри под површината во експлозијата што се случи во понеделникот во подземен рудник за јаглен во американската сојузна држава Западна Вирџинија.
Најмалку 25 рудари загинаа, а 10 се заробени стотина метри под површината во експлозијата што се случи во понеделникот во подземен рудник за јаглен во американската сојузна држава Западна Вирџинија.
Спасувачките екипи во вторник стигнаа до оддалечениот рудник на фирмата Мејси Енерџи (Massey Energy), Апер Биг Бренч (Upper Big Branch), изјави Кевин Стриклин, раководител на сојузната Управа за безбедност на рудниците.
„Мораме што поскоро да дојдеме до преживеаните“ рече Стриклин.
Тој изрази надеж дека рударите кои ја преживеале експлозијата успеале да дојдат до затворените комори во кои има доволно храна, вода и кислород за да можат да преживеат неколку дена.
Причината за експлозијата не е позната, но се претпоставува дека станува збор за метан, бидејќи во рудникот и претходно имало помали несреќи предизвикани од неправилната вентилација на метан.
Спасувачките екипи пронајдоа докази дека рударите користеле залихи на кислород од складиштето во рудникот.
Загрижените членови на семејствата одведени се во управната зграда на компанијата, каде пристапот на новинарите им е забранет.
Последните години американските инспектори на оваа фирма и изрекоа повеќе од 382.000 долари казни поради кршење на правилата за вентилација на рудникот. /крај/хи/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

