Свет
Денес е Светски Ден на Здравјето
Под мотото “1000 градови – 1000 животи”, денес се обележува Светскиот ден на здравјето.
Под мотото “1000 градови – 1000 животи”, денес се обележува Светскиот ден на здравјето. Оваа година, Светскиот ден на здравјето, ја одбра темата за влијанието на урбанизацијата врз здравјето. Според Светската здравствена организација, оваа тема е избрана поради негативното влијание кое урбанизацијата го има врз нашето колективно здравје на глобално ниво, како и на сите нас поединечно. Целта е во градовите ширум светот во периодот од 7. до 11. април да се поттикне по пат на разни активности на јавните простори, размислувањето за ефектите на урбанизацијата, просперитетот кој таа го нуди и потешкотиите кои ги вклучува како: загадувањето на околината, пренаселеноста, несоодветната инфраструктура, недостапноста на здравствените услуги, лошата исхрана итн. Светскиот ден на здравјето, 7 април се прославува секоја година со што се одбележува и денот на основањето на Светската Здравствена Организација (СЗО). СЗО е посебна организација на Обединетите нации која делува како координативно тело на меѓународното јавно здравство. Седиштето на СЗО е во Женева, Швајцарија. Основана е на 7 април 1948 година од Обединетите нации. /крај/со/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Петчлено семејство загина во тешка сообраќајка кај Ушќе
Петчлено семејство вчера околу 13 часот и 10 минути загина во тешка сообраќајна несреќа кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, во судир учествувале патничко возило и борбено возило „ПАСАРС на српските вооружени сили.
Во патничкиот автомобил имало три деца, мајка и татко, јави РТС.
Министерството за одбрана соопшти дека борбеното возило на Војската на Србија се движело во правец на Рашка и било во колона под придружба на воената полиција
Регион
Повредени и загинати при судир на воено и цивилно возило на патот Краљево-Рашка
Борбено возило „ПАСАРС“ на војската на Србија денеска околу 13 часот и 10 минути се судрило со цивилно возило кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, соопшти Министерството за одбрана.
Борбеното возило – противвоздушен самооден артилериско-ракетен систем во колона под придружба на воената полиција се движело кон Рашка.
Според првите информации има повредени и загинати, се вели во соопштението на Министерството.
Европа
Вонредна состојба во Италија, поплавени се два региони
Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи.
Поројните врнежи предизвикаа поплавени патишта во двата региона. Вкупно, повеќе од 2.500 луѓе мораа да бидат евакуирани од своите домови. Зафатени се неколку градови, вклучувајќи ги Болоња, Модена и Равена, како и приморското одморалиште Римини на јадранскиот брег.