Свет
Најмалку 60 загинати во серија експлозии во Ирак
Најмалку 60 лица се загинати, а 115 се повредени во шест експлозии што денеска одекнаа на повеќе локации во Багдад, соопшти ирачката полиција.
Најмалку 60 лица се загинати, а 115 се повредени во шест експлозии што денеска одекнаа на повеќе локации во Багдад, соопшти ирачката полиција.
Мета на сите шест напади биле претставници на шиитската заедница. Најмногу жртви имало во двете експлозии, кои одекнале на пазарот во сиромашна населба во Багдад, населена со шиити, во кои загинале најмалку 39 лица.
Три експлозии одекнале во џамии за време на утринската молитва, при што загинале 13 лица.Полицијата соопшти дека во текот на денот пронашла седум неексплодирани бомби. /крај/б/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Како изгледаше вилата на Адам Броди од 6,5 милиони долари што ја проголта пожарот
Вилата во Лос Анџелес на актерот Адам Броди и неговата сопруга, актерката Лејтон Мистер изгоре во разорен шумски пожар во областа.
Вилата вредна 6,5 милиони долари била целосно уништена. Шокантните фотографии покажуваат како некогаш убавата семејна куќа е претворена во руина.
Изгорел покривот, а пламенот се проширил во сите простории. Искршени се прозорците, а од имотот излева чад.
Двојката ја купи вилата во 2019 година.
Адам и Лејтон ја купија вилата во 2019 година. Тие живееле таму со нивните две деца. Куќата имаше пет спални соби и шест бањи и се протегаше на три ката.
Погледнете како изгледаше куќата.
Свет
Џејмс Вудс заплака откако го загуби домот во пожар: „Еден ден пливате во базенот, а следниот ден сето тоа го нема“
Џејмс Вудс се расплака за време на вчерашното интервју за Си-Ен-Ен додека зборуваше за разорниот пожар во Пацифик Палисадес, Лос Анџелес, кој го уништи неговиот дом.
„Нашата прекрасна мала куќа“, рече тој, објаснувајќи како со неговата сопруга Сара Милер-Вудс поминале голем дел од пандемијата „Ковид-19“ живеејќи во хотел додека нивната куќа била реновирана. Во реновираниот простор се вратиле минатиот месец.
Мислев дека ќе бидам посилен од ова, изјави 77-годишниот актер, кој во текот на интервјуто неколку пати се расплака, зборувајќи за ужасната ситуација во неговото соседство.
„Еден ден пливате во базенот, а следниот ден сето тоа го нема“, рече Вудс, говорејќи во етерот со водителката на Си-Ен-Ен, Памела Браун.
Sara’s eight-year-old niece offered her Yeti piggy bank to help us.
Some things will make a grown man cry.
— James Woods (@RealJamesWoods) January 8, 2025
„Некои работи ќе расплачат дури и возрасен маж“, напиша тој на „Икс“. Вудс емитуваше видео во живо од пожар во близина на неговиот дом на „Икс“ и објави дека пламенот беснее низ куќата на соседот. Неколку часа подоцна, тој открил дека детекторите за чад во неговата куќа испраќаат сигнали до неговиот телефон, што значело дека пожар го зафатил неговиот имот.
I took this last night from our beautiful little home in the Palisades. Now all the fire alarms are going off at once remotely.
It tests your soul, losing everything at once, I must say. pic.twitter.com/nH0mLpxz5C
— James Woods (@RealJamesWoods) January 8, 2025
„Не можев да верувам дека нашиот убав мал дом траеше толку кратко. Чувството е како да изгубиме некој близок“, напиша тој на „Икс“, додавајќи: „Тоа ја тестира вашата душа, губите сè одеднаш“.
Свет
Медведев: Со Трамп сигурно нема да биде досадно
Дмитри Медведев, заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност и еден од најблиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека е малку веројатно украинската криза брзо да се реши, дури и со посредство на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
„Не знам што Трамп ќе може да постигне за време на неговиот втор мандат, но едно е сигурно, тоа нема да биде досадно од самиот почеток. Брзото решавање на украинскиот конфликт изгледа малку веројатно, додека американската економија продолжува да расте со бавно темпо, а ниту борбата против имиграцијата не ветува многу успеси“, напиша Медведев на Телеграм.
Коментирајќи ги контроверзните предлози на Трамп, Медведев рече дека е тешко да се поверува дека идеите како што се припојување на Гренланд и Канада кон САД се сериозни. Според него, Трамп се обидува да го преобликува светот според сопствената визија и да го претвори монотониот глобус во нешто шарено и впечатливо.
„Овие идеи не се ништо повеќе од диви и нереални шпекулации“, нагласи Медведев.
Тој иронично додаде дека Трамп може да смета дека целиот континент им припаѓа на САД со преземање на Канада, додека Гренланд го гледа само како „огромно парче земја“ што би ѝ припаднало на Америка.