Свет
Силен земјотрес во Кина, најмалку 300 мртви
Најмалку 300 луѓе загинаа во силниот земјотрес што ја погоди ноќеска северозападната кинеска провинција Чингаи, а билансот на мртви може да биде уште поголем, бидејќи многумина се под урнатините.
Најмалку 300 луѓе загинаа во силниот земјотрес што ја погоди ноќеска северозападната кинеска провинција Чингаи, а билансот на мртви може да биде уште поголем, бидејќи многумина се под урнатините. Земјотресот се случил во слабо населената планинска област во близина на Тибет и бил со јачина од 6,9 степени според американскиот Геофизички институт, додека кинеските експерти проценуваат дека силината била 7,1 степени. Новинската агенција Синхуа јавува дека голем број од куќите се урнати, патиштата пресечени од лизгање на земјиште, а телекомуникациските врски отежнати. Државните медиуми пренесуваат дека во земјотресот се повредени 8.000 луѓе. Земјотресот се случил во 1:49 часот по централно-европско време, на 380 километри јужно од градот Голмуд, во областа Јусу и на длабочина од 45 километри, наведува американскиот институт. По првиот удар по половина час следеле уште два потреса со помала јачина. Според Синхуа, урнати се повеќе од 85 отсто од куќите во близина на епицентарот. Во таа област живеат близу 80.000 луѓе. Областа е населена со селани и номади Монголи и Тибетанци, а богата е со резерви на јаглен, олово и бакар. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

