Свет
Затворен меѓународниот аеродром во Багдад
Меѓународниот аеродром во Багдад е затворен, но причините за тоа се уште не се потврдени, соопштија припадници на контролните пунктови на аеродромот.
Меѓународниот аеродром во Багдад е затворен, но причините за тоа се уште не се потврдени, соопштија припадници на контролните пунктови на аеродромот.
Вработените на аеродромот ги задржале сите патници, а влез во Багдад добиле само службени лица.
Припадниците на обезбедувањето и персоналот на аеродромот дадоа различни причини за затворањето на терминалот.
Медиумите шпекулираат дека можеби станува збор за терористички закана, со оглед на фактот дека во бомбашки напади во изминатите неколку дена во Багдад загинаа најмалку 60 лица, а над 300 беа повредени./крај/бгн/иа/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мел Гибсон ја изгуби куќата во пожарот во близина на Лос Анџелес
Актерот Мел Гибсон откри дека неговиот дом е уништен во шумските пожари во Лос Анџелес. Во тоа време, тој беше во Тексас и го снимаше подкастот на Џо Роган. Рече дека неговиот имот во Малибу целосно изгорел и го критикуваше гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом за ситуацијата.
„Тоа е емотивно, се разбира. Моите работи беа таму, сега се во пепел“, изјави тој за News Nation. Тој вели дека му било многу непријатно за време на снимањето на целото интервју со Роган бидејќи му било лошо што бил таму додека му гори маалото.
„Се прашував дали мојата куќа сѐ уште е таму. Кога се вратив, се разбира, мојата куќа ја немаше“, додаде тој.
Актерот вели дека интензитетот на уништувањето целосно го шокирал.
„Целосно изгорено. Никогаш не сум видел такво нешто“, вели тој. Гибсон живеел таму 15 години. Откри дека изгореле и куќите на неговите соседи, вклучувајќи ја и онаа на актерот Ед Харис.
Пожарите го опколија Лос Анџелес. Официјалните лица потврдија најмалку 10 смртни случаи, но се стравува дека бројот на загинати ќе се зголеми. Десетици илјади луѓе беа евакуирани, околу 10.000 домови беа уништени, а штетата се проценува на десетици милијарди долари.
Свет
Судот смета дека Трамп е виновен за плаќањата кон порно актерката Даниелс, но нема да биде казнет
Судот во Њујорк пресуди во случајот на премолчена исплата на поранешниот и идниот претседател Трамп на порно актерката Сторми Даниелс. Судијата Хуан Мерчан безусловно го ослободи Трамп по сите 34 точки од обвинението. Тоа значи дека судот признава дека обвинетиот е технички виновен, но оценува дека во конкретниот случај не е потребна кривична санкција.
Безусловното ослободување значи дека Трамп нема да добие парична казна, условна или затворска казна.
„Ви посакувам се најдобро додека го преземете вториот мандат“, му рече судијата на Трамп.
Мерчан пред судот изјави дека безусловното ослободување е „единствената законска пресуда, без прекршување на највисоката должност во земјата“.
За време на судењето, Доналд Трамп седеше на иста маса опкружен со неговиот тим адвокати. Во првиот ред зад него обично имаше барем еден член на семејството и неколку републиканци кои доаѓаа да понудат поддршка.
Поранешниот и идниот претседател беше прогласен за виновен во мај по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни досиеја и прикривање исплата од 130.000 долари на порно ѕвездата Даниелс во последните недели од неговата прва кампања во 2016 година.
Трамп е првиот поранешен претседател на САД кој е обвинет и првиот поранешен претседател кој е прогласен за виновен за кривично дело.
Свет
Шолц го блокира испраќањето нов пакет-оружје за Украина
Германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц денеска го блокира предлогот за испраќање дополнителен пакет-помош за Украина во форма на оружје, кое се проценува на три милијарди евра, објави денеска „Дер шпигел“.
Планот наводно бил претставен од страна на министерката за надворешни работи, Аналена Бербок, и министерот за одбрана, Борис Писториус, како сигнал за непоколебливата поддршка на Германија за Украина.
Целта беше да ѝ се обезбедат на Украина клучни системи за оружје вклучувајќи три дополнителни батерии за противвоздушна одбрана „Ирис-Т“, 10 хаубици и повеќе артилериска муниција.