Свет
Европски конгрес за заразни болести во Виена

Повеќе од 8.000 експерти за инфективни болести ќе учествуваат денеска на Европскиот конгрес за заразни болести (ECCMID), јавија светските медиуми.
Повеќе од 8.000 експерти за инфективни болести ќе учествуваат денеска на Европскиот конгрес за заразни болести (ECCMID), јавија светските медиуми.
На Конгресот ќе бидат разменети искуства, особено за новиот грип А-Х1Н1, за отпорноста на овој вирус на антибиотици и за придобивките на Интернетот во превенцијата на ширењето на заразни болести.
Во текот на дваесеттиот Европскиот конгрес за заразни болести експертите особено ќе обрнат внимание на намалувањето на ефикасноста на три типа на антибиотици во лекувањето на пневмонија.
“Мора да бидеме внимателни во определувањето на ефикасноста на антибактериските терапии бидејќи отпорноста на антибиотици е сериозна закана за населението и квалитетот на болничко лекување”, изјави италијанскиот микробиолог Џузепе Корнаља.
Експертите ќе се осврнат на проблемот околу контролата на ширењето на болеста во болниците како и на позитивниот ефект на Интернетот во пренесување на пораката за спречување на и контрола на пандемии./крај/хи/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Тројца пациенти од Кочани се примени во болница во Варна

Тројца повредени во пожарот во Кочани вчера се примени на Клиниката за изгореници при ВМА-Варна, јави Бгнес.
Тие беа пренесени во Варна со воениот авион Спартан, кој првично слета во Софија, каде што пет пациенти беа сместени во болницата Пирогов.
Бугарија се обврза на лекување на 14 повредени во пожарот во Кочани.
Во пожарот што избувна во дискотека во Кочани животот го загубија 59 лица.
Европа
Русија го објави главниот услов за мировните преговори: „Ќе бараме челични гаранции“

Рускиот заменик министер за надворешни работи Александар Грушко во изјава за рускиот медиум „Известија“ кажа дека Русија во мировните преговори ќе бара гаранции од земјите на НАТО дека нема да ја прифати Украина во својот сојуз, односно дека Украина мора да остане неутрална.
„Ќе бараме челичните безбедносни гаранции да станат дел од овој договор. Една од овие гаранции е неутралниот статус на Украина, односно одбивањето на земјите од НАТО да ја примат Украина во алијансата“, рече Грушко.
Заменик-шефот на руската дипломатија го повтори ставот на Кремљ дека се противи дури и на пристигнувањето војници од земјите-членки на НАТО во Украина како дел од меѓународните мировни сили, откако Франција и Велика Британија изразија подготвеност да испратат свои војници во мировна мисија која ќе го надгледува прекинот на огнот.
„Не е важно под која ознака силите на НАТО пристигнуваат во Украина: било да е тоа Европската унија, НАТО или националниот капацитет. Доколку се појават таму, тоа ќе значи дека тие се распоредени во зоната на конфликтот со сите последици за тие контингенти како страни во конфликтот“, рече Грушко, додавајќи:
„Можеме да зборуваме само за распоредување невооружени набљудувачи, цивилна мисија која ќе го надгледува спроведувањето на одредени аспекти од договорот или механизмите за гаранција откако ќе се постигне договор. Дотогаш, сето тоа е само воздух“, рече тој.
Свет
Медведев се заканува со војна со НАТО: Консултирајте се со Трамп

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев се закани со војна против НАТО доколку европските земји продолжат да инсистираат на своите планови за испраќање мировни сили во Украина.
Macron and Starmer are playing dumb. Time and again they are told that peacekeepers must be from non-NATO states. No, we will send tens of thousands – just lay it out – you want to give military aid to the neo-Nazis in Kiev. That means war with NATO. Consult with Trump, scumbags.
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) March 16, 2025
„Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер ‘се прават глупави’, напиша Медведев на Икс, кој е заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност.
„Постојано им се кажува дека мировниците мора да бидат од земји кои не се членки на НАТО“, напиша тој. „Сакате да им дадете воена помош на неонацистите во Киев. Тоа значи војна со НАТО. Консултирајте се со Трамп“, додаде тој.