Свет
Посвоеното момче Артем Сејвлив е вратено во Москва

Малото момче Артем Сејвлив кој минатата година го посвои медицинска сестра Тори Ан-Хансен од Тенеси,беше вратен во Москва со порака во рацете која гласеше „Јас веќе не го сакам“.
Малото момче Артем Сејвлив кој минатата година го посвои медицинската сестра Тори Ан-Хансен од Тенеси,беше вратен во Москва со порака во рацете која гласеше „Јас веќе не го сакам“.
Момчето од Руското сиропиталиште, кое го смени своето името во Џастин Артиом Хансен по посвојувањето и доаѓањето во Америка,на аеродромот во Москва го дочекал туристички водич кому новата мајка Ан- Хансен му платила двесте долари да го однесе детето во полиција.
„Детето е насилно и има психички проблеми.Ме излажаа! Жалам што заради доброто на моето семејство, пријателите и себеси не сакам повеќе да му бидам мајка“, пишуваше во писмото кое со себе го носеше малиот Артем.
Русите револтирано ја демантираа оваа изјава, тврдејќи дека единствен проблем кај детето е тврдоглавоста и дека никогаш немале ваков безмилосен случај.
„Иако мајката го исфрли како вреќа компир,ние ќе се погрижиме за Артем“, изјавија од Москва.
Дваесет и шестгодишната медицинска сестра Ан Хасен има и биолошки син.
Биолошката мајка на Артем се грижела за него до шестата година. Потоа и бил одземен поради тоа што е алкохоличарка./крај/сан/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Каде исчезна човекот на Трамп за Украина: „Русите побараа да се исклучи“

Руски функционери им кажале на своите американски колеги дека не сакаат специјалниот претставник на Трамп за Украина и Русија, Кит Келог, да биде вклучен во дискусиите на највисоко ниво за завршување на војната во Украина, според американски функционер и друг извор запознаен со ова прашање.
Келог навистина отсуствуваше од некои состаноци на високо ниво во последниве недели, вклучувајќи го и состанокот на кој присуствуваа американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц и државниот секретар Марко Рубио со украинската делегација во Саудиска Арабија во вторникот. Келог не беше ниту на состанокот на високо ниво со Русите во Саудиска Арабија во февруари.
Ројтерс пишува дека не е веднаш јасно дали отсуството на Келог е поврзано со барањето на руските официјални лица и дека не е познато кога било поднесено спорното барање. Сепак, неименуван американски функционер тврди дека барањето не било исполнето и потсетува дека Келог испратил висок член на неговиот персонал, Ели Роснер, да присуствува на последниот саудиски состанок.
Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД Џејмс Хјуит нагласи дека Келог игра клучна улога во завршувањето на украинската војна. „Претседателот Трамп ги искористи талентите на неколку високи функционери на администрацијата за да помогне војната во Украина да се доведе до мирно решение“, истакна Хјуит.
Руската инвазија на Украина, започната во февруари 2022 година, остави стотици илјади мртви и повредени, раселени милиони луѓе, ги претвори градовите во урнатини и ја предизвика најострата конфронтација меѓу Москва и Западот во последните децении.
Свет
Орбан: Унгарија е подготвена да учествува во финансирањето на европската одбрана

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека земјата е подготвена да учествува во финансирањето на заедничката европска одбранбена политика, но дека се противи на задолжување од ЕУ за таа цел.
Ова прашање може да биде клучна тема на самитот на лидерите на ЕУ следната недела, каде се очекуваат „тешки“ преговори, изјави Орбан за државното радио, пренесе Блумберг.
Пратениците од партијата на Орбан вметнаа одредба во уставот со која е потребно двотретинско мнозинство во парламентот за да се одобри заедничкото финансирање од ЕУ.
Свет
Извори на АП: САД и Израел сакаат да ги преселат Палестинците од Газа во Африка

Соединетите Американски Држави и Израел контактирале со официјални лица од неколку источноафрикански земји со желба да ја искористат нивната територија за преселување на Палестинците од Газа, објави денеска Асошиејтед прес (АП), цитирајќи американски и израелски официјални лица.
Официјални лица во Судан, Сомалија и отцепениот регион Сомалиленд биле контактирани за предлогот, вели АП.
Суданските власти рекоа дека предлогот е отфрлен, додека оние од Сомалија и Сомалиленд рекоа дека не знаат за какви било контакти, додава агенцијата.
На почетокот на овој месец, арапските лидери усвоија египетски план за реконструкција за Газа, вреден 53 милијарди долари, со кој ќе се избегне раселување на Палестинците од енклавата, за разлика од визијата на американскиот претседател Доналд Трамп за „блискоисточна ривиера“.
Трамп предложи американско преземање на Газа за обнова на разурнатата енклава, откако претходно предложи Палестинците да бидат трајно раселени.
Планот на Трамп ги засили долгогодишните стравови на Палестинците дека трајно ќе бидат протерани од своите домови и наиде на широко меѓународно отфрлање.